ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“
Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова, туку претставува навраќање и легитимирање на една древна тема, на еден мисловен топос, од кој извира безвременска мудрост. Ќе се согласите дека не постои можност во едно толку кусо излагање да се изгради кохерентна