логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Pimen.sv.Kliment

За многу години мили ем драги мои,
    Оној кој Му благодари на Бога, тој од Бога добива дарови.  на оној кој го слави Бога секоја добродетел му се преумножува.
И кој си спомнува за своите блаженоупокоени учители во верата ќе напредува и делата нивни ќе ги врши. И што за својот учител во пофалба некој ќе напише, тоа народот божји во својот првосвештеник и ќе го види и ќе го препознае и и за него истото ќе го каже.
    Зашто верни се зборовите на Христа Бога:„Којшто ме љуби Мене јас ќе го возљубам, и сам ќе му се јавам, и во неговото тело ќе соградам живеалиште, и тој ќе ми биде син, а јас ќе му бидам Отец“.


 Верни беа овие зборови и за тогаш малиот по возраст Климент, а денес големиот наш светител. Ете токму затоа од мали нозе Климент Охридскиот светец ја имал радоста во Господа да ја облагородува својата младешка чиста душа слушајќи ги словата за Бога Света Троица од својот учител Свети Методиј Солунскиот, а подоцна и од неговиот Свет брат Кирил Философот.
 И со нив пропатувал и сотрудник им бил и при описменувањето на мноштво народи и на одбраната на јазикот словенски кога тријазичната ерес во Рим пред Папата паднала, и кога едниот учител во Рим го погребал а со другиот назад тргнал за своите по род на југот на Балканот да не ги остави како овци без пастир, туку во јаремот да се впрегне и браздата на Нивата Господова која кон Царството Небесно води да ја заора.
 И со својот учител патувајќи и во мудроста растејќи голем станува по дух и нашиот првосвештеник каков и што ни требаша по чинот Мелхиседеков.
 И дарот на благодарењето секогаш и кон секого имајќи го, похвала кон својот учител не заборави да напише и нам преку неа ликот на Кирила светиот философ да ни го доближи.
  И ќе рече:Таков беше овој учител. Штом ќе дочуеше некаква хула против против Божествениот образ, како со крилја прелетуваше на сите страни и со јасни зборови ги разурнуваше сите соблазни и ги научуваше на вистинската вера.И уште:    Блажениот учител ја искорени таа лага и го освети стадото Христово со светлоста на Трибезначалната светлина и го научи на вистинската вера.
 А ние, верните чеда свети Климентови, во некомпромисноста со хулата против Боженствениот образ и во неговите проповеди за утврдување во вистинската вера Христова и него ќе го препознаеме како верен ученик на својот учител. Та нели и ние денес благодарение на Свети Климента сме стадо Христово утврдено во вистинската вера?
Ќе напише за учителот и дека: А на словенскиот народ што беше потонат во неразбирање и во мракот на гревот, по милоста и човекољубието на Господа нашиот Исуса Христа, беше определен за пастир и учител.Но и во овие зборови подвигот негов ќе го препознаеме.И кога и ова ќе напише: На сите народи тој им ги објасни скриените тајни во зборовите: на едни со писмени знаци (букви и книги), на други со поучување, зашто во неговата уста се беше излеала благодатта Божја. И заради ова нека биде Благословен и Бог во вековите.
Зарем нема да го видиме пред нас и Климента како поучува и описменува 3500 луѓе токму на ова место, станувајќи преку тоа цевница на благодтта Божја.  И благодарниот ученик на Кирила светиот ублажувајќи го ќе продолжи: Го ублажувам многугласниот твој јазик, со којшто загрме како грмеж и блескајќи со светлината на Трибезначалното Божество, го изгони гревовниот мрак.
А ние твоите по дух и вера ќе речеме:  Те ублажуваме и ние тебе пастиру наш гревовниот мрак што од овој град го изгони со твојот многугласен јазик.И уште:  Го ублажувам озареното од Светиот Дух многупресветло твое лице, преку кое блесна богоразумната светлина, а се искорени    многубожечката лага.     А ние пак ќе повториме дека: Го ублажуваме Клименте озареното од Светиот Дух многупресветло твое лице кое од бројните икони и фрески молитвен спокој ни дава. Ќе напише и дека: Ги ублажувам златозарните твои очи со кои беше истерано нашето неразумно слепило и ни заблеска благоразумната светлина. Ги ублажувам ангелообразните твои зеници, озарени од Божествената слава, со кои уште пред осум дена го предвиде пречесното твое преставување – денот на твојот покој. А ние ќе се потсетиме дека и тој за денот на смртта своја знаеше и самиот гробот свој си го ископа од кој и денес исцеленија истекуваат.
 Великиот ќе рече и:   Ја ублажувам пречистата црква во која лежи многуразумното и богозборливото твое тело. А ние со него ќе речеме амин и слава на твојот учител и ќе речеме и ние ја ублажуваме оваа црква во која лежи многуразумното и богозборливото твое тело, црква во која денес заедно се молиме.
 И за крај за својот учител Кирила ќе напише:Откако ги заврши сите свои служби и трудови, се приопшти со животот и со верата кон светите отци, и беше со ангелите – ангел, со апостолите – апостол, со пророците – пророк, со сите светители содружник на Божјата слава.
 И ние со ангелите за ангел и Климента ќе го приброиме, со апостолите во редот на апостолите ќе го наредиме, со пророците-пророк ќе го славиме, со сите светители содружник на Божјата слава знаејќи дека е.   И како ти кон учителот што повикуваш: Со нив помоли се за нас, преподобен учителе, сите што го почитуваат твоето пресветло успение, во слава на Пресветата Троица – Отецот, и Синот и Светиот Дух, Нејзе да ѝ биде слава, чест и поклонение, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

Така и ние усрдно кон тебе повикуваме за нас помоли се преподобен учителу и наш велик пастиру со него и со сите светии помоли се за нас, во слава на Пресветата Троица – Отецот, и Синот и Светиот Дух, Нејзе да ѝ
биде слава, чест и поклонение, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

 

ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

09.08.2023 год.

 

 https://www.dke.org.mk/index.php/3585-sveti-kliment-ohridski-chudotvorec

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная