логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT367

Македонците со исламска вероисповед претставуваат исклучително значаен македонски супкултурен идентитет. Државата треба да спроведе соодветни развојни политики за да се избегне радикализирање на т.н. флуктуирачки идентитет на Македонците муслимани. Верата не смее да се претвори во фактор на делба (дезинтегративен) на македонскиот народ, напротив. Македонците со исламска вероисповед ѝ припаѓаат на македонската етнонационална целина

Од осамостојувањето на Р Македонија во 1991 година, сведоци сме на процес на дезинтеграција на македонскиот народ врз религиско начело. Вероисповедта или конфесијата се користи како повод за создавање не само нови верски заедници туку и нови етнорелигиски идентитети (заедници, народ). Тој нов етнорелигиски идентитет дури стекна одредена политичка улога, затоа што беше повод за одредени развојни политики. Карактеристичен е примерот со Македонците со исламска вероисповед, наречени уште Македонци муслимани, славјански муслимани и Торбеши. Во оптек се неколку религиски називи што прераснаа во етнорелигиска одредница. Пред да се формира посебна политичка партија на Торбешите врз етнорелигиски предзнак во 2011 година, „Торбешите“ побараа да бидат прогласени за уставно признаена етничка заедница, трета по бројност во Р Македонија. Оваа иницијатива беше проследена со усвојување на Повелбата за идентитетот на македонските Торбеши, на народен собир одржан на 2 јануари 2011, како и со објавување на Торбешката декларација (Торбешки културно-научен центар, Струга 2011). Во овие акти се застапува тезата за автохтоноста и посебноста на Торбешите во континуитет од 10 век до денес. Како дојде до тоа да се дезинтегрира не само македонската нација (сфатена надетнички, како целина составена од македонскиот народ и сите национални малцинства, народности, по новата парадигма „заедници“) туку и македонскиот народ? Дали дезинтегративните процеси последниве 22 години се насочени кон тоа македонскиот народ од доминантен конститутивен народ на Република Македонија да се претвори во една од многуте етнички заедници, која, во крајна линија ќе биде дополнително подложена и на политички, економски, финансиски, медиумски, психолошки и други апсурдни притисоци со цел „самоиницијативно“ да се конвертира во нешто друго што не е и не била никогаш? Ова прашање се поставува и денес како актуелно, затоа што меѓународната заедница и силни внатрешни етнополитички фактори инсистираат во Уставот (преамбулата!) да влезат и заедници, кои по бројност се минорни и кои во изминатите 70 и повеќе години, никогаш на слободните државни пописи не се декларирале како граѓани на Македонија од посебен етнички идентитет (оделе под графата „други“).

Во овој текст ќе дадам само два одговора: прво, македонската актуелна рашомонијада е поттикната тенденциозно со политички акти и договори кои имаа влијание врз уставната структура на македонската држава од 1991 и кои за неполни две децении темелно ја сменија таа структура. Првиот договор е еден вид мировен договор потпишан во Охрид 2001, вториот е под патронажа на ОН и е потпишан во Нивице, познат како Преспански договор од 2019, третиот е договорот со Бугарија во којшто еден навидум бенигнен член се претвори во извор на нова дестабилизација на македонската уставна, политичка и идентитетска сценографија. Во меѓувреме, донесени се уставни амандмани и други акти со коишто Македонија се откажува од каква било грижа за своето македонско етничко малцинство во соседството и во светот, се откажа од своето легитимно избрано знаме, се откажа од суштествени делови на својата историја, и со тоа повреди значаен дел од македонската колективна свест, запишана во македонското усно предание и во актите на водечките македонски научни, политички и револуционерни дејци (почнувајќи од Ѓ. Пулевски, МНЛД-Петроград, Д. Чуповски, па завршувајќи со втемелувачите на современата македонска република од 1945, на независна Р Македонија, вклучувајќи и на македонската научна и културна елита, како и на огромното мнозинство од македонскиот народ во државава и надвор од неа). Прво, денес се збиднува нешто навистина апсурдно: држава чиешто малцинство не смее ни да се спомне јавно, а не па да биде признаено уставно, го отвора својот Устав за да признае малцинство кое стапува на историската сцена само пред неколку месеци, одеднаш, менувајќи го својот претходно деклариран македонски идентитет во некој друг (од македонски во бугарски, на пр., ама имаме и Македонци кои одеднаш се декларираат како Албанци, Турци, па и „Торбеши“). Нема сомнение дека се работи за политичко-социјални, медиумски и финансиски влијанија чијашто цел е асимилаторска, а со тоа на штета на македонскиот народ и неговиот национален и државотворен капацитет.

Во цел свет се менува политичката и националната парадигма, па и во Македонија, а нашата колективна и политичка свест се наоѓа во попладневна дремка. Граѓанските права на сите етнички, религиски, родови и други заедници можат да бидат унапредени и без промена на Уставот. Кај нас промената на Уставот под речиси ступидни и комични изговори (демек така ќе се повлече разлика меѓу Македонци и Бугари, разлика која, всушност, може и треба да биде повлечена во самата Бугарија по однос на историски присутното бројно македонско „малцинство“!). Отворањето на Уставот ќе отвори процес на идентитетска анархија и етничките Македонци ќе бидат притиснати до ѕид како во минатото. Кој се бори за гол опстанок е подготвен на жртви, зарем не? Политичката реторика е убедлива ама се темели врз лажни аргументи, на двосмислен начин, меѓу редови. Хуманистичката димензија на многу радикални интервенции е само изговор за остварување нелегитимни цели.

Второ, извор на сите конфузии по однос на македонскиот карактер на Р Македонија е воведувањето на мултиетничкиот режим, кој нашироко создаде можност за формирање политички партии и кампуси врз етнички принцип. Создадовме етнократија зад којашто се крие плутократија (сомнителен финансиски интерес на параполитички групации). Со тоа ја маргинализиравме демократијата, ја поткопавме македонската нација, нејзиното единство, а со тоа ја поткопавме и унитарноста на македонската држава. Во рамките на тој етнопартиски систем доаѓа до натамошна конфронтација на Македонците врз партиска основа. Партискиот и религискиот идентитет не смее да бидат причина за дезинтеграција на македонскиот етнонационален ентитет. Во таков контекст погледнато, единството на македонскиот народ е доведено во прашање по повеќе основи: религиски, партиски, па ете, дури и етнички. Богатата историска, културна и религиска слоевитост на македонскиот народ е (зло)употребена за ефемерни и прагматични цели, сите во интерес на други национални и државни интереси. Создадовме еден вид внатремакедонски „милет систем“ на македонски верски идентитети. Треба ли сите верски идентитети да станат етнички? Современото поимање на етносот и на нацијата не се темели врз традиционалниот критериум на верата. Македонците со исламска вероисповед претставуваат исклучително значаен македонски супкултурен идентитет. Државата треба да спроведе соодветни развојни политики за да се избегне радикализирање на т.н. флуктуирачки идентитет на Македонците муслимани. Тие со право некогаш даваат отпор спрема отсуството на социјален сензибилитет на македонските државни институции спрема нивните потреби, спрема нивните специфики. Верата не смее да се претвори во фактор на делба (дезинтегративен) на македонскиот народ, напротив. Македонците со исламска вероисповед ѝ припаѓаат на македонската етнонационална целина. Тажно е да се гледа како еден препознатлив дел од македонскиот народ се преобразува, произволно, со помош на несоодветни развојни и други политики, во етнички конструкт. Да потсетам ли дека ваквите политики се дел од процесот на т.н. балканизација, односно фрагментација на Југославија и на Македонија. Раздели, па владеј е гесло на сите колонијални политики, и во далечното минато и денес. А власта е како енергијата, не се губи, само си го менува ликот!

Катица Ќулавкова

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/sloevitosta-na-makedonskiot-identitet-i-integritetot-na-makedonskiot-narod/?fbclid=IwAR338t3dHTxzWqhbCyZ0uB-ki8AXd5r07Gu9tuAF380m54KoVJU2bYgG6Ic

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная