Емилија Јовановска |
Живко Јанкуловски |
Богословскиот факултет Свети Климент Охридски и Факултетот за исламски науки ќе ги станат дел од системот на високото образование.
Покрај верските заедници, кои се основачи на факултетите, пари за нивното функционирање ќе дава и државата. Со 63 гласа „за“ и ниту еден „против“ пратениците денеска го изгласаа овој закон.
„Со новиот закон се овозможува високообразовната установа на верска заедница да биде во состав на јавен универзитет како придружна членка“, изјави Живко Јанкуловски, вицепремиер за образование.
Двата факултети формирани од верските заедници ќе стекнат статус на приватни-јавни непрофитни високообразовни институции. Ќе се изедначат правата на студентите со оние на другите факултети, а ќе се признаваат и нивните дипломи.
Законот беше донесен по итна постапка со цел Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки, веќе од учебната 2008/2009 да функционираат согласно системот на високото образование.
Инаку, Собранието денеска донесе уште два закони поврзани со формирање на нови факултети.
Имено, од октомври Битола во рамките на Универзитетот Свети Климент Охридски ќе почнат со работа факултетот за безбедност, технолошко техничкиот, ветеринарниот и правниот факултет.