О човеку, толку ли ти е тешко да не му го правиш на другиот, она што не сакаш да ти го прават тебе? И уште полошо, она што го правиш, што ми го исмеваш моето право на вера, да го продаваш како промоција и борба за твоите права?
Или само твоите права останаа нерешени на овој свет?
Ќе оздравиме, но не кога дополнително ќе ја прошириме колективната замаеност, туку кога ќе му се вратиме на разумот, на братската соборност во Градината на сите, кога ќе оздравиме од опсесивната потрага по изолираност и издвојување. Само тогаш убавината ќе ни дојде на гости! Надвор од главната сцена, а поблиску до сите тајни.
Парата е над сите религии, дури и над паганизмот во овој случај. А добрата реклама и желбата да бидеме "ИН" и во тек со сите светски мас прослави, кога веќе Дедо Мраз ни го донесе пред многу години од Лапонија, карневалите од Рио, зошто не би го донеле и Џек фенерџијата.
Па тоа е само забава, ќе речат во образованието, оние кои не знам дали по наставна програма
Диктатурата не е само држење на еден народ во ропство со оружје, туку и замолчувањето на оние што мислат различно, па колку и да не биле во право.
Придружете се на едната страна и ќе бидете нападнати и замолчени, придружете се на другата, па ќе жалите што не ќе ви се дава можност да кажете и вие утре дека може да размислувате
Порано, без регуларно лекарско (психијатриско) уверение не можевте да полагате ни возачки испит за управување автомобил, а денес, без лекарско уверение можете да управувате и со држава и со народ, и со партија и со полна училница или амфитеатар. Тоа е така не само кај нас туку и на глобално ниво. Никој не прашува дали сте ментално здрав, сите прашуваат што сте по
Ако некој тогаш, во тој септември пред дваесет и три години ми кажеше дека по дванаесет години сепак Милан Кундера ќе седи спроти мене и ќе ме праша – зошто сум ги позајмил имињата на неговите ликови, сигурно ќе мислев дека човекот има смисла за фантастика. Но ете, јас, дванаесет години подоцна сепак седев спроти Кундера,
Пред две-три седмици, во колумната „Природна неприродност“ напишав: „Во САД некој повторно влетал некаде и застрелал луѓе како зајаци со сачмарка. Нема ден некој да не влезе во некое училиште и да не убие дузина професори и ученици. Интересно е што, и покрај осудата на ’ужасот’, никогаш за таков чин не се користи зборот ’ненормално’. И секогаш првата реченица во
Така деновиве си спомнавме и за страдањата на Христа и за неговото Воскресение. Скоро два милениуми повторуваме секоја година, но ретко учиме да им проштеваме на непријателите, а самиот Христос го замоли Отецот Небесен, да им прости на оние коишто го предадоа и го распнаа. Со спомнувањето на Воскресението секој Велигден и секоја недела, повторувајќи многупати, требаше да научиме да не го користиме прашањето:
Од осамостојувањето на Р Македонија во 1991 година, сведоци сме на процес на дезинтеграција на македонскиот народ врз религиско начело. Вероисповедта или конфесијата се користи како повод за создавање не само нови верски заедници туку и нови етнорелигиски идентитети (заедници, народ). Тој нов етнорелигиски идентитет дури стекна одредена политичка улога, затоа што беше повод за одредени развојни политики.
Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!) способни само за дрпни-лапни, без разлика дали се колнете во чесниот крст или во чесната полумесечина? Тешко им на писмените меѓу вас! Кои сте бре вие, за кои Македонија е само добро платена хонорарна работичка, part time job што треба да ја одработите за вашите партиски и глобалистички газди,
- Госпоѓооо, знаете што добивте? Фрустрации, госпоѓо, фрустрации. Порано бевте госпоѓи, ве зимавме, враќавме, дома во 3, ручек. Ќе одморевте, кафе со комшиВката, фризер и слично. Сега сами возите, сВе некаде идете, сВе нешто се м'кнете и сВе сте бе нешто нервозни. Затоа, госпоѓо, фрустрации. Тоа добивте.
Треба да знаеме дека секоја од овие серии која не подлежи на сериозна критика, и која не носи некоја порака која би нѐ натерала да се преиспитаме себе во своите постапки, не може да се смета за никакво културно достигнување, бидејќи станува збор само за инфлација на ТВ и филмската индустрија, која е далеку од она што го подразбира филмската уметност.
Да, таму сум со семејството, кое навистина ми дава неверојатна сила. Можеби звучи како флоскула, но јас не би го издржал овој живот да го немам тој вид на внатрешна мотивација.
Ако се запрашаш, а ќе се запрашаш кога тогаш, треба ли човек да е добар со сите, ти знај дека треба да се обидеш човечки да бидеш добар со сите. И обиди се секому да помогнеш. Во помошта не се гледа на вера, нација, а уште помалку партија. Многу пати ќе се изгориш и пак сам ќе се запрашаш, та треба ли да продолжам. Не се обесхрабрувај!
Мрежното другарство започнува како предлог, како помисла која стигнува на е-маил адресата, дали сакате да се логирате т.е. вмрежите? И ако има слободна согласност продолжуваме со климањето на главата преку тастатурата, а понатаму онаа мудра алатка наречена андроид, културна на ниво, љубезно те прашува, дали сакате да овозможите пристап до вашиот телефон, преносен уред, статичен компјутер,
Се прашувам: Дали е чесно и православно постојано да се зборува за жигот на антихристот, а ни малку да не се зборува за печатат на Христос? Можно ли е некои духовници постојано да сеат страв за доаѓањето на антихристот и да не ги подготвува Христијаните за да се запечатат со печатот на живиот Христос?
Пеевме во тоа време и растевме чекајќи го денот и сонцето на слободата. Не дека не бевме слободни де, ама набилданиот патриотизам од крајот на осумдесетите ни будеше револуцинерен дух дека може и послободни да сме. Го чекаа сонцето и живееја чекајќи и оние кои се бореле за слобода на Македонија во втората светска војна и оние кои го мразеа системот но, не и татковината.
Во човечкото живеење денес се појавија многу проблеми. Повеќето од нив се израз на нарушените односи меѓу луѓето. Најчето се предизвикани од негативните човечки дела со кои човекот несвесно или свесно предизвикува лоши состојби. Но, тука се и погрешните политички системи од минатото. Со цел да ги остварат своите цели се повредувала правдината на животот.
Понекогаш размислувам дека во етерот има уште место за мои текстови.
Понекогаш мислам дека ако престанам да пишувам моето место ќе го заземе некој подобар и попаметен пишувач и сум спремен да ме снема од етерот.
Понекогаш се плашам дека ако престанам да пишувам некој полош ќе го заземе мојот простор и пак, се фаќам за тастатура.