Имаше многу и за и против веронауката во последно време, но мене лично многу ме исправоцира последниот осврт против текстот на Ненад Новковски.Прво ќе кажам дека јас ја сакам ,можам дури да речам дека и премногу ја сакам, науката.Редовно ги следам најновите случувања (по весници списаснија,интернет,спесијализираните ТВ програми итн.)од областа на науката.Но, јас исто така ја обожавам и Библијата.Ја читам, ја проучувам и досега во мојот ум не се појавиле никакви пречки.Не би знаел и зошто би се појавиле.Дури и една моја драга професорка по македонски јазик, инаку комунист по убедување,секогаш велеше:Библијата е извор на сите мудрости на Светот.Но да не должам туку ќе прераскажам една анегдота:
Еден универзитетски профессор ги предизвикал своите студенти со следново прашање:Дали Бог создал се што постои?,,ДА,, извикале студентите во еден глас.,,Бог создал се?,, повторно прашал професорот.,,ДА, професоре,,одговориле студентите.Професорот продолжил,,Ако Бог создал се,тогаШ Бог го создал и злото,ако тоа постои.И според принципот дека нашите дела зборуваат за нас,следи дека Бог е зло!,,Студентите занемеле пред таквиот одговор.Професорот бил мошне задоволен од себеси затоа што уште еднаш им докажал на студентите дека верата во Бога е само мит.Еден студент кренал рака и го прашал професорот:Професоре, може ли да Ви поставам едно прашање?,,Секако,, одговорил професорот.,,Професоре ,постои ли студ?
Какво е тоа прашање? Па секако дека постои.Студентите се изнасмеале на чудното праШање на својот колега.Студентот продолжил:,,Всушност,господине,студот не постои.Според законите на физиката,она што ние го сметаме за студ всушност е отсуство на топлина.Секое тело или предмет е подложно на изучување кога поседува или зрачи топлина.Апсолутна нула(-273 С) е тотално отсуство на топлина.Секојаљ материја станува инертна и неспособна на реакција на таа температура.Студот не постои.Ние го имаме создадено тој поим за да опишеме како се чувствуваме на помала топлина.Студентот продолжил понатаму:,,Професоре, дали постои темнина?Професорот одговорил:,,Секако дека постои.,,,,Уште еднаш не сте во право професоре.Ни темнината не постои.Темнината, всушност, е отсуство на светлина..Можеме да ја изучуваме светлината,но не и темнината.Всушност,можеме да ја користиме Њутновата призма за да ја раздвоиме светлината на повеќе бои и да ги изучуваме различните должини на секоја боја пооделно.Не можете да ја мерите темнината? Можете да ја мерите само количината на присутна свеѕлина,нели?Темнината е поим што ние го користиме за да опишеме што се случува кога нема светлина.,,
Конечно, студентот го прашал професорот:,,Господине,постои ли зло? Сега несигурен,професорот одговорил:,,Секако, како што веќе и кажав.Тоа можеме да го видиме секој ден.Секојдневно можете да ја видите човечката нечовечност и насилство насекаде низ Светот.Овие манифестации не се ништо друго туку зло.,,На ова студентот одговорил:Злото не постои, господине професоре, или барем не постои само по себе.Злото едноставно е отсуство на Бог.Тоа е исто како темнината и студот-збор штого измислил човекот да го опиШе отсуството на Бог.Бог не го создал злото.Злото не е како верата и љубовта, коишто постојат како светлината и топлината. Злото е резултат на она што се случува кога човек не поседува Божја љубов во себе.Тоа е исто како што студот доаѓа кога нема топлина, или темнина што доаЃа кога нема светлина.Професорот седнал на своето место и не рекол ништо.
Името на младиот студент било Алберт Ајнштајн.Да, господине оној што ни овозможи да ги истражуваме времето и просторот од Биг Бенг па до ден денешен.Да ги истражуваме Вселената до најодалечените точки, ни даде надеж дека еден ден можеме да патуваме низ времето или од едниот до другиот крај на Вселената.Тоа е тој Алберт Ајнштајн, најголем меѓу најголемите умови во историјата на човештвото.И верувал во БОГ.И немал пречки во умот и разумот.А, мојот ум сигурно не е поголем од неговиот.А,не сум многу сигурен и дека воопшто ќе се роди таков некогаш.Затоа јас немам проблем со мојата верба во Бог.Всушност, немам ни друга опција.
Воведете Веронаука, меѓу верата и науката нема непремостливи разлики.Ајнштајн е доказот.верувам дека со веронауката како дел од образовниот сѕстем ќе имаме генерации кои само ќе придонесат да живееме во едно многу подобро опшество.
Посети: {moshits}