логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Најубавите мисли за Крстот ✤✣✤

 (Извадок од беседата „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“ од Архимандрит Емилијан Симонопетриски)✤✣✤

 

 На секого од нас му е познат кондакот на Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, во кој се вели дека „Крстот е украс на Црквата, потпора на верните, чувар на вселената, слава на ангелите и пораз на демоните“. Со право Крстот за верните е еден од најпочитуваните свештени предмети и многу е тешко да се најде христијанин кој нема крст и кој не го цени и сака со сето срце.

Но, како Крстот е така длабоко поврзан со христијанската душа, и толку неразделно поврзан со животот на целата Црква? Како душите постигнуваат Крстот да им стане толку близок? Крстот Господов стана средство и начин на угледување на Бога, единствен пат да стигнеме во божествениот мир и слава. Сите светители поминаа по патеката на Крстот и со неа стекнаа светост. Тоа е голем благослов Божји, што милиони луѓе го примиле, искусиле и ги добиле сите ветувања Божји, радувајќи се заедно со Него на небесата. Тоа е искуството на сите што го наполнија Рајот и кои поминувајќи го таинствено секој ден со нас, ни ја пренесуваат љубовта и својата искуствена врска со Крстот. Крстот е всаден во човечкото срце, зашто со него е поврзана секоја душа. Црквата секому од нас, па дури и на последниот грешник, ни го предава тоа свое искуство. Крстот Господов како храна навлегува во нашето битие и ние во своите срца го знаеме неговиот вкус.

Кој од нас длабоко во себе не чувствува дека, да се живее Крстот значи: го напуштам грешниот живот и одам по Христа, по благоволението и точната Негова волја, и тоа дека Бог е кормилар на мојот живот и дека Неговото слово претставува основна храна за мојата душа, правило на мојот живот и причина за моето постоење? Човекот кој се препуштил себеси на Крстот, цвета. Стекнува крепок живот. Не се плаши од соочување со ниту едно искушение што не го предизвикал сам, ниту, пак, да поднесе, покрај тоа и секакво волно искушение, подвиг и страдање, живеејќи дури како ангел во тело. Верниот на себе зема најголеми подвизи, зашто Крстот е тој што дејствува. Неговото тело, тоа живеалиште на Бога, стигнува до тоа околу себе да шири прекрасно, во природата непознато, духовно благоухание, душата негова потпевнува, очите блескаат со светлина. Секако, не постојат само овие волни подвизи на распнатиот живот, не е само она што секој ден свесно го остваруваме, не е само постигнување на мојата промена, мојот нов живот во новото мое напредување. Крстот е нешто повеќе од тоа: Тој е подготовка да напредувам уште повеќе и понатаму, тој е она што ми дава безропотно и радостотворно трпение на неволните маки, кои сите потполно неочекувано ги сретнуваме на својот секојдневен пат и во своето напредување. Колку само пати би се скамениле нашите нозе и срцето би се распрснало, доколку крстот претходно не всадил во нас трпение!


Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што може да се види, а тоа се препреки, проблеми, страв и болка. Но, тие препреки, слично на спортски достигнувања го челичат човечкото тело, и заради тоа Бог не ги отстранува од нас. Тие воспитуваат и прават да созрее човечкиот дух, го одвојуваат од земното и светското, и навикнуваат да се воздигнува кон Бога Живиот. Сите тие препреки од перспектива на Крстот добиваат една друга димензија и за миг сè околу нас, што е противно на Бога, служи како да ни е наклонето и пријателско, зашто престануваме да бараме негова промена, туку со тоа самите ние се менуваме. Тие искуства се нашите секојдневни дози. Што требаше да направи Бог за да нè придобие нас луѓето, кои не пристапуваме кон Него, туку се грижиме за препреките? Нив Бог човекољубиво и според промислата ги прима на Себе, за да ги употреби како јазик со кој нè повикува: го прифаќа сето тоа како свештена размена, која го олеснува копнежот за совршенство и обожување, патување кон небото. Ги полага и ги собира на наша сметка, „заради името Свое“, велејќи: „Преку ова ќе те придобијам. Сето она што е залудно, но на коешто запира срцето твое, ќе стане средство за твое спасение.
.Ќе ми речете: Зошто Бог дејствува на таков начин? Зошто нешто не промени? Зошто животот не ни го направил полесен и поудобен за да би имале можност повеќе да бидеме зафатени со Него? Зошто Он „сака“ (допушта) да паѓаме? Зошто сака да ни го ранува она што ни е најсвето, дури и она што е дел од домовите наши и нашите срца? Зошто Бог со Својата сила и благост не ни го направи животот лесен, така што, непопречувани од маките, да можеме да Го сакаме само Него? 

Бог не сака животот на верните да биде тежок, туку тие, секако, да пребиваат во полнотата на Неговата радост. Меѓутоа, се скамениле нашите срца од гревот што самите си го измисливме и примивме, наговорени од демонот. Се закоравиле од желбите и успесите наши, и сега не е лесно да ги скршиш за во нив одново да протече Божјата љубов и за да можат да се исполнат со присуството на љубовта Негова, па согласно на тоа потребно е на срцето човечко да удри нешто тврдо, како што е болката, која би го потресла и раздвижила. Колку поспремно човекот би избрал да умре, отколку да поднесе болка! Но, Бог ја остава болката како Свое особено доброчинство, велејќи: Тука сум Јас, додека си мислиш дека си се сретнал со болката, погледај, се среќаваш со Мене.

Смислата на крстот за човекот кој живее во светот е особено забележлива во маките и секојдневното страдање, не толку во општеството, колку што во самото негово семејство. Нашиот дом е нешто свето за нас. Го осветуваат нашите свети икони, нашата љубов, нашиот копнеж за Царството на Бога, кој секој ден во себеси го раѓаме. Притоа, како што се покажува од нашето искуство, нашиот дом е најопасната арена. Тоа благословено семејство е истовремено и еден крвав колосеум, најтежок подвиг што човек никогаш не го очекува, а сепак е принуден да се соочи со него. Во нашиот дом, повеќе отколку на било кое друго место, се насобрани социјални, семејни, економски и брачни проблеми, проблеми на раѓање и воспитување на децата, проблеми околу карактерите. Тоа, двајца, мажот и жената, да живеат како едно, во непрестајна љубов, нежност и топлина, во меѓусебно почитување и покорување, во една до смртта цврста заедница „во Христа и Црквата“, воопшто не е лесен потфат. За да можеме да живееме, треба секој ден да пролеваме крв на свештениот жртвеник на своето семејство.

Да ги додадеме уште и разочарувањата во напредокот на своите деца? Им го даваме својот живот, душата своја, вистината, го вадиме лебот од своите усти за да им го дадеме на нив, оти се од нашата утроба, а доаѓа мигот кога тие ги рушат соништата што за нив сме ги граделе. Го растргнуваат татковото себељубие, го раскинуваат мајчиното срце, или ја поматуваат идилата на семејниот живот. Колку само отров пијат родителите кога ќе видат дека нивните деца не напредуваат онака како што тие би сакале! Тоа е секојдневна реалност. Доаѓа до момент кога детето вели: „Татко, ти го проживеа својот живот, сега и јас ќе го живеам својот онака како што  сакам“. „Зошто?“ – „Слободен сум, знам што треба да правам“. Што да направат тогаш родителите? Или што ќе направат децата, кога денес или утре ќе го свијат семејното гнездо? Љубов, солзи, трпение, повлекување и надеж во невидливиот Бог.

Да се потсетиме дека во грижите, ударите, разно-разните нужности и перипетии, колку и да го сакаме тоа, не успеваме ниту да се помолиме, ни да читаме и проучуваме, ниту да разговараме, често ни еден друг да се погледнеме во очи! Значи, не се само тешкотиите и ударите и грижите во нашиот живот, туку постои и проблемот дека сето тоа не ни дозволува да ја живееме својата надеж и љубовта своја, ниту, пак, да мислиме на небесното. Секој ден донесуваме одлука да се промениме, да се молиме и читаме, и да проучуваме, и повторно сме подеднакво непоправливи. Како тогаш мажот ќе се спаси? Како ќе се спаси жената? Како ќе се спаси детето кое го родивме за да го направиме царско чедо на Небото? Правиме сè што можеме, но тоа не е она што го сакаме. Ќе се бориме. Но, што и ако се бориме? Она што на крајот на краиштата го спасува семејството и ги осветува луѓето намачени во светот, и ги прави помили на Бога се токму тие нивни страдања, Крстот, кој макар и неволно, но скрушено го носат пред Бога и велат: Ова го имам Боже, ова прими го како благопријатна жртва на срцето мое. Крстот ги осветува и очистува сопружниците, прави нивната љубов да созрее и ја принесува како жртва пред лицето на Господ. Во животот, и уште повеќе во семејството, нема место за никаква удобност. И да имаме некаква забава, таа ќе биде почеток на уште поголемо трпење. Во сè се бара нашето трпение. Треба својата жалост, страдањата свои, своите подвизи секојдневно да ги соединуваме со Крвта Христова која на Крстот е пролеана, и така своите мали крстови да ги врзуваме за Крстот Негов.

Секоја мака што ја поднесуваме заради Бога, колку и да е мала, вели св. Исаак, поголема е од било кое дело кое бива без мака. Тој ова го вели за монасите, но истотото важи и за нас христијаните, заради долготрпеливата милост и снисходливоста на нашиот Господ.

Да видиме сега како Бог одговара на нашите секојдневни распнувања. Господ, пред сѐ, ни дава сила за да можеме да притекнуваме кон Него. Ни помага во нашите маки и распнувања, па затоа стануваме како лути лавови, способни заедно со Христа да го понесеме крстот на спасението. И не само тоа, туку божествената благодат и нѐ „одмора“ и на срцата наши им дарува блажена утеха. А таа утеха е поголема само доколку тој подвиг е наш, па ние Му го принесуваме на Бога, а не просто го среќаваме на својот пат. Поминуваш низ искушенија, низ тешкотии, вели св. Синклитикија? Како да си под температура. Не се грижи. Маките се претсобје на другата одаја. Која е таа одаја? Одајата за одмор на душата. Како што одиш во некој центар за релаксација за да го заборавиш својот замор и да можеш да продолжиш понатаму, така и Господ прво ја подготвува одајата за одмор на душите, предворјето на небесниот одмор, па после тоа ни дозволува да го земеме својот крст. А оној кој се распнува изгледа како да живее на земјата, но всушност воскреснал и живее заедно со Бога на Небесата. Нашиот живот не е просто она што се гледа, туку сѐ што е сокриено, и што се сфаќа со помош на нашите таинствени сетила, или барем со вера во Светата Црква. Според тоа, оној кој се распнува живее со Бога, зашто Господ е Оној Кој се изобразува на Крстот и во маката наша. Господ е на небото, и ние се „издигнуваме на небото, стануваме жители на небото“. Стекнуваме многу искуства, иако сиромашни, но искуства што ги имале и Светиите. Тие со потешки маки, ние со полесни, тие што можеме да ги понесеме на себе.


Верникот кој страда, прима божествено просветлување и одблеснува. Во спротивно, како тој, доколку Бог таинствено не го поткрепува, би можел да не се колеба и сопнува? Како би можел да верува во Бога Кого секој ден Го заборава? Како би можел да верува во Црквата, која ја гледа само како човечки организам? Како би можел да верува во Бога, кога оди да се причести и не чувствува ниту солзи во своите очи, ни трошка поимање во своето срце? Изгледаме како слепи, но Бог внатрешно непрестајно ни доаѓа и ни дава нешто од Себе. Кога во срцето на верниот народ не би било тоа таинствено пренесување на божествените својства, не знаеме дали тој народ некогаш би можел да преживее. Болката секогаш го привлекува погледот Божји. И кој би можел да одрече, дека заради болката се проштеваат дури и гревовите на верниот кој се мачи, и кој, изнемоштен од воздишки, на крајот стигнува пред лицето на свештеникот и ги исповеда, не толку своите гревови, колку неволјите низ кои секојдневно поминува? Се исповеда и очекуваш да ти каже за што се кае. А тој ти ја анализира својата болка, која е нешто минливо, човечко, нешто што ѝ припаѓа на човечката заедница. Би требало да не ѝ придава значење, да Му остави на Бога, но преокупиран е со болката, болката го распарува неговото срце. Со болката Бог го зачнува и придобива човекот, зашто болката го допира човечкото срце, па Бог неа ја користи како јадица, која тоа срце го приведува кон Него. Така има можност, одејќи од болка во болка, да ја вкуси радоста над радостите. И неговиот живот, бидејќи осветуван, малку по малку напредува, бивајќи примен од Бога како еден духовен живот. Се мачиме? Се грижиме? Небеста ни подготвуваат почести, Господ нѐ возведува во повисоко достоинство.


Господ, со Својата мудрост и со неограничената Своја љубов, не наоѓајќи ништо што е подвиг според нашите сили, за да би можел заради тоа да нѐ награди со Својот вечен живот, на уште еден начин го понижува Своето Величие, примајќи ги и најмалите делови на нашата болка и жртва, како подигање на Крстот Негов. Бог ги прима „двете лепти“ на болка, наместо милионите. А што да речеме ние? Велиме, како и св. Игнатиј Богоносец: „Нашата љубов е распната“. И јас живеам, само бивајќи распнат. Љубам, само бивајќи распнат. Немојте да се жалиме и да Го обвинуваме Бога за сите неприлики, со кои во своето секојдневие се среќаваме. Имаме чувство дека Бог нѐ заборава, дека не нѐ слуша, не одговара на нашите молитви, ни испраќа сѐ нешто криво и наопаку. Но, не е така. Бог е еден добар кормилар кој таинствено нѐ следи, и напоредно со тоа ни остава сами да го управуваме кормилото на нашиот живот, зашто никогаш не прифаќа да ја укине нашата волја и да ја преземе нашата улога. А кога ќе види дека кормилото скршнува, Он го приграбува за да ја насочи нашата душа кон Себе. Секако, ние немаме духовни способности, туку своите гревови, кои нѐ понижуваат пред Бога; и додека сме така наведнати под бремето на гревот и додека нашите глави се наведнати, Господ ни доаѓа заради Својата голема долготрпеливост, зашто рацете Негови, кои на Крстот беа испружени и распнати, нѐ создале и обликувале. Беа испружени и раширени на Крстот, за да би можеле да нѐ прегрнат и опфатат нас, духовните просјаци. Нѐ боли, и таа болка влијае врз нас. Меѓутоа, болката е крст, а Крстот е Самиот Бог.


Еве сега, ние се поклонуваме на Чесниот Крст. Да му се поклониме и умно, во срцата свои, кога страдаме. Да ја направиме болката своја, издигнувајќи ги очите и срцата свои кон небото, а тоа наше воздигнување нека биде нашата мала молитва кон Господа. Да ја побараме од Него милоста Негова. Он знае дека ни е потребна, и веќе е покрај нас, но ајде и ние да ја одиграме својата улога. Да зборуваме со Него во тој час и да Му кажеме, не како што некои велат: „Каде е Бог?“, туку: „Господи мој, и Боже мој: Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Зар би можел да се посомневаш дека Господ, не само што е близу, туку е и во тебе токму во мигот кога ги изговараш тие зборови? Зборовите излегуваат, а Он влегува во срцето. Амин.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная