Коментар на денешното евангелско четиво:
"Додека Христос го проповеда Царството Божјо низ градовите и селата со него заедно оди и одредена група луѓе. Некои од нив се негови ученици, некои се исцелени од разни болести, некои од демоноопседнатост, некои дел од власта, а некои му служат со своите имоти. Постепено околу себе Господ Христос ги собира сите оние кои потоа ќе бидат Негови сведоци, ја собира својата Евхаристиска Заедница, ја собира својата Црква.
Сведоци Христови можат да бидат само оние кои ги чуле Неговите зборови, ги спровеле во дело и останале со Него докрај – и тогаш и денес. Клучно е претрпувањето докрај – со Него, само тоа се важи. Инаку, многу е битно на почеток, за еден духовен водач, да се посвети и да оспособи мал број, но добри ученици; како Богочовекот Исус Христос што ги собра само дванаесетте Апостоли. Во наше време, исто направи старец Јосиф Исихаст. Неговите први ученици, посебно Ефрем Филотејски, Харалампиј Дионисијатски и Јосиф Ватопедски го возобновија речиси целото монаштво на Света Гора и пошироко – во Македонија, на Балканот и во светот."
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:1-3
1. Потоа Он одеше по градовите и селата, проповедајќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесетте,
2. и некои жени, што беа излекувани од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалина, од која беа излегле седум демони;
3. и Јоана, жената на Хуза, настојникот Иродов, и Сусана, и многу други, кои Му служеа со своите имоти.
2023