логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Гледам: штом напишам колумна за тоа што треба секој човек да поправи кај себе, читаноста ми паѓа. Штом напишам идеолошки калорична колумна, читаноста расте. Ама тоа не ме радува: тоа значи дека народов е навикнат на идеолошки фаст фуд, а не на здрава човечка, морална и антрополошка храна. И интересно, многу повеќе сака заблуди, одошто вистини. И многу заблуди прогласува за вистини, зашто така му е полесно. Алибито да не се слушне вистината е болест на нашата доба. Јас си продолжувам, па кој чита – чита.


На пример, заблудата дека министрите се луѓе на власт на кои треба да им се поклонувате. Напротив: министерот треба да ви се поклонува вам. Особено ако сте магистер. Министер, имено, на латински значи – слуга, послужител, оној што треба да му служи на народот, а не народот нему, како кај нас, особено во некои министерства. А магистер, пак, значи – водечки, главен, учен, мајстор. Во основата на „магистер“ лежи „магнус“, голем, а во министер „минор“, мал. Значи, како што вели една позната хрватска лингвистка во една своја студија, министрите треба да им се поклонуваат на магистрите. А не обратно, како што е денес вообичаено.

Друга честа заблуда (особено на скопските улици): дека добар возач е оној што ги почитува сообраќајните правила. Тоа би требало теоретски да е точно, но праксеолошки воопшто не е точно. Возач е оној што внимава на тоа како возат другите околу него и се приспособува кон нив и нивните прекршоци. Ако не се приспособи, ќе настрада. Ако застане на жолто, го чека удар одзади: понекогаш мора да помине и на црвено (и да направи прекршок), зашто некој „го јава“ одзади. Бидејќи будалите се во мнозинство денес, и ги уживаат сите демократски права, вклучувајќи го и правото на управување со моторно возило, добар возач е оној што гледа и во ретровизорот, будно следејќи што се случува назад, но гледа и напред. Притоа, добриот возач треба да има и пророчки способности, односно да ги предвидува намерите на сите возила околу него, бидејќи веќе воопшто не се користи сообраќајна сигнализација (трепкач), туку се остварува без предупреда она што се наумило.

Или заблудата кај верниците (особено сега, за време на големиот пост) дека постот е манијакално строго консумирање посна храна. Прво, и да јадеш само варен компир, и да постиш на вода, ако изедеш 5 килограми компир денес, не си постел, зашто постот е воздржување и од посна храна. И конечно, постот воопшто не е во храната, туку во воздржувањето, а тоа е духовна вредност. Воздржување од сè: лош збор, лоша мисла, од секое претерување. Оние што ригорозно држат пост, плашејќи се дури и да лизнат со прст дали млекото што им го даваат на своите деца е расипано, тие не постат. Тие се на еден вид религиозна диета. И тоа на ригидна диета, базирана на стерилни принципи, кои од религијата прават фарса.

Или заблудата дека професор (учител, даскал) е оној што подучува. Или некој што толку многу знае што веќе нема потреба да учи. А, всушност, учител е оној што постојано учи и чита, иако се стекнал со титулата учител. Учител, тоа ви е постојан студент. Ако не учи и не се надградува, се претвора во обична интелектуална перика и пудра подготвена за прием во мавзолејот и будоарите на некоја академија. Така, мора да се разбие и таа илузија: имаме и професори што ништо не знаат, а примаат плата како професори. Како што имаме млади луѓе што иако учат, и уште не дипломирале, можат да подучуваат и свои колеги, а богами и некои свои професори.

Или заблудата дека животот служи да се ужива во него. Во таа филозофија на хедонизмот, за која е виновен и Фројд со своето тврдење дека човекот е суштество создадено за уживање (што ако не се оствари води кон фрустрации), сепак, мора да се признае, има извесна среќа: кој од нас не се чувствувал убаво на седенка со драги луѓе и префинети вина и тутуни? Но тоа не е смислата на животот: тоа се паузите, интермецата на уживање, кои служат само колку да се земе душа за да се продолжи понатаму. Кон што? Кон целта. Само живот со поставена цел води кон трајна среќа; плитката среќа доаѓа дури и од папилите на јазикот, или од еректилните телца на фалусот, од очите, ушите, мирисите и допирите. Но секое поставување цел во животот, секоја потрага по длабока и вистинска среќа, подразбира разбивање на заблудата дека на овој свет сме дошле за да уживаме. Токму спротивно: на овој свет сме дошле да го жртвуваме својот живот. Само живот што се жртвува има смисла. А можете да го жртвувате за своите деца, за научно откритие (како Никола Тесла, кој од сите уживања што ги носи животот практикуваше само едно – хранење гулаби), за својата татковина (само прво проверете да не сте будалетинка што ја пуштаат во првите борбени редови како топовско месо, зашто за татковината најчесто владетелите жртвуваат туѓи животи), за уметничка слика, за хоби, за хуманитарни цели и правење добри дела. Во секој случај, животот е ЛИШУВАЊЕ, за повисока цел. За несреќа, денешниве млади луѓе не го сфаќаат тоа. Сметаат дека може да се добие сè, дури и диплома, без да се лишат или воздржат од нешто – од ноќен живот, на пример. Она што е интересно е дека – успеваат. Има некои општествени околности што им одат на рака, очигледно.

Или, денес, особено раширената заблуда за храброста, особено политичката. Три нешта денес, по заблуда, се прогласуваат за храброст: лудоста (онаа клиничката), невоспитаноста и стравот. За лудоста, односно за психопатологијата нема потреба да објаснувам ништо. Веќе одамна знаеме дека лудилото прво се подложи на деконструкција и слезе од каучот на Фројд за да влезе како разулавена толпа по собранијата на светската политика. Некои светски водачи имаат и фацијални симптоми на „изместеност“, но поради тоа што психијатрите молчат, тие луѓе и натаму водат држави и институции. Невоспитаноста, пак, е посебен балкански специјалитет, кој често се сервира како храброст, и тоа повторно во политиката, и посебно по социјалните мрежи. Стравот, пак, како „мимикрија“ на храброста е најинтересен.

Познато е дека стравот се пројавува како агресивност (особено кај животните, а бидејќи парот животно/човек е денес сериозно деконструиран, тоа се случува и кај луѓето). Во една најзамаскирана форма, стравот се јавува како супериорност и самоубеденост. Самоубеденоста, за жал, денес е редовен интелектуален „дрес код“ на политичарите. Убедени се, наводно, во она што го говорат, убедени се во своите квалитети, убедени се дека е така како што велат и никако поинаку, не се расположени за спротивни мислења, а токму стравот е афект што не познава „алтернатива“: фобијата од затворен простор бара само едно решение, а тоа е веднаш да се напушти затворениот простор и да не се прави компромис со ниедно друго решение.

Има уште многу такви заблуди. На секој чекор. Затрупани сме од една семиотичка депонија на заблуди. И кога секој од нас, секојдневно, би расчистувал со по една од нив, мислам дека многу појасно би гледале на стварноста. И не гледам зошто таа работа врз сопственото самоосвестување и расчистување со заблудите не би била поважна од доброволниот ангажман во некоја партија. Дури, мислам дека тоа е и најважната задача што човек треба да си ја постави себеси како цел. За да остане – цел, како човек. Толку.

7.Vselenski.sobor

 

Извор: https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%82%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b7%d0%b0%d0%b1%d0%bb%d1%83%d0%b4%d0%b8/

26ти декември 2019 лето Господово

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная