логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

САМО СФАЌАЊЕ ИЛИ И ПРИФАЌАЊЕ?

Bogorodica.za25
     Сум чул порано, а можеби некој и сега така си мисли, дека „владиката сѐ исто, па исто ни зборува“; нели, сите го спроведовме во живот досега кажаното, па сега чекаме нешто ново да чуеме. Дека словото со кое ве поучувам за некого нема доволно сила, тоа – се согласувам, но дека е исто – не. А ако беше нешто погрешно, ќе се појавеше некој да ме исправи; со тоа немам проблем – напротив.
Точно е дека има една вечна и централна тема, а тоа е воплотениот Син Божји - Богочовекот Исус Христос, како и градењето на личен однос со Него; и точно е дека без да сме живи членови на Неговото Црковно Тело – членови кои редовно се причестуваат со Него и меѓусебно, и без умно-срдечната молитва – како откривање на Царството Небесно внатре во нас и градење на личен однос со Бог, нема што друго поважно да се каже. Истово е централна тема и на Новиот Завет и во делата на Светите отци.


      Секако дека попатно се допираме и до други богословски области, какви што се црковната историја, канонското право, догматиката и друго нешто – поспецифично, но централната тема – Христос и односот со Него, е секогаш истата, иако внимаваме да ѝ пристапиме од различни страни, со надеж дека одредениот пристап посебно ќе допре некого или на некого ќе му го доосветли досега кажаното.
       Еве на пример, кога ќе ги прочитам насловите на книгите што досега сме ги издале, можам да го забележам различниот пристап кон една и иста тема – личниот однос со Богочовекот Исус Христос: „Нови личносни односи“, „Надминување на дуализмот“, „Премин од душевност во духовност“, „Пастирски пристап или поистоветување“, „Христијански идентитет“ и слично. За истото се работи и, на пример, кога го објаснувам односот на дете Божјо и наемник, христијанската психотерапија како психосинтеза, или кога го објаснувам енергетското растројство и зависноста од насоченоста кон надвор – наспроти енергетската собраност, и многу други нешта – да не набројувам сега.
       Од друга страна, постојано доаѓаат нови генерации христијани кои допрва ќе се учат, а некои од оние што веќе го чуле словото, го заборавиле поради неисполнување, па добро им доаѓа памтењето да си го освежат.
     Има нешто што сите треба да го знаат, а тоа е една опасност која е искушение на наемниците и робовите. Имено, слушањето на словото, а негово неприфаќање во срцето и неисполнување на дело, создава – на крај, еден вид одбојност кон истото, еден негативен имунитет. Значи, човек го слуша словото, го меморира, но не го прифаќа во срцето и не го спроведува во дело; сепак словото му делува на совеста и тој за да ја смири, почнува да го одбегнува слушањето и читањето на истото, па дури пробува и да го омаловажи или да го маргинализира.
     Не дај Боже, да се стори и противник на словото. На оваа опасност најмногу се изложени оние што се должни да го слушаат моето слово; а ако ваквиот вид слово е реткост, тогаш и сите оние што имаат пристап до истото, но го одбегнуваат.
      Од друга страна, зар не е ли ист текстот на Новиот Завет, или на делата на Светите отци, како на пример – Лествица, или Житијата на светиите, или на Литургијата, или на молитвата „Оче наш“, или на „Исусовата молитва“, но сите сме свесни за нивната важност и се принудуваме со читање и молитва да учествуваме во нив – макар формално. Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и од подлабок личен однос со Бог и со својот ближен?
Затоа, не е ни чудо што наемниците и робовите слепо се држат до воспоставената форма – ниту самите се менуваат, ниту сакаат нешто да се смени, и ги судат и осудуваат другите врз основа на таквиот критериум. Затоа што тие не го познаваат квалитетот на личниот однос на децата Божји со Бог, како и новата форма што од таквиот нов однос може да произлезе.
     Така што, слободниот избор си останува ваш: или ќе покажете интерес само за скролање сликички и ќе ги продлабочувате вашето енергетско растројство и зависност од насоченоста кон надвор - како робовите и наемниците или ќе се потрудите и да прочитате нешто полезно, нешто што ќе ви предизвика покајание, нешто што ќе ви пружи можност за преобразување и ќе ве внесе во енергетската собраност на децата Божји и нивниот плодоносен однос со Бог.


Слава Тебе Господи!


Митрополит Струмички Наум


++++++++++
Божествена Литургија во параклисот посветен на Св. Григориј Палама, старец Јосиф Исихаст и Преподобен Јустин Ќелиски во Водоча.

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2131
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2148
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 591
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

22/05/2026 - петок

Св. пророк Исаија; +Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски; Св. маченик Христифор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная