логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Преподобен Гаврил Ургебадзе

 
На 22 февруари 2014 година, во женскиот манастир Самтавро (Мцхет, Грузија) беше извршено ексхумирање на моштите на преподобниот Старец, исповедник и чудотворец Гаврил (Ургебадзе).

Седумнаесет години по неговото упокојување, на 20 декември 2012 година Старец Гаврил е вброен во светителите на Грузиската Црква. Светител кој околу вратот носел табла на која пишувало: „Човек без љубов е како стомна без дно“. Желбата за монаштво кај него се јавила уште во раната младост. Монашкиот завет го дал на свои 26 години. Покажувајќи го својот револт кон безбожничкиот режим, запалил огромен портрет на Ленин. По ова бил затворен, а му се случувале и полоши работи: епископите не му давале да служи и немал можност да се причестува. Подоцна го прогласиле и за луд.

Ова смирено го прифатил и оттогаш станал јуродив. Со тоа се прикривал секогаш кога ќе направел добро дело, понекогаш преправајќи се дека е пијан. Спиел во јама, а некое време живеел и во кокошарник. Кога завршило времето на прогон на христијаните и кога во луѓето почнала да се раѓа желбата за духовното, многумина почнале да доаѓаат кај јеромонахот Гаврил за духовен совет. Тој станал Старец и духовник на многу луѓе, вклучувајќи ги и монахињите од еден женски манастир.

Манастирот во кој живеел е посветен на Господовото Преображение, каде воедно се наоѓаат и моштите на света рамноапостолна Нина. Првпат дошол во Самтаврискиот манастир на 12-годишна возраст. Монасите го примиле, но не му дозволиле да остане. На манастирските порти цела ноќ  се молел на Мајката Божја да го прими во манастирот. По многу години неговата молитва била услишена. Погребан е на местото каде се молела света Нина. (Пролог)

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Акатистот на свети Гаврил Ургебадзе (15.02.2019 20:02)

 — Марија, можете ли да ни раскажете за вашата работа на издавањето на книгата од Малхаз Џинорија, „Старец Гаврил, срце полно љубов“?


Преку дваесет и пет години мојата професионална активност е поврзана со објавување печатени дела. Сум работела како лектор и уредник во издавачки куќи, весници, списанија. Изминатите петнаесет години бев ангажирана во издавањето на духовна литература. Кога издавачката куќа „Апостол на верата“ ме повика да го уредам објавувањето на книгата од Малхаз Џинорија за светиот исповедник Гаврил Ургебадзе, јуродивиот за Христа, со задоволство се согласив. Не без причина Старецот Гаврил еднаш ѝ рекол на авторката на книгата: „Ќе им ја раскажеш мојата историја на сите!“ Старецот често одел бос во искината облека, со железна круна на главата. Насекаде ги барал луѓето на кои им била потребна духовна помош и им ја раздавал својата обилна жртвена љубов и вера. Својот возљубен свет сограѓанин Грузијците го нарекуваат „Мама[1] Габриели“.

Кога започнав со уредување на ракописот, повеќепати се присетував на благословот од Старецот, зашто текстот беше заплеткан поради неточен превод. Ја чувстував помошта на отец Гаврил во сè, од уредувањето и преведувањето до подготовката на корицата и техничкото уредување на книгата. Тоа е најцелосното издание посветено на Старец Гаврил што содржи подробно житие, напатствија, пророштва, и бројни примери од чудата на светителот. Главниот уредник на книгата, Јуриј Семенец, според кажувањето на син му Иван, се излекувал по застапништвото на Старец Гаврил.

— Се појавија ли чуда поврзани со Старец Гаврил во твојот живот?


— Веднаш штом го открив овој прекрасен светител, тој ми влезе во срцето и во животот – по неговите молитви го најдов мојот духовен отец, добив исцелување, и ги пронајдов роднините во Тбилиси кои ги бевме загубиле уште во деведесеттите — иако никогаш и не помисливме дека повторно ќе ги сретнеме. Јас сум парохијанка на привременатата дрвена црквичка посветена на Сретението Господово во Западно Бирулево (област на самиот југ на Москва), каде што пеам во хорот. Кога започнав со уредување на книгата, еден човек донесе во нашата црква икона осветена на светите мошти од Старец Гаврил, заедно со парченца од облеката од неговите мошти и од штицата на која лежел старецот. Иконата веднаш почна да произведува пријатна миризба, и за кратко време настана чудесен напредок во изградбата на новата камена црква. Парохијанинот кој ми помогна да го донесам свеќникот за иконата беше излекуван откако се помоли на отец Гаврил. Ова, а и други чуда ги имам ставено во книгата.

Друго чудо: Наскоро откако книгата беше донесена во соборниот храм на Грузиската Патријаршија (црквата на свети Георгиј во Грузини, Москва), нè повикаа и ни рекоа дека корицата на која има слика од Старецот мироточи! Мирото извираше од корицата на мојот примерок како и од примероците на други парохијани. Успеавме дури и да го снимиме тој феномен.

— Првпат слушам дека не само икони туку и книги можат да бидат мироточиви.


— На 24 август 2018, два дена пред моето патување во Грузија, корицата од книгата во мојот дом почна да источува миро – се појавија мали „блескави“ точки од миро. На 26 август, роденденот на отец Гаврил, неколку парохијани од црквата дојдоа кај мене дома. Почнавме да го читаме Акатистот кон Старецот. Мојот Акатист не беше сè уште публикуван, туку само испечатен на хартија. Книгата лежеше на масата пред нас. По пеењето на Акатистот забележавме (на наш голем восхит) дека мирото се имаше наголемено: се појавија маслени дамки и покрупни капки, така што можевме дури и да се помажеме со него. Подоцна ѝ ја дадов оваа книга на Игуманија Кетеван од женскиот манастир Самтавро.

— Како дојдовте до ваков наслов на книгата?


— Во текот на работењето во главата имав петнаесетина наслови. Но, кога завршив, насловот самиот си дојде, како некој да ми го беше кажал: Старец Гаврил: Срце полно љубов.

— Ги читаме тие зборови во икос 5 од Акатистот: „Радувај се, срце полно љубов“. Како станавте негов автор?

— Верувам дека е тоа најголемото чудо во мојот живот што Господ ми дари да ја составам химната на Акатистот. Ми беа потребни само неколку дена да ја создадам, и го припишувам ова на вдахновение од висините. Добив и официјален благослов од Грузиската Православна Црква за објавување на Акатистот кон свети Гаврил од Самтавро во Русија по повод петгодишнината од откривањето на неговите свети мошти.

Последниве години гледаме дека значајно расте почитувањето на Старец Гаврил во Русија. Иконата на свети Гаврил, која е негова испечатена слика, залепена на штичка, веќе беше во  посета на Курск, Калуга, Железногорск, Москва и други поголеми градови. И насекаде луѓето кажуваат сведоштва за чудата извршени од оваа икона. Цела една тетратка е испишана со сведоштвата на очевидците. Старец Гаврил е апостол на љубовта во нашето време, и многу го сакаме. На сите им носи радост и топлина, и луѓето се утврдуваат во верата.

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel  

 

[1] „Мама“ на грузиски значи „татко“.

 

Извор: http://orthochristian.com/119200.html#sdfootnote1sym

Преземено од: МПЦ-ОА

 

Друго:

 19042009

Не го губи времето
        "Знаците на времето се секаде околу нас но, едвај некој сака да го види тоа. Скоро доаѓа крајот, и секој кој не нашол љубов, ќе биде здробен од потопот. Вратата во Ковчегот уште не е затворена, се' уште има милост. Ние треба да ја искористиме секоја останата минута како можност да се приближиме кон Христа.
Не губете го времето со учество во непотребни спорови со тврдоглави за знаците и времињата. Поминете го времето прекопувајќи ја нивата, за да најдете богатство...
На крајот на времето, човекот ќе биде спасен со љубовта, смирението, добрината. Добрината ќе ги отвори вратите на Небото; смирението ќе го донесе на Небесата; и човекот, чие што срце е исполнето со љубов, ќе го види Бог."


 * (на фотографијата) Сан Габриел Ургебадзе (вљубен во Христа, чудотворец Тибилиси, Грузия - 1929/1995)

Извор: фб на Маја Белева

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Кој ја сочувал љубовта, тој и ќе се спаси – старец Гавриил Ургебадзе.
Старец Гавриил (Ургебадзе). Човек, исполнет со љубов. Сиот свој живот, тајно од луѓето правел добро и чудеса, се трудел да ја сокрие својата мудрост и преку јуродивост се понижувал пред луѓето. Сепак, луѓето околу него го чувствувале изобилството на Божјата благодат и доаѓале кај него за молитва и совет. Јуродивиот старец непоколебливо стоел на врвот на љубовта, затоа грузискиот народ го нарекол свештена љубов и чудо на XX век.
Пред две години, беше откриен неговиот гроб и беа пронајдени неговите свети мошти. Со тоа и се исполнило неговото пророштво, кажано во шеговита форма: „Ќе видите: ќе дојде време – и на отворањето на гробот на Гаврил ќе се собере половина Грузија…“ Православни од цела Грузија се собрале кај неговиот гроб уште неколку дена пред отворањето на моштите на јуродивиот отец Гавриил. Пристигнала паства и од многу други земји. Најновата историја на Грузија не се сеќава на нешто слично. Ликувал сиот грузиски народ, сиот православен свет. На 24 февруари, 2014 г., светите мошти на јуродивиот преподобноисповедник Гавриил, со литија, предводена и од војската, биле пренесени во соборниот храм Пресвета Троица.
Дојдоа кај старец Гавриил и на денот на неговиот роденден – 26 август. Луѓето одат да се помолат, да заблагодарат за помошта… И секако, да се сетат на многуте поуки на старецот – секогаш кратки, но јасни. Предложуваме и тука, неколку мудри бисери од преподобниот Гавриил.
 Благодари Му на Бога за тоа, што си се родил православен. Биди цврст во верата, не предавај се на искушенијата и не грижи се за тоа, дали ќе се спасат луѓе од други вероисповеданија. Тоа не е наша работа. Бог е милостив.
Вистинската вера се наоѓа во срцето, а не во разумот. По антихристот ќе тргнат оние, на кои верата ќе им биде во разумот, а кој ќе ја има верата во срцето, ќе ја препознае.
Треба да се изобличува, тоа воопшто не е осудување.
Секој грев – е непријателство со Бога. Свести се! Со Кого си непријател?!
Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница како лежи на земја, не го осудувај, зашто Бог ги отпуштил неговите узди, а твоите ги држи затегнати. Ако и твоите ги отпушти, можеш да се најдеш во полоша состојба, па дури и да загинеш: за што ќе осудуваш, за тоа и ќе бидеш суден.
Поголем хероизам од монаштвото – не постои.
Пофалбата за монасите е погубна. Кој го фали монахот, тој му е непријател.
И монахот има потреба од сочувство и утеха.
Ако сакаш да бидеш монах, ти веќе си монах.
Да се приближите до монахот – е како да си играте со оган.
Мирјанинот, кој ги победил страстите заради Христос, се изедначува со монасите.
Монасите треба да живеат во простота. Простотата – е благодат Божја.
Господ понижува и возвисува. Кога почнувам да се сметам подобар од другите, ја ставам на глава својата дијадема и излегувам на улица бос. Луѓето ме гледаат и се смеат. И јас ја гледам својата ништожност.
Ако те наклеветиле, на доброто ти одговориле со зло, не држи зло во срцето. Прости и радувај се, што благодарение на тоа, за неколку скали си се приближил до Бога.
Човек треба да го благословува својот пат со добри одлуки. Каков пат ќе избереш, таков и ќе биде твојот животен пат. Бог му дарувал на човекот слободна волја… Какво право имам јас нешто да менувам?
Треба да ги љубиме сите, но ако за тоа немаме сила, барем на сите да им посакуваме добро.
Господ ќе побара од вас љубов кон Бога и ближните; кој ќе ја зачува љубовта, тој и ќе се спаси.
Љубовта го скротува дури и најсвирепиот лав.
Изобличувај го човекот со срце полно љубов.
Ако мразиш барем еден човек, во неговиот образ го мразиш Самиот Христос. И тогаш си далеку од Царството Небесно.
Кој го љуби доброто и справедливоста, тој Го љуби Бога, и Бог, како роден син ќе го возљуби.
Господ не одел по црвени теписи. Христос бил прост, носел само еден хитон, сплетен од рацете на Мајката Божја.
Во последните времиња, луѓето ќе ги спасат љубовта, смирението и добрината. Добрината ќе им ги отвори вратите на рајот, смирението ќе ги воведе во рајот, а оние кои ја зачувале љубовта, ќе го видат Бога.
Никој нека не мисли, дека љубовта е вроден дар. На љубов може да се научиме, и сите треба да се стремиме кон неа. Господ не сака слатки зборови, Бог сака дела. Доброто дело и è љубов. Кога правиш добро, се качуваш на една скала, а кога грешиш – се спушташ долу. Сиот наш живот претставува такви качувања и падови.
Духовникот го избираат по слободна желба, а избирајќи треба да му се потчинуваат. Но ако духовникот учи на ерес, треба да се бега од него, како од оган.
Ако пред иконите и крстовите, направени од ваши раце, се молат други, дел од благодатта слегува и на тебе.
Ако за време на молитвата, побараат од тебе помош, а ти речеш: „Да завршам, и ќе ти помогнам“, знај: дека твојата молитва не Му е угодна на Бога. За таквата молитва велат: ќе ти биде во грев.
 Подготвиле Константин Церцивадзе и Давид Дарџанија

 

 

 

 

 

https://www.google.com/search?client=firefox-b-d&q=%D0%93%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B8%D0%BB+%D0%A3%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D0%B4%D0%B7%D0%B5%2C+%D1%98%D1%83%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная