Од 21. до 27. јули 2008 година во градот Елена (Бугарија) се одржа Европската дипломска школа за античка и средновековна философија (EGSAMP), на која учествуваа триесет професори, асистенти, докторанти и магистранти од Германија, Франција, Белгија, Италија, Бугарија и Македонија. Темата на школата беше „Природата и уметноста – меѓукултурниот европски дијалог во касното средновековие“ (Natur und Kunst – der interkulturelle europäische Dialog in Spätmittelalter), при што предавања одржаа проф. Цочо Бојаџиев (Софија), проф. Георги Каприев (Софија) и проф. Андреас Шпеер (Келн).
Присутните докторанти и магистранти имаа можност во утринските работни сесии да ги презентираат своите истражувачки проекти. Од Македонија учествуваше Милан Ѓорѓевиќ (докторант на универзитетот во Келн и дипломиран богослов на богословскиот факултет во Скопје) со изложување на тема „Свети Никола Кавасила – еден пат кон синтеза на традициите“, после кое се разви плодотворна дискусија. Во рамките на летната школа беа организирани и екскурзија во трновскиот регион, како и прошетки во Трново и Софија.
Подготвил: Милан Ѓорѓевиќ
Извор: http://digitalareopagus.wordpress.com/