"Самите имаме потреба од простување.
Секоја молитва што ќе ја изговориме е крик за простување: „Господи Исусе Христе, помилуј ме, грешниот!“ Еве што вели Бог: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен“. Ако овде ја промашиме целта, севкупниот наш подвижнички живот ќе стане само циркус, сѐ што правиме – молитви, поклони, постови.
Еве една олеснителна околност, која постои кај сите нас за да простиме. Секако дека во сечиј живот постојат луѓе што нѐ повредиле многу, што ни нанеле болка која, можеби, сѐ уште не стивнува. Но, постои една реалност во нашиот живот – а тоа е дека ние сѐ уште не сме ја оствариле смислата на нашето постоење. Ако искрено погледнеме во своето срце, ќе видиме дека таму сѐ уште има уште многу нечистотија, многу страсти, многу валканост, иако истовремено во Црквата непрестајно ја чувствуваме
Божјата љубов и пристапуваме кон Светите Тајни, се причестуваме. Чувствуваме дека Бог нѐ љуби такви какви што сме и не се гнаси од нас. Само поради тоа, поради Божјата љубов, треба да простиме и сѐ да заборавиме."
Викарен Епископ Јаков Стобиски
2023