Родољуб Анастасов е единствениот уметник од регионот што влезе во енциклопедијата „Големите умови на 21 век“, која ја издаде Американскиот биографски институт од Северна Каролина, САД. На една и пол страница се претставени биографијата и творештвото на Анастасов, еден од најистакнатите претставници на македонската современа уметност. Текстот почнува со неговите зборови: „Откако можам да се сетам, отсекогаш ја слушам само мојата душа“.
Во изданието се застапени ликовите и делата на Винстон Черчил, Марк Твен, Мајка Тереза, Стивен Спилберг, Лучано Павароти, Јован Павле Втори, Нелсон Мандела, Џон Ленон, Далај Лама и многу други што придонесле во општеството и развојот на денешната цивилизација.
Лондон, 16 октомври (МИА) - Речиси на една милијарда луѓе во светот им се заканува глад, смета британската невладина организација Оксфам во извештај публикува денеска на светскиот Ден на храната.
Во него се додава дека инфлацијата на цените на основните прехранбени продукти доведе оваа година до глад на дополнителни 119 милиони луѓе во светот.
Вкупно 967 милиони луѓе во светот страдаат од неухранетост, а најтешка е состојбата во Гватемала каде цената на житото се зголемила за 300 отсто.
Во Камбоџа и Филипини цената на брашното и оризот е двојно повисока, се додава во извештајот.
Во друг извештај на невладината организација Кеар интернешнал се наведува дека на 17 милиони жители на Африканскиот рог им се заканува глад. Од нив 6,4 милиони се во Етиопија и во половина од Сомалија. зш/7:35
Македонскиот уметник Родољуб Анастасов е вклучен во книгата "Големите умови на 21. век" во издание на Американскиот биографски институт - Едиција 2006/2007. Неговото претставување во книгата започнува со неговата реченица: "Откога паметам јас отсекогаш сум ја слушал само мојата душа". Во книгата е наведено дека секоја од неговите слики е животно дело...
Родољуб Анастасов е роден во Скопје во 1935 година, работел како професор по сликарство на Ликовната академија во Скопје.
Извор: Вечер