о.ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ
Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем, пославен, побогат и поживотен, но благодарноста ќе ги направи луѓето и поголеми, и помоќни, и пославни, и побогати, и, што е најважно - вистински живи.


Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што ја креира и преку внатрешната навика, постојано да им судиме и да ги осудуваме другите, а себеси да се самооправдуваме;
“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и приврeмeнo пoнижувањe, а грeвoт кoн нeпoвратнo и вeчнo пoнижувањe.
Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.
Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно демоноопседнатите, сепак можеа слободно да одлучат дали ќе го прифатат Христос и
Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат до состојба да бидат манипулирани, и живеејќи и дејствувајќи со таква аномалија ги нарушуваат моралните принципи
„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“
За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и кон Света Гора. Што значи тоа? Да се раѓаат духовни чеда - носители и сведоци на тоа Предание.
Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од страстите, преку молитвено насочување на енергијата на својот ум кон своето срце и Царството Небесно и Бог ,
Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш игуменот: „Биди подготвен за секоја тага - и ќе избегнеш секоја тага.“
„Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето храмот се градеше цели 13 години. Последниот повик на Македонската православна црква пред неколку години општествено одговорни личности...
Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во Бог, тогаш молитвата, проземена од Духот, се кажува во покајание; и го чисти, го отвора и духовно го проширува нашето срце.
Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во оваа приказна, свадбата, всушност, го претставува царството Божјо, а царевиот син е Синот Божји кој ги кани луѓето на вечна веселба.
Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe вeли благoдатта на Духoт, туку Духoт, бидeјќи благoдатта на Духoт e на вeрнитe луѓe, а на Нeгo e самиoт Дух, какo штo и сe пoкажалo на рeката Јoрдан. Духoт e свeдoк на Синoт и ниeдeн мoмeнт Синoт нe бил бeз Духoт.
Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица:
Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може да се случи наше преобразување. Не може создадено да преобрази создадено.
Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како изгубени овци, кои немаат пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души (1 Птр. 2, 24–25).
























