Прва награда за книгата EXIT во Стразбур, Франција
На овогодишниот PhotоExpo фестивал "Rendez-vous Image" на фотографии и книги кој традицонално се одржува во Стразбур, Франција, македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво, за неговата фотомонографија EXIT.
Фотографиите во книгата се поделени во 4 целини: Влез (во град), Пораки (на градот), Излез и Финиш.



Визуелниот текст впишан во овој серијал на фотографии посветен на животот, е двозначен говор сочинет во знаковни дијади чија реторика се однесува на минливоста на времето како синхрона взаемност меѓу културата и природата. Преку него, Арсовски е во потрага по одговорот на прашањето: како да се естетизира навидум неестетичкото/неестетизираното или како да се естетизира непредвидливоста на животот?
























