Раководителот на православната заедница о. Георгиј Ават, изјави дека има значителен пад во бројот на христијански заедници во Палестина, особено во источниот дел на окупираниот Ерусалим, како и во северните делови на Западниот брег.
„Има околу 53 000 христијани во источен Ерусалим и северно од западниот брег“, изјави Ават, нагласувајќи дека ваквиот пад е резултат на таканаречените „израелски окупаторски мерки, меѓу кои е предвидена и забрана за слободно практикување на верата“. Ават упати апел до Палестинската Влада да нема дискриминаторски однос кон христијаните.
Извор:
https://bigorski.org.mk/vesti/svet/pagja-brojkata-na-hristijani-vo-erusalim/