логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Naum.na.Lit84

Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот


           Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што ја креира и преку внатрешната навика, постојано да им судиме и да ги осудуваме другите, а себеси да се самооправдуваме; но клучниот момент што го чека за да почне со преземањето е доволната чистота на енергијата на нашиот ум, односно „гледањето“ на првата светлина, а кон тоа многу допринесува и повлекувањето, т.е. криењето на првата благодат – и последиците од тоа.
Да дообјаснам; штом човек почне да оди на црква, односно, штом првпат се исповеда и се причести, тогаш, под дејство на првата благодат – што ја добива од Бог, него сите и сѐ му изгледаат свети и убави, и сите Божји заповеди ги исполнува со радост и леснотија. Во меѓувреме, низ целиот тој процес, енергијата на умот почнува да се просветлува и човек почнува да ја гледа умно првата Божја светлина, која му е дадена да ги согледа своите слабости, недостатоци, отпаднатост и оддалеченост од совршениот Бог и Отец, а не – слабостите на другите. Значи, тука не се работи толку за вистинско гледање на светлина, туку повеќе за знаење - што е добро, а што лошо, како и за сила за извршување на доброто и чување на себеси од злото.
Но, Бог не сака од нас да направи наемници, туку деца Божји по благодат, затоа во еден момент ја повлекува, т.е. сокрива од нас првата благодат за да нѐ научи да градиме слободен и љубовен однос со Него како деца Божји – без интерес, а не да работиме за Него од интерес. Од овој момент, ако ние се покажеме како лекоумни – како оние што градат наемнички или робовски однос со Бог, а не како деца Божји, и истовремено ако немаме опитен духовен отец да нѐ поучи, во голема опасност сме демонот да го почне преземањето на нашиот разум и да почне тој „духовно“ да нѐ раководи.
Затоа и првиот наш подвиг во Црквата треба да биде: ставање на умот во процес на исцеление, преку послушание на нашиот духовен отец, како и молитвено насочување на енергијата на нашиот ум кон нашиот духовен центар – срцето, сѐ до отворање на срцето за умно-срдечната молитва. Дотогаш, во однос на луѓето остануваме во подвиг на држење на последното место, т.е. слуги на сите и виновни за сѐ, во анонимност и туѓинување. Дури и да немаме опитен духовен отец, правилниот однос кон Бог и останатиот дел од подвигот го чуваат нашиот разум од демонско преземање.
Како најлесно го препознаваме демонското преземање на нашиот разум? Воглавно по тоа што знаењето што ни останало од првото гледање на светлината го користиме за судење и осудување на другите, прво - во себе, па - пред потесен круг на луѓе, и на крај - јавно; и што е посебен показател - превидувајќи ги сите евангелски и црковни инстанци пропишани во случај на нечија стварна или привидна грешка; истовремено стремејќи се кон автопромоција. Ова е опис на развој на активната религиозна социопатија. Главната алатка што демонот ја користи за распространување и развивање на религиозната социопатија – пред сѐ активна, но и пасивна, се социјалните мрежи. Потоа, човек, вообичаено, го прекинува подвигот на суштинско послушание пред да го добие дарот на умно-срдечната молитва, а често и сите останати телесни подвизи; но, телесните подвизи и да продолжат, надвор од подвигот на послушанието, тие се само дополнителен поттик за развој на религиозната социопатија. Судењето и осудувањето на другите, а самооправдувањето на себеси, се двете страни на една и иста демоноопседнатост.
И уште нешто; религиозната социопатија вообичаено е незабележлива кај оние што имаат високи позиции и чинови - за неопитните, но затоа е забележлива кај оние што немаат – и за неопитните. Едно е да се себепроектираш во другиот, а потоа да ја компензираш – со негово озборување и осудување, во тесни кругови, својата духовна сиромаштија; друго е, на ист начин, но сега јавно, да ја компензираш својата севкупна сиромаштија – и духовна, и социјална и материјална, и естетска итн. Затоа, нема друго решение, или духовниот отец, како и воспоставениот светоотечки поредок – на восогласување, нѐ водат кон отворањето на срцето и дарот на умно-срдечната молитва или демонот нѐ води кон религиозна социопатија – активна или пасивна.
Денешното евангелие е одличен показател како религиозниот социопат ги користи црковниот ред и правила за судење и осудување на другите, наместо за нивно спасение.
Религиозните социопати не се луѓе на кои треба да им се лутиме или да ги исмеваме, тоа се луѓе за кои треба да ни е жал и за кои треба да се молиме – свесни и за сопствената одговорност за нивната состојба; тоа се луѓе чиј разум е дефинитивно преземен од демоните. Секако, Црквата треба да го ограничи нивното штетно делување.
Со ова што го кажувам, сега, сакам да објаснам како се одвива процесот во кој нашиот разум бива преземен од демонскиот и како еден човек станува религиозен социопат; не дека имам сила некого од таквите да исправам, но знам дека имам доволно сила, мнозина од недоопфатените што ќе го прочитаат напишаното, да ги спасам од тоа зло, од таквиот вид демоноопседнатост; или, барем, да ги освестам за опасноста што постои – додека уште има време. Најголем успех на демонот е кога ќе нѐ убеди дека со нас е сѐ во ред, дека не сме во никаква прелест.


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички г. Наум

 2025

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2262
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2543
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4807
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/12/2025 -среда

Божикен пост; (на масло)

+Св. великомаченичка Варвара; Св. Јован Дамаскин; Св. Генадиј, архиепископ Новгородски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец наш Сава Oсветен  18 декември/5 декември 2025

Тропар на преподобниот отец наш Сава Oсветен 18 декември/5 декември 2025

Пастиру Христов, оче свети,Саво преподобен, славословие наТивката Светлина Христова,Ти кој Господа го прослави во светата земја,а целата вселена се напои...

Тропар на светиот Божји пророк Софониј 16 декември/ 2025 декември

Тропар на светиот Божји пророк Софониј 16 декември/ 2025 декември

Смирението твое о, Божји пророче,умот кон висините Господови го подигнао, Софоние ти кој ја виде мерзоставо светите места,на сето тоа...

Тропар на светиот Божји пророк Авакум  15 декември/2 декември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Авакум 15 декември/2 декември 2025

Угодниче Божји, пророче свети Авакуме,преку тебе во тело како без тело, пренесана беше видливо помошта,за оној кој на Бога угодува. Mоли...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная