логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

КИРИЛ ГЕГОСКИ
во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Тирана


Центарот за македонска културно-информативна соработка во Тирана, Албанија, од крајот на 2020 година, во време на глобалната пандемија, отвори нова интелектуална линија на дијалог и уметнички искуства. Во тој период пандемиската криза остави траги врз меѓународните претставувања на националните репрезенти. Националната галерија, исто така, предизвикана од глобалните околности сега транзитира кон обновување: во 2025 година галеријата повторно презема активна улога во блискиот регион, со нови изложби и јавни настани.
Во тој контекст, на 25 септември 2025, во 19 часот, во Културно информативениот центар на Северна Македонија во Тирана ќе се отвори изложба на уметникот Кирил Гегоски, чие творештво во контекст на нашата институција добива ново звучно место и публика. Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври 2025, нудејќи им на посетителите внимателно изградена форма на размена и размислување за современата уметност и нејзиниот социјален и културен потенцијал.
Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата. Уметничкиот израз е исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред сè, извонредното чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи.
Од почетокот на 2000 година и во текот на изминатите години до денес, евидентно е менувањето на неговиот ликовен израз кој, за разлика од претходно, е поекспресивен. Кирил Гегоски во својата сликарска страст и посветеност не се задоволува само со една пронајдена матрица и во својата досегашна работа експериментираше на три нивоа на сликарската практика: материјално-техничката, концептуално-аналитичката и естетско-чувствената. Иако е евидентна стилска различност, тој се задржува на архетипските модели и истражувања на односите во кои ги согледува одговорите на сопствените размислувања за прасликата и искуствата во доживувањата на животот, во кои неповратно се врежани човековите искуства и претстави. Преку ова Гегоски го претставува јадрото во кое се преклопуваат содржината и односот помеѓу неговото доживување на прасликата и значењето на конкретното уметничко дело. Неговите дела ја задржуваат својата препознатливост во различноста, што е одлика на изграден уметнички идентитет. Оваа препознатливост се заснова врз осмислена креативна постапка во која значењето и формализирањето не се доминантни, туку се читаат индиректно преку материјалноста и сензуалноста на сликата и нејзиното непосредно афективно дејство врз гледачот.
Воден од потенцијалот на сликарското искуство, преку ликовно стилизирање, во неговите дела композицијата се транспонира во апстрактно-асоцијативни, но сепак препознатливи форми. Бојата е базисот во творештвото на Гегоски. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива експлозивност и потполна слобода. Преку неа тој врши колористички истражувања на соодносите меѓу боите и површините. Тој не размислува апстрактно, туку прави одредени стилизации на пределот кој говори за внатрешните состојби, создава динамика и тензија во расположенијата што ја обликуваат композицијата во својата крајна ликовна претстава.
Во духот на зен-филозофијата, тој верува во внатрешната чистота што се отсликува во едноставни форми и во силната енергија со која зрачи делото.
Неговите феноменолошки карактеристики, засновани врз колористички оркестрации, суптилни во изразот, чисти, често лирски, а понекогаш и драматични по карактер, светлосните ефекти и субјективните чувства во доживувањето на дадената тема и мотив, ги задржуваат споменатите особености на авторовиот ракопис.
Кирил Гегоски, роден е на 27.3.1944 година, во Прилеп. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје, во 1964 година. Член е на ДЛУМ (од 1968) и на ДЛУБ (од 1990). Во 1979 г. ја користел сојузната стипендија „Моша Пијаде“ во Париз. Студиски патувања: Италија, Грција, СССР, Франција, Полска.
Самостојни изложби:
1968 Прилеп, Шах-клубот (со Ѓ. Ачески и В. Костов); 1971 Прилеп, Градска кафеана; 1973 Скопје, Центар за култура и информации; 1977 Битола, Галерија „Моша Пијаде“ (со В. Костов); 1979 Скопје, Ликовен салон на ДЛУМ; Струга, „Хотел Дрим“ (со Д. Манев и Д. Ордев); 1983 Скопје, Центар за култура и информации; Битола, Галерија „Моша Пијаде“; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Штип, Дом на културата „Ацо Шопов“; Земун, Галерија „Пинки“; 1984 Прилеп, Библиотека „Борка Талески“; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; 1985 Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Охрид, Дом на културата „Глигор Прличев“; Ваљево, Дом на културата „Ваљево“ (со В. Костов и С. Михајлоски); 1986 Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“ (со В. Костов и С. Михајлоски); 1986/87 Ниш, Galerija Spomen dom “M. Stanimirović”; 1987 Титов Велес, Локовен салон на Народен музеј; Изола, Galerija “Alga”; Карловац, Galerija “Zilik”; 1988 Скопје, Ликовен салон на ДЛУМ и ДЛУПУМ; 1991 Ниш, Galerija Spomen dom “M. Stanimirović”; Књажевац, Дом културе; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“. 1992 Прилеп, Кафе-галерија „Паренцо“; Скопје, Галерија на МСУ во ЈАТ; Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; Битола, Уметничка галерија „Моша Пијаде“; 1993 Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; 1994 Пилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; Битола, Уметничка галерија „Моша Пијаде“; Кавадарци, Дом на културата; Скопје, Салон на ДЛУМ; 1996 Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; 2000 Струмица, Работнички универзитет „Јоска Свештарот“; 2004/5 Битола, Уметничка галерија; 2008 Битола, Ликовен салон на ДЛУБ; 2009 Манчестер, Wensley Gallery; 2010 Скопје, НУ Музеј на современата уметност, Прилеп, Куманово, Штип, Битола; 2011 Софија, Македонски културен центар, НУ КЦ „Марко Цепенков“ Прилеп; јули 2017, „Марко Цепенков“, Портрети на македонски артисти, 2017, „Марко Цепенков“, изложба на цртежи; 2018, Македонски културен центар – Њујорк, Изложба на цртежи.

Награди:
1976 Пиран, EX-tempore; 1979 Прилеп, Награда „29 Ноември“; 1982 Скопје, Откупна награда на НУБ „Климент Охридски“ на изложбата ДЛУМ графика; 1984 Скопје, Награда на ДЛУМ „Моша Пијаде“, на изложбата ДЛУМ графика; 1998 Скопје, Награда на ДЛУМ „Никола Мартиноски“, на изложбата ДЛУМ – цртеж ’98; 2000 Скопје, Рамноправна откупна награда на НУБ „Климент Охридски“ на ДЛУМ графика; 2001 Скопје, Награда на ДЛУМ за графика; 2003 Скопје, Награда на ТВ Телма за графика; 2007 Битола, награда „4 Ноември“ на ДЛУБ „Борислав Траиковски“; 2010 Прилеп, награда „3 Ноември“ на Општина Прилеп; 2013 Битола, награда „4 Ноември“ на ДЛУБ „Борислав Траиковски“, 2015 Скопје, КИЦ награда на „МАЛ ФОРМАТ“, „Вангел Коџоман“, 2019 Блум цртеж.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/09/2025 - среда

Преп. Теодора Александриска; Св. Силуан Атонски; Свети Пафнутиј Исповедник; Преп. Ефросин готвач; Св. маченичка Ија; Св. маченици Диодор, Дидим и Диомид;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Светињата ја раздаваше на светите,свештеномачениче Божји Автономе,народот во познание на Бога го приведуваше.

Тропар  на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември  2025

Тропар на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември 2025

Блажена света мајко Теодоро,о света подвижничке Христова,благодатта покајание ти подари,мудро пустината ја искористи,

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември   2025

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември 2025

23 септември/10 септември / Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная