логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.gavril.lesnovski.jpg
 

ВОВЕД ЗА ПОСТОТ

Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај - да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување.


"Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили" (лукавиот и неговите црни ангели) (Матеј 17, 21; Ефес. 6,12), неопходно средство за стремеж на човекот кон духовно совршенство, надежна сила за давање отпор во духовната немоќ и благодатна ризница за постигнување на крајната и врвна цел на христијанскиот живот - светост и спасение во Господа.


Во Стариот Завет имаме многу примери за пост: светиот пророк Мојсеј Боговидец постел 40 дена и 40 ноќи (2. Мој. 34, 28) за да се подготви да ги прими Десетте Божји заповеди; светиот пророк Илија со строг пост, духовна чистота и голема ревност за Господа се удостои да ја види Божјата слава (3. Цар. 16, 4-13), а, пак, светиот Јован Крстител е познат како најголем и најстрог испосник. Воопшто, сите праведници постот го запазувале во помала или поголема мерка.


Самиот Господ Исус Христос се подготвил за сеопшто служење и за искупителниот подвиг преку 40-дневен пост (Матеј 4, 2). Во проповедта на планината Он ги учел своите последователи каков треба да биде вистинскиот пост: "Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно" (Матеј 6,16-18).


Оние кои поверувале во Христа започнале да постат уште во времето на апостолите. Првите христијани постеле строго, често и продолжително, за да се подготват подобро за богоугодни подвизи. Во првите векови христијаните постеле не во определено време, туку кога сакале и колку сакале.
Во четвртиот век наоѓаме правила и одредби не само за постоечките, Велигденскиот и Петровденскиот пост, туку и за Божикниот и Богородичниот пост. Четирите поста биле прилагодени кон четирите годишни времиња.


Суштината на христијанскиот пост не е умртвување на телото, како што погрешно се мисли, туку умртвување на гревот во нас, зашто гревот предизвикува пропаѓање и смрт. Закрепнувајќи ја волјата, постот му дава можност на духот да владее со телото.


Кога христијанинот пости треба да се откаже од секакви светски веселби и задоволства, од посетување на места каде што е возможно да згреши со помисла, збор или со поглед. Воопшто, треба да се стремиме, колку е можно повеќе, поголем дел од мислите да Му ги посветиме на Бога и на тајната умносрдечна молитва.

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

(продолжува)

Издавач: Ставропигијален манастир Гаврил Лесновски, епископ Велички

 

Друго:


МАНАСТИРСКИ ПОСНИ РЕЦЕПТИ 

http://www.pravmir.ru/cat_index_180.html

Друго:

Житие на о.Гаврил Светогорец еп. Велички ( почеток и крај)
Otec Gavril·Tuesday, 11 January 2011
 
 За жал лично не сум го запознал  иако сме биле соседи.Неговата куќа беше веднаш под нашата. Иако не е оправдание, живеевме во едно богоборечко  отпадничко општество и ние тоа го наследивме. Меѓутоа Божјата милост се пројавува на разни начини и таа продејствува во мене да дојдам во допир со Бога и се покајам за сиот мој поранешен живот (а можеби тоа беше и по неговите молитви?) Откако почнав да одам на Црква и да постам, да читам духовна литература и си каширам икончиња често го слушав подбивните зборови „друг Мијасче“, а со кој Мијалче ме споредуваа, незнаев. Нашиот број на куќата беше 14, неговиот 10 а на 12 седеа дедо Ѓорги и баба Г’лба. Тие не ми беа крвни дедо и баба но ме одгледаа како дете и многу ги сакав и почитував. Подоцна дедо Ѓорги се упокои и остана сама баба Г'лба, а ние се иселивме од таа куќа. Но мојата почит кон нив не престана и кога можев одев да ги посетувам. И кога појдов на Теолошки факултет во Скопје и се вракав за викендите во мојот Штип не престанав да ја посетувам баба Г’лба. Веќе бев друг човек и  пред се беа за верата, зашто тие иако живееја во комунистичко општество, а дедо Ѓорги беше и на некое раководно место, тие пак си одеа на по цркви и манастири. Сега веќе бев разбрал и за дедо Гаврил и многу го бев засакал и скоро сите мои разговори со другите беа за дедо Гаврил и св.Јован Крончтадски, кои најмногу ги сакав. Во една таква посета на баба Г’лба ја прашав нешто да ми каже за него. И така таа во почна да ги меша имињата Гаврил и Мијалче и до еден момент кога мене во главата ми светна мисла и ја прашав. Бабо, Мијалче и дедо Гаврил иста личност ли се? Да, беше одговорот. Тогаш сфатив дека за дедо Гаврил,како што го викавме сите, бев слушал уште од моите родители и ме огреае една голема радост и милина во душата.
 
Тие беа стара позната штипска фамилија и биле вајари. Сите уметнички скулптури и споменици во Штип и околината беа направени од нив. Еднаш и мојот татко го викнале да им помага. Мијалче или о.Гаврил подоцна од секогаш бил мирен и повлечен но истовремено и напреден и современ. Тој во Штип го имал првото популарно Фиќо. Она што веќе го имам пишувано во скратено то житие за него нема да го споменувам да не се повторува, туку само она што не е запишано во него. Памтам од моите родители дека кога о.Гаврил во 1971 година се вратил од Света Гора бил многу слаб и со стара несредена мантија. Тој привремено доагал да ги виде своите родители, а кога неговата мајка Горица, која била мислам родум од Кочани и многу благочестива, мирна и паметна женичка, починала го зел и неговиот татко во Лесновски манастир. Мајка ми ми кажуваше дека кога тој се вракал во неговата родна куќа ние децата љубопитно сме го загледувале и вртеле покрај него а тој не викал и ни давал бомбончиња. 
 
Со длабоко жалење кажувам дека не се секавам на неговиот лик и кога веке бев доволно возрасен да го сретнам и запознаам јас одев по други патишта и места од кои денес се срамувам и каам. А можев да го сретнам и запознаам...
 
Да не звучам суеверен но неговата куќа како да ми беше некако посебно мистична и кога тие ја напуштиле  и ја населија други влегував во неа и можам да си го составам сиот мозаик од моето фотопамтење и да се сетам на распоредот на собите и од кажувањата на баба ми да ја препознаам неговата соба. Тоа беше малечка, темна соба и веднаш до влезот на куќата. Бил повлечен и молчалив, многу ретко се пуштал во дискусии и не ретко се повлекувал во неговата соба.
 
 
На 12 Јануари се навршува 21 година од преселувањето од овој свет во вечносто Царство на блаженоупокоениот Гаврил Светогорец Епископ Велички.
На 28 Август 1995 Архимандрит Гаврил Парнаџиев бил хиротонисан за викарен Епископ на Архиепископот Гаврил со титулата еп. Велички. Наречението се случило на предходниот ден на 27 Август, а самата хиротонија на денот на Успението на Пресвета Богородица, која што тој многу ја почитувал, од страна на тогашниот митроплит Брегалнички Стефан, а денес Архиепископ на МПЦ – ОА и Митрополитот Преспанско Пелагониски Петар.
 
Неговиот избор за Владика бил долг и комплициран. Најнапред народот многу сакал дедо Гаврил да стане Владика, а некои од Синодот не мислеле така. Потоа Синодот го избрал, а тој не сакал, но заради послушание, прифатил. Кога веќе го прифатил неговиот избор за Епископ како Божја воја сакал да биде Тивериоплски (Струмички) бидејки таму народот бил многу верен, но кога сакале да го ракоположат во Охрид, избегал од самиот ден на хиротонијата. Иако од секогаш прибегнувал кон молчание во осаменост, тој бил хиротонисан за Владика во неговиот манастир.
 
Неговата хиротонија ја гледав на видео лента кога живеев во манастирот св. 15 Тиверипоолски маченици во Струмица. Самата Хиротонија беше преполна со возвишеност и емоции. Неговите солзи самите течеа, а тоа ги повлече и солзите на сите присутни во Црквата. Благодатта на Светиот Дух го исполнувала целиот храм. Во тоа време често ги набљудивав фреските во нашите Православни Хармови но никако неможев да сфатам зошто така ги сликаат. Но кога го видов о. Гаврил веднаш ми стана јасно. Слаб, исушен, впиено од пост лице, со изразени јаболкници, вдалбанати образи и истакнати веѓи...  Неговата тивка и продуховена фигура се одвојуваше од сите присутни и ми изгледаше како да слегнала од ѕидовите на црквата и е едено од тие светти Отци.
 
Кога го читаше исповеданието на верата, солзи се лееја од неговите крупни очи. Солзи потикнати од длабоко смирение дека не е достоен да го носи тој возвишен чин и благодарност за Божјата неизмерна љубов и милост. Меѓутоа тоа беа и еден друг вид на солзи. Тој знаел дека наскоро ќе ги напушти сите оние кои заради него дошле да се радуваат и дека ќе ги остави сираци, но и сакал затоа што веке поодмана се спремал за Ерусалим, како што тој си го нарекувал Цратсвото Божјо. Тој реално многу го сакал и земниот Ерусалим од каде имал повици да дојде и биде Игумен на скитот св. Герасим, но сега не бил во прашање земниот Ерусалим туку небесниот.
 
 Еднаш, кога едно негово духовно чедо дошло кај него го нашла сам во собата и со подготвено ковчеже, кое било скриено под чергата. Кога го пронашла ковчежето го пршала за каде се спрема, а тој и рекол дека ќе патува за Ерусдалим и не се враќа.
На денот на самата Хиротонија откако Светиот Дух слегнал преку рацете на Владиците Петар и Стефан врз главата на о.Гаврил, по отслужената Литургија, додека другите се подготвувале да го овековечат овој свет настан со заедничка фотографија, отец Гаврил се задржал во храмот и половина час неможел да ги собере солзите. Им рекол на малкумината што останале со него, “Вие ми дојдовте на погребение”, на што тие го укориле и рекле дека денес е денот радосен за сите и да не зборува така. “Не, не , вие денес ми дојдовте на погребение”,биле зборовите на о.Гаврил.
 
Потоа, вистина, искушенијата му зе зголемиле. Еден период го немало неколку денови во манастирот и еден од селаните, кој многу го сакал, се загрижил. Кога о.Гаврил се вратил му рекол дека се исплашил за него, а тој му одговорил дека Господ го чува и нема да допушти да му се случи нешто лошо.
 
Секавањето на смртта е најголемата философија според св. Василија Велики, затоа што таа мисла нас не чува од грев, не смирува, и живееме со надеж за спас, само кај човекољубивиот Бог. Посебен дар од Бога е кога ќе си го знаеме денот на нашата смрт. Тоа им се дава само на големите пропаведници како што бил и св. Гаврил светогорец еп. Велички. Тој си ја предвидел својата смртт и самиот си отслужил 40 заупокоени Литургии. На 40от ден се упокоил мирно во Господа.
 
Тој бил многу штедлив човек. Јас лично му ја разгледував книгата каде што водел финансиски евиденции. Тоа што некој од Македонија го трошиме за еден месец, во Австралија за една недела кај него било потрошувано за една година. Луѓето се чуделе кога виделе дека раскрева вреќи со грав и се што било потребно за да се направи ручек за неговото погребение. Никому не кажувал ништо. Само оставил едно ливче на кое пишувало “јадењето направете го без масло”. Гробот сам си го приготвил. Тоа била една обична рамна плоча и обичен од камен исклесан крст, додека гробот за татко му го направил по убав, кое што го искажувал неговиот карактер, благ и попустлив кон другите, а строг кон себе. Цел живот за себе оставал само колку што му било доволно да остане жив.
 
На 12 Јануари, со евангелието, кое постојано си го читал, и крстот на гради, а во раката со бројаницата на молитва, мирно си ја предал својата душа во Божјите раце. Бидејки го нашле мртов после некое време, требало да му ги трлаат колениците за да му ги исправат нозете и го положат во сандакот. На неговиот погреб, присуствувале неколку владици и многубројно свештенство. Бил погребан зад олтарниот дел на манастирот покрај својот телесен татко и духовен син о.Кирил.
 
А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а селаните кажуваат дека по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб.
 
 
На 12 јануари 1990-та година, во својата скромна ќелија во Лесновскиот манастир епископот Гаврил спокојно си отиде при Господа. На закопот присуствуваа илјадници верници, а беседа за него одржа г. Петар. “Поради неговата пламена љубов кон Бога и ближните, како и поради неговата самопожртвувана сеоданост кон православието, Господ Бог ќе го насели во своите предели, за да се моли и тој за нас, своите грешни чеда, пред Божјиот Престол...“ - ќе напише сегашниот поглавар на МПЦ, г.г. Стефан во делото на епископот Гаврил. Неуморните пастирски трудови ставија печат врз неговото немоќно тело, но тие не беа залудни. Средбата на многу души, кои талкаа и страдаа по овој свет, со неговите духовни книги беше пресудна. А колку повеќе може да се зборува за личните средби со него! Помеѓу многуте негови духовни чеда постојат и такви, кои тој ги вовел во верата, ги огласил со евангелските вистини и ги подготвил за свето Крштение. Има и такви, кои ги извлекол од калта на гревот и пороците. Некои од нив ги присоединил кон светата Православна Црква. Други, пак, ги упатил на спасителниот монашки пат.
 
Навистина, изобилни плодови тежат по гранките на земниот духовен живот на скапоцениот духовен отец, епископот Гаврил. Веруваме, дека поради неговата самопожртвувачка посветеност на светоотечкото православие, Господ Бог ќе го насели во Своите предели, за да се моли и тој за нас, своите грешни чеда, пред Божјиот престол.
Амин!
 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная