Какви злосторства извршија болшевиците за време на таканаречената „Руска револуција“?

Митрополитот Владимир (Богојавленски) бил извлечен надвор од ѕидините на Киевската лавра, застрелан и прободен со бајонети додека ги благословувал своите џелати.

Митрополитот Владимир (Богојавленски) бил извлечен надвор од ѕидините на Киевската лавра, застрелан и прободен со бајонети додека ги благословувал своите џелати.
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

1. Теологијата на Црквата за бракот произлегува од Светото Писмо, од учењето на Отците на Црквата и од одредбата за Светата Тајна Брак и се покажува јасно во чинот на тоа Таинство.
Целта на христијанскиот брак е да се создаде добра брачна заедница и семејство, да се одгледуваат деца како плодови на љубовта во Христос на двајцата сопружници и нивната поврзаност со црковниот живот.

Тоа не значи дека Господ ја предизвикува војната, туку, напротив, војната е неизбежна последица од човековото отфрлање на Неговата благодат, која е единственото нешто што може да ја држи под контрола омразата и злото, вклучувајќи ги и разорните војни. И големото страдање на кое сме веќе сведоци е само почеток.
Во нашиот храм „Свети Никола Чудотворец“ при Центарот за борба со туберкулоза, по правило Литургија се служи двапати, во текот на седмицата и во недела. Доаѓаат и пациенти, и поранешни болни за кои храмот станал родно место, како и медицински сестри.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 2 и 3 март оваа година, беше на поклонение на светињите во Великата Вселенска Патријаршија.
Нема потреба на Евангелието Христово, на Црквата Христова, да додаваме било што од некој поинаков светоглед, од некоја друга вера, бидејќи Црквата е повикана да го преобразува, а не да сообразува со светот. Понекогаш, во нашата желба да ја исполниме заповедта Христова, сите да ги љубиме, ние поаѓајќи од
Синодот утврди да се заблагодари на Господа Бога за оствареното врз канонските начела разрешување на прашањето на статусот на Православната црква во Северна Македонија и да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автокефална Црква-сестра, впишувајќи го името на нејзиниот Претстојател, Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан во свештените диптиси.
Како што соопшти прес секретарот на Пинежската добротворна организација Људмила Соснина, „локалните жители многу сакаа да имаат можност да се помолат и причестат во близина на своите домови, бидејќи до блискиот храм во Сосновка треба да се патува 15 километри, па дури и да се помине покрај река, а меѓу парохјаните има многу луѓе од поодмината возраст“.
— Преку дваесет и пет години мојата професионална активност е поврзана со објавување печатени дела. Сум работела како лектор и уредник во издавачки куќи, весници, списанија. Изминатите петнаесет години бев ангажирана во издавањето на духовна литература. Кога издавачката куќа „Апостол на верата“ ме повика да го уредам објавувањето на книгата од Малхаз Џинорија за светиот исповедник Гаврил Ургебадзе, јуродивиот...
Ден преполн со Таворската светлина и светлина за просветление на нови 52 млади Христијани, пишува сајтот Friends of the Bukoba Mission in Tanzania. Ова беше најубавиот ден во досегашната 11 месеци долга мисија, кој беше крунисан со преображенската благодат во манастирот на Светото Преображение во Букоба, на бреговите на езерото Викторија.
Благодарение на евангелската мисија на Албанската Православна Црква, постојано се зголемува бројот на Албанци кои се обраќаат кон Христа и кон Неговата света Црква. Подемот кој започна пред скоро две децении продолжува и сега. Според новото известување на Orthodoxia News Agency,
Додека свештениког го читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.
Епископ Варлаам, говорејќи пред црковната телевизија Тринитас, соопшти дека имињата на некои од најпознатите духовници во Романија од минатиот век се меѓу оние кои се предвидени за канонизација. Така, на пример, старецот Клеопа (Илие), о. Димитар Станилоае и старецот Герасим (Иску) треба да бидат прославени сред ликот на светиите.
Само на едно место на територијата на разурнатиот регион Чернобил, законите на природата ја изгубија својата сила – во црквата Свети Илија. За разлика од околината, во внатрешноста на sидовите на црквата, уредите за мерење на радиоактивноста покажуваат апсолутно дозволено ниво на зрачење, кое не се зголеми дури и во првите години по катастрофата.
„Со голема жалост ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Српски Иринеј. Српската Православна Црква и Православието во целост, во неговата личност имаа редок духовник, посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Тој достоинствено и смирено го носеше својот патријаршиски крст и крстот на своето духовно паство, и во сè се трудеше да се покаже за достоен наследник на своите претходници. Во овие тешки мигови за вашите Црква и народ, дозволете ми,
„Конечно по 100 години со благослов и менторство на нашиот сакан владика Макариј од Најроби, во епархијата во Најроби треба официјално да биде отворен првиот манастир“, пишува отец Методиј Кариуки, раководител на сиропиталиштето и училиштето „Свети Варнава“ во Јужен Кинангоп, Кенија.
Како што пишува отец Методиј, Архимандритот Јован 9 години работел на изградбата на манастирот посветен на Свети Мојсеј Мурин.
Сестрите од Архиепископијата во Темишвар при Романската Црква се собраа во неделата вечер да им помогнат на локалните болници во борбата против КОВИД-19 пандемијата.
За една вечер, тие сошија 2600 крпи за еднократна употреба, кои потоа беа дистрибуирани до одделот за интензивна нега на локалните болници.
Донесени беа 1400 крпи во локалната болница, а други 1200 во инфективната болница Виктор Бабеш.
Деновиве во тек е меѓународната теолошка конференција по повод 100 години од упокојувањето на св. Нектариј Егински. Многу почитуваниот и со бројни чуда прославениот Светија се родил во Селиврија, Источна Тракија во 1846 год и по многу претрпени искушенија и неволји, по многу испитанија на неговата цврста и длабоко вкоренета вера во Божјата промисла, која ги допушта страдањата за да го искали смиреното и во Бога вљубено срце, по долг и многуплоден труд на нивата Божја, се упокоил во крајна сиромаштија 1920 год во една Атинска болница.
За време на благословениот Богородичен пост, искушеничката Латина Стаменкова од Ерусалимскиот Гетсимански манастир на Света Марија Магдалена, ги направи своите први чекори во монаштвото и беше потстрижана, добивајќи го своето монашко име Лаврентија. Инаку сестра Лаврентија е голем пријател на нашиот манастир и ценет соработник на манастирската веб страна, која долги години со голема љубов верно ги известува нашите читатели за сите новини поврзани со Светата Земја и Ерусалим.