СПОРЕД ДНК АНАЛИЗИТЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ИНСТИТУТ ИГЕНЕА
Македонците претежно антички, Грците претежно германски народ
-
Денешните Македонци се потомци на античките, покажаа резултатите од истражувањата на швајцарскиот институт ИГЕНЕА. Институтот кој се бави со генетски истражувања на Европските народи и кој важи за еден од водечките во областа на ДНК анализи ги исфрустрираа Грците потврдувајќи го потомството на Македонците. На прашањето кое го поставува грчка државјанка, а кое гласи: Кои се корените на Славомакедонците, институтот на нивниот официјален форум одговара:
- Пред се, тие се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло.
Ваквите податоци Институтот за генетски истражувања ги поткрепува со докази. Но, податоците за потеклото на Македонците не е единственото разочарување за Грците. Според истражувањата на ИГЕНЕА само 32 отсто од Грците всушност имаат хеленско, македонско, па дури и арапско потекло. Дури 31 отсто имаат келтски корени, 12 отсто германски и словенски, а 11 отсто од Грците водат потекло од Илирите.
ИГИНЕА ги негира и илирските корени на Албанците. Наспроти верувањата на Албанците, ИГЕНЕА тврди дека тие најмалку имаат илирско потекло. Според генетските истражувања, само 20 отсто од Албанците имаат илирски корени, додека пак 40 отсто од народот кој живее на територијата на Босна и Херцеговина се директни потомци на Илирите.
Во изминатиов период официјалниот форум на швајцарскиот институт го преплавија прашања кои пристигнуваат токму од грчки граѓани, а кои најмногу се интерсираат, наместо за сопственото, за потеклото на македонскиот народ. ИГЕНЕА во своите истражувања покрај ДНК анализи, користи историски, антрополошки и археолошки извори.