логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)



Рождество на Пресвета Богородица (20.09.2022)

               Рождеството на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија е убав повод да се потсетиме колку сме уште далеку од вистинската љубов кон Неa и колку треба да се покаеме поради овој наш пад. Зборувам за духовна љубов, не за душевна. За првата, потребен е голем труд во православниот духовен живот; со втората сме родени.

Не смееме да ја нарушуваме рамнотежата на Богочовечката синергија, т.е. содејство во Црквата на Светиот Дух, каде што ни само Бог е Тој што сѐ прави, ни само човекот. Првото е ерес на монофизитизмот, а второто е ерес на несторијанизмот. Така, точно е дека Бог сѐ направи – за нас и наше спасение, но ништо од тоа што направи не ќе беше возможно без Нејзиното „да“, без согласноста на Богородица и без Нејзиниот подвиг на љубов кон Бог.

            Богородица не можела да биде која било жена, како што тврдат некои христијани, затоа што тогаш Бог би испаднал садист, Кој иако можел веднаш да нѐ спаси, чекал илјадници години да се појави Дева Марија. Значи, не можело која било жена, туку Таа што самата се подготвила за тоа. Ниту таа девојка била нешто посебно и одделно од човечкиот род, како што тврдат други христијани – затоа што тогаш Таа не би можела да ги претставува сите луѓе. Ниту е православно да се споредува одречно делото на Синот со делото на Мајката. Делото на Богочовекот Христос без делото на Секогашдева Марија е незамисливо и неизводливо. И во трите случаја крајно се нарушува Богочовечката рамнотежа и содејство, чиј верен чувар се православниот благодатен опит и теологија на Црквата.

Но, битен е и начинот на нашето спасение. Нас не би нѐ спасил Богочовекот Исус Христос доколку по целиот Домострој на нашето спасение само се вознел на Небесата и седнал оддесно на Отецот, во тело, туку Он нѐ спасува, како што веќе спомнавме, во Црквата како Тајна на Неговото Тело, чија Глава е Он. Како што би рекол нашиот преподобен Ава Јустин, толкувајќи го светиот апостол Павле (парафразирам): во Црквата на Светиот Дух, како Тело на Богочовекот Христос – Кој воскресна од мртвите, секој молитвено и благодатно се спасува и се восовршува преку сите и со сите, и сите се спасуваат и се восовршуваат преку секого и со секого. Затоа што секој, во Богочовекот Христос, по благодатта на Светиот Дух, живее во сите и сите живеат во секого, во едно свето меѓусебно проземање.

           Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со друг благодатно-органски поврзани и еден на друг органи. Спасението е тајна на учество во Телото Христово токму на овој начин.

Сега, условно речено, кој било светител можете мисловно да го изоставите од ова Тело, но обидете се мисловно да Ја изоставите Богородица од овој Богочовечки организам и ќе видите дека ништо нема да остане ни од него, ни и од нашето спасение.

Тајната на Црквата се состои во нововоспоставените лични односи, каде што една девојка од човечкиот род станува Мајка Божја, а Синот Божји – Бог во суштина, станува Син човечки, т.е. Нејзин Син; каде што ние, во Богочовекот Христос, стануваме синови и ќерки Божји, т.е. чеда, деца Божји и Нејзини деца – по благодат, а Христови браќа и сестри. Нововоспоставените личносни односи го надминуваат односот само Бог и само човек – однос без онтолошка врска помеѓу себе; и само преку исполнување на Божјите заповеди се сфаќаат.

Светото Предание и православниот аскетско-исихастички подвиг чиј чувар е Црквата наша Православна и целата Богочовечка рамнотежа, често, свесно или несвесно, намерно или ненамерно, се напаѓа со зборови и дела.

Постои едно златно правило: Со влегување во Црквата човекот треба да замолкне со устата, а да проговори со делата, сѐ до добивањето на дарот на просветлување на умот, односно дарот на умно-срдечната молитва! Може да говори јавно за духовни работи само во три случаја: ако е свештено лице, или и кога не е, но некој го прашува нешто полезно за неговото спасение, кога за тоа има благослов од духовниот отец (епископот) – но и во двата случаи, не од себе, туку од Светите отци и кога некој, однатре – во Црквата, ги руши догмите или грубо ги прекршува светите Канони.

Никој не би требало да се превознесува со својот затемнет ум? И никој не би требало со таков ум да се обидува да го толкува Евангелието, и тоа не за кој било, туку за Самата Мајка Божја, пред Чија тајна и небесните воинства скромно молчат, Која Светите отци Ја нарекле и Црквородица? Зошто тоа луѓето го прават – нека си размислат? Нека размислат добро затоа што преку превознесување умот станува демоноподобен.

Или, ако некому не му е јасна Нејзината позиција во Црквата, само би го прашал: зошто Нејзе би Ѝ требало да биде божица, кога Таа е Богородица? Или кому би му сметала Нејзината позиција во Црквата ако не, првенствено, на демонот.

Како да се избегне замката нашиот разум да стане компатибилен со демонскиот разум? Ќе ја избегнеме со тоа што ќе се трудиме, колку повеќе можеме, да ја користиме примарната функција на умот, а практично тоа би значело – постојано да се трудиме да бидеме во заедница со Бог преку послушание и молитва, и на тој начин да стекнеме духовен, т.е. преобразен разум – со чија помош правилно ќе дејствуваме во односот кон светот во кој живееме. Тоа е патот што ни го покажа Самата Богородица.

Зошто го ставивме послушанието, односно ставањето на паднатиот ум во процес на исцеление пред молитвата? Зашто пред да влеземе во природен начин на живот и постоење, а тоа ни го овозможува само послушанието, секој подвиг во Црквата би бил бесплоден.

Да не се залажуваме: или сме во послушание на Бог и Неговото Предание во Црквата или сме во послушание на демонот. Или ја преобразуваме енергијата на умот или го храниме само разумот со знаење и го возгордуваме до демонски димензии. Трета опција немаме.

Послушанието кон Бог, во Црквата, нема никаква врска со робовскиот и наемничкиот однос. Послушанието е најчудесната тајна на нашиот слободен личносен однос со Бог. Само во оваа тајна човекот расте како слободна личност до бескрајните димензии на боговподобувањето. И само во оваа тајна Бог му станува послушен на човекот. Зарем тоа не го гледаме во животот на Пресвета Богородица?

Послушанието е Нејзината најинтимна љубовна тајна. Нашиот ум и нашето слово се немоќни пред оваа тајна, но она што, сепак, е очигледно за сите е фактот дека одеднаш Бог почнува Неа да Ја прашува за дозвола дали да прави или да не прави нешто – почнува Неа да Ја слуша.

Само видете го оној неискажлив момент од светата Благовест – без Нејзиното „нека ми биде“ ништо не стана од тоа што потоа стана во Божјиот Домострој на спасението на човекот и светот. Или видете го оној чудесен момент од свадбата во Кана Галилејска кога Таа Му кажува дека гостите „немаат вино“. Дали, по навидум грубиот одговор, Таа нешто Го замоли или Му се обрати повторно? Не, им се обрати на слугите – „Направете како што ќе ви рече!“ А Кој постапи според Нејзината желба, претворајќи ја водата во вино? Лично Нејзиниот Син, а наш Бог, Богочовекот Исус Христос. Кој Кому овде Му е послушен? И што овде не е јасно!?

Сакам сега да споделам со вас некои мои сознанија, доживеани како одредени случувања, кои ги чувствувам како клучни во мојот духовен живот, а се надевам и вам многу ќе ви помогнат. Примете ги како обична исповед и помолете се за мене, бидејќи, иако знаев, доста потфрлив во исполнувањето.

TVIT815

Пред многу години, на самиот почеток од мојот православен духовен живот, во книгата „Старец Захариј“ (1850 – 1936) го прочитав следното: „Старецот многу се радуваше кога некој од неговите духовни чеда го исполнува молитвеното правило на Богородица, кое се состои од тоа молитвата Богородице Дево да се кажува секој ден по сто и педесет пати. Мајката Божја Самата го има устроено ова правило, но луѓето уште одамна го пренебрегнале, пренебрегнувајќи го на тој начин и послушанието кон Богородица Патеводителката, нашата Радост“. Го доживеав прочитаното како за мене да се однесуваше и со голема радост го прифатив.

Уште велел: „Ништо не започнувајте, чеда мои, без благослов од Царицата Небесна. А кога ќе го завршите делото за кое сте барале благослов, заблагодарете Ѝ се на Неа, брзата Помошничка во сите добри дела“. Рековме дека секој Божји дар само преку Неа го добиваме. Оттаму и молитвата: „Господи Исусе Христе, заради Богородица, помилуј нè!“

Во истата книга го прочитав и ова: „Свети Серафим Саровски (1759 – 1833), исто така, на своите духовни чеда им го препорачуваше ова правило. На монахињите од Дивеевскиот манастир им советуваше, секојдневно, шетајќи околу ѕидот на манастирот, да ја изговараат молитвата Богородице Дево сто и педесет пати. Во ќелијата на овој светител е пронајдена необична книгичка со опис на чудата што им се случувале на луѓето кои го исполнувале ова молитвено правило“. Точно така, прво ги доживуваме како чуда, а потоа стануваат секојдневна реалност. Се запишуваат единствено за да се поттикнат верата и подвигот на другите.

Свети Григориј Палама, во своите дела, објаснува од каде произлегува ваквиот однос, посебно на нас, монасите, кон Богородица Марија.

Би го подвлекол само следното: „се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите (земни) врски… и воспостави нов и неискажлив пат кон Небото“. Во неколку зборови е собрано сето она што постојано ви го говорам за восогласувањето на начинот на нашиот подвиг со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме, односно за екстремното туѓинување од првиот степен до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва. Ниту ќе имаме, ниту пак, сакаме подобар образец и учителка за собран и внимателен живот на внатрешниот човек од Пречистата Богородица Марија.

Но како сето ова го знае свети Григориј Палама? Секако, само од личен опит. Прочитајте го неговото житие, од кое сега ќе ви претставам еден мал исечок:

„Еден ден, на Света Гора, кога Григориј беше задлабочен во молитвата кон Бог, одненадеж пред него застана светлозрачен и благолик маж, свети Јован Богослов, и умилно гледајќи кон него, го праша: ’Зошто ти, молејќи Му се на Бог, секојпат постојано повторуваш: просветли ја мојата темнина, просветли ја мојата темнина?‘ Григориј одговори: ’Што друго би барал освен тоа: да се просветлам и да познаам како да ја творам Светата волја Негова?‘ Тогаш светиот Евангелист му рече: ’По волјата на Владетелката на сите, Богородица, отсега јас ќе бидам со тебе неотстапно‘“.

Колку убаво: „По волјата на Владетелката на сите, Богородица…“ Гледате ли како Таа – нашата Учителка, внимава на трудот на оние кои го следат патот што им го покажала и како ги поткрепува?

Еве и уште нешто од мојот мал опит, собран во Нејзината Школа, што секој од вас може веднаш да го присвои и во пракса да го вкуси, без никакви посебни подготовки:

Кога даваме (кога Му се принесуваме) преку молитвата на Бог без да бараме од Него нешто, тогаш молитвата ни е собрана, а кога бараме од Бог нешто, тогаш нашиот ум се расејува.

Кога молитвата не е цел самата по себе (се мисли на постојаното повторување на името Христово), туку нејзина цел е заедницата со Бог, тогаш молитвата се кажува во дух на покајание; и обратно.

Кога во молитвата Го бараме само Бог, тогаш срцето се отвора и умот влегува во него, а кога го бараме отворањето на срцето, тогаш тоа се затвора.

             Ајде повторно и оваа година – како и во годините наназад, на Нејзиниот роденден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило Богородице Дево… Оваа молитва, за нас, раслабените, е последна брана пред злото што навира од сите страни; и на личен план и на план на заедницата. Но, овојпат, не без плач – макар внатрешен, без оглед на тоа дали на нив се принудуваме или ни доаѓаат од благодатта. Не без покајание, пред Неа.

Пресвета Богородице, прости ни и спаси нѐ!



Митрополит Струмички Наум

 

 Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная