Родољуб Анастасов е единствениот уметник од регионот што влезе во енциклопедијата „Големите умови на 21 век“, која ја издаде Американскиот биографски институт од Северна Каролина, САД. На една и пол страница се претставени биографијата и творештвото на Анастасов, еден од најистакнатите претставници на македонската современа уметност. Текстот почнува со неговите зборови: „Откако можам да се сетам, отсекогаш ја слушам само мојата душа“.
Во изданието се застапени ликовите и делата на Винстон Черчил, Марк Твен, Мајка Тереза, Стивен Спилберг, Лучано Павароти, Јован Павле Втори, Нелсон Мандела, Џон Ленон, Далај Лама и многу други што придонесле во општеството и развојот на денешната цивилизација.