
“Вежбајте ги своите деца, од најрана возраст, во борбени вештини, тоа многу помага - човек да стане воин. А, духовноста е најбитна.
Не можеш да станеш воин ако претходно не воспоставиш контрола над самиот себе.
Воинот не смее да биде под контрола на нешто или на некој, внатре или надвор од себе, освен под контрола на самиот себе.
Нема контрола над самиот себе без духовност.
Биди воин на добротољубието!
Ме вежбаше да станам воин. Не ми кажа дека никогаш нема да имам одмор.
Погледот на воинот не се задржува на смртта, туку продира некаде бескрајно зад неа.
Воинот никогаш не умира.“
- дедо Наум
"Сила, Благодат, Убавина, Благородност, Истрајност, Слобода - уште да го собереме сето тоа во едно...
И така едното без другото не го бива." - дедо Наум























