логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

МИЛАН АНДОВ

Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото

Мала Станица 28 мај 2026, 20 ч

Пред сѐ, ме фасцинираат делата на Франсис Бејкон – најблиску се наоѓам некако до неговиот начин на работа, размислување, до неговиот сензибилитет.*Милан АндовСо особено задоволство најавуваме отворање на изложба со наслов „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ на академскиот уметник Милан Андов, во мултимедијалниот центар Мала станица. На отворањето на 28 мај 2026 (четврток), во 20 ч ќе присуствува директорот на Националната галерија, г-дин Али Синани, потоа за творештвото на авторот ќе зборува Александра Зиновски Вилиќ, куратор на изложбата, а за отворена ќе ја прогласи виш кустос и програмски раководител, Маја Крстевска.


Времето во кое живееме е време на глобални кризи – политички, воени, економски, културни, кризи кои секојдневно се продлабочуваат. Секојдневието станува сѐ понеизвесно, понепредвидливо и понесигурно. Оттука, немирот кој се всадува во човекот започнува да го преобразува не само неговиот надворешен лик туку, уште повеќе, внатрешноста на телото.Уништувањето, дехуманизацијата и распаѓањето на човекот како единка е застапена тема во уметноста, особено во 20 и во 21 век, одразувајќи ги траумите од војните, технолошкиот напредок и отуѓувањето во современото општество.

Уметноста претставува огледало на овие процеси и не само што го констатира уништувањето, туку честопати служи и како критика на општествените процеси кои водат кон губење на човечкото достоинство.Дехуманизацијата, како процес на преиспитување, анализирање, како наше лично искуство, е присутна со години во творештвото на Милан Андов, па оттаму потекнува и овој циклус на дела преточен во изложба. Токму ова е темата којашто го преокупира интересот на Андов повеќе од две децении. Тој смело ја проблематизира „грижата“, т.е. „негрижата“ кон севкупното живеење на човекот. Се чини дека таа воопшто и не постои.

Напротив, во истиот момент кога тој нема што да понуди, ќе биде отфрлен, заборавен на маргините на општеството. Во таквата тешка состојба човекот станува општествен товар за кој никој нема интерес. Брутално искрен во експресивното претставување на физичката, но уште повеќе на духовната состојба на насликаниот лик, Андов нѐ насочува кон размисла за секојдневието кое го разобличува.Основен мотив во сликарството на Милан Андов е човечката фигура, како машка така и женска. Фигурите се сместени во празен, оголен, недефиниран простор (може да биде кој било), но авторот е многу повеќе окупиран со анализа на самото тело.

Фигурите како да се сместени во тој празен простор по измачување, разобличување, черечење. Вака раскинатото тело станува лајтмотив во неговите слики. Спонтано, со брзи потези ја нанесува бојата со четка на платно. Масло или комбинирано масло и акрилик на платно се основните техники што ги користи во сликарството. Под тензијата на внатрешните чувства, ликовите стануваат деформирани, дисторзирани, а нивната експресивност кулминира во очите ококорени со нереален стаклест сјај, опишувајќи го внатрешниот немир

.Еден од главните пристапи преку кои Андов ја прикажува дехуманизацијата на човекот е претставувањето на изобличените тела кои ги губат својата форма и идентитет, што ја симболизира внатрешната болка, немирот, стравот. Телото, како резултат на немирот, го губи својот „нормален“ изглед и се трансформира во една човеколика форма која кај набљудувачот предизвикува измешани емоции. Фигурите се поставени во недефиниран простор (кој авторот го решава со боени плохи и на тој начин ги поместува во преден план), тие лебдат и се извиваат, едно тело се дели на две, од едно тело се појавуваат повеќе екстремитети, главата се одделува од телото. Пренапрегнатата мускулатура дополнително ја зголемува перцепцијата на агонијата во која се наоѓаат претставените ликови и сугерираат распаѓање на човековото тело и на неговата душа.Андов е сликар кој одлично ја познава анатомијата на човековото тело, што особено успешно го користи во сликањето на своите ликови. Со пренагласување на мускулатурата, а не со анатомска прецизност, создава надреална, трансформирана, оддалечена трансцендентална реалност во која се наоѓаат ликовите со силно изразени емоции, духовно растројство, безизлезност.

За да ги разбереме делата на Андов, треба прво да го разбереме контекстот, а тоа е состојбата на времето и општеството во кое живееме. Она што ја карактеризира денешницата се развојот на новите технологии и сеприсутниот консумеризам, кои постојано нѐ одржуваат во една состојба на себепреиспитување. Консумеризмот секојдневно сѐ повеќе се шири, со што се губи тежнеењето кон промовирање на хуманистичките и духовните вредности. Емпатија, сочувство, хуманост се поимите за кои сѐ повеќе се говори, но во секојдневието се сѐ помалку присутни.

Овие дела од творештвото на Андов претставуваат критика на општеството, кое станува индиферентно кон опстојувањето на човекот, и одраз на стварноста преку деформација. Ваквиот наратив недвосмислено нѐ води во светот на вистината, темните агли, невидливите пространства кои се затскриваат зад убавото, нашминканото и среќното.При првата средба со ликовите на насликаните дела, остануваме занемени. Занемени од што? Се прашуваме дали тоа чувство е страв, вознемиреност, одбивност. Се прашуваме кои се тие ликови без лице, тела со деформирани екстремитети, човечки битија кои се деформираат и се стремат да станат нешто сосема поразлично од човек. Или сме можеби тоа – ние?Александра Зиновски-Вилиќ, кураторИзложбата ќе биде пoставена до 28 јуни 2026 година.

Биографија

Mилан Андов е роден во 1974 година во Скопје. Завршува Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот Графика и графички техники. Студира и дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во класата на професорот Димче Николов на отсекот Графички техники и графички дизајн. Покажува извонреден талент и интерес особено за цртање и сликање, за што добива награди во раните фази на неговите студии.

За резултатите од студиите добива и две стипендии. Дипломира во 2005 година.

Самостојни изложби:2012 – Дипломатски клуб, Скопје – избрани дела 2013 – Младински културен центар, слики од циклусот „Лицаконфронтации“, Скопје2014 – „Галерија 8“, Стара чаршија во Скопје, дела од циклусот „ТRANSFERENCE“ 1 дел2014 – „Прима центар Берлин“, Берлин, дела од циклусот „TRANSFERENCE“ 2 дел2017 – „TREMOLO“ во Музеј на модерна уметност, Ереван, Ерменија2018 – „Арт хаб“ во Абу Даби, ОАЕ.Групни изложби:2014 – FLUX, во фабриката RAG, Лондон2015 – FLUX, на Кралскиот колеџ за уметност, Кенсингтон, Лондон2017 – „TREMOLO“, во Музејот на модерна уметност, Ереван, Ерменија2018 – „Арт хаб“ во Абу Даби, ОАЕУчесник е на голем број групни изложби, ликовни колонии, ликовни случувања.Награди:1998 – Награда „Драгутин Аврамовски-Гуте“ за најдобро графичко дело2012 – Откупна награда на Годишната изложба на акварел во Скопје2013 – Награда „Лазар Личеноски“ на Годишната изложба за сликарство на ДЛУМ2014 – Награда за млад уметник во Галерија „Остен“2018 – Награда „Златен остен“во Галерија „Остен“

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная