логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Црна иднина и глад ги навасаа ткајачите на сари

Машинските кинески имитации на сари го преплавиле пазарот, па поради тоа милиони ткајачи се' повеќе се занимаваат со земјоделство

Шиваџатан Раџбар ги минува своите денови вткајувајќи златни и сребрени цветови на прекрасното висококвалитетно свилено сари на дрвениот разбој во својата колиба од кал. Кога ќе го заврши сарито, кое традиционално се смета за скапоцен дел од чеизот на индиската невеста, тоа ќе чини неколкупати повеќе од неговиот месечен приход, пишува Ројтерс.Северниот град Варанеси е дом на рачно ткаените сари. Иако ги создаваат најквалитетните и најубави сари на индискиот потконтинент, ткајачите, чиј број е од 200.000 до 500.000, никогаш не биле богати. Сега кога пазарот е преплавен се евтини машински ткаени сари, тие се посиромашни од кога и да е, па својот спас го бараат во земјоделството, физичката работа и во просјачењето. Ткајачите се дел од милионите Индијци оставени на маргините на општеството. Во деведесеттите години на минатиот век електричните разбои станале честа појава и со нив се правеле по неколку сари дневно, времето што на Раџбар му е потребно да исткае само 90 сантиметри од класичното шестметарско сари на својот дрвен разбој нишка по нишка.

МАШИНИТЕ ГИ ЗАКОПАА СТАРИТЕ ДРВЕНИ РАЗБОИ

Машинските кинески имитации на сари го преплавиле пазарот во последните неколку години, а нечесните трговци често ги продаваат како рачно ткаени. Ткајачите од Варанаси велат дека не може да се борат против нив, па илјадници домашни работилници згаснале. Почнаа полека да ги затвораат работилниците една по една - се потсетува Муни Деви, кој живее во селото Гуракала, во кое своевремено имало околу 100 разбои.Сега во селото има само два функционални разбоја. Многу од другите биле уништени и употребени како огревно дрво. Долгите дупки ископани во подот на собите во кои биле сместени педалите на разбоите сега изгледаат како празни гробови. Претходно, семејствата со ткаење можеле да изградат цврсти двокатни куќи, кои се сметале за луксуз во индиските села. Денес, овие некогаш горди занаетчии, полека ги продаваат своите алати за пари и земаат обработливо земјиште под наем за да работат во земјоделството. Д-р Ленин Рагуванши од локалната група за поддршка ПВЦХР нагласува дека речиси сите ткајачи се или Хиндуси од ниската каста или се од индиските муслимански малцинства: заедници што се маргинализирани и неписмени. Неговата група сака владата да го спроведе својот предлог за воведување печат за автентичност за разбоите за ткајачите да може да добиваат фер цени при продажбата на популарното сари на пазарот. Во меѓувреме, ако не можат да заработат со помош на своите разбои, ткајачите мора да прифаќаат физичка работа како возење рикша, продавање зеленчук, асфалтирање патишта или просјачење.

ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА СЕ САМОУБИВААТ

Во последните неколку години педесетина возрасни и деца од ткајачките семејства или умреле од глад или се самоубиле за да не ја трпат сиромаштијата. Многумина не ја поседуваат владината социјална картичка, која им овозможува бесплатна или храна со намалена цена. Туберколозата исто така е вообичаена. Родителите на Икбал Кан (15), и двајцата ткајачи, умреле не знаејќи дека од владата им следуваат бесплатни спасоносни лекови. И Кан сега страда од болеста што го направила сирак и спие поголем дел од денот, а неговата осумгодишна сестра ја презема на својот грб дополнителната работа на нивниот разбој со двете тетки. Рамаути Раџбар, како и многу други ткајачки, зборува за својата сиромаштија и за гладот со здрава доза хумор. Дури и децата што си играат меѓу колибите од кал изгледаат среќни иако неухранетоста им ја пожолтела црната коса и кожата им е видливо сува. Поголемиот дел од еднособната куќа на Раџбар во Багва Нала е зафатен од два нефункционални разбоја. Таа сега повремено работи на градилиштата. Ако ја најмат наутро, таа носи дома 60 рупии (1,5 долар) навечер. Раџбар може да си дозволи да ги нахрани децата само со чинија-две обичен ориз и малку леб дневно. Понекогаш тие воопшто немаат храна.Кажете ми што побргу да правам со 100 рупии. Да ги потрошам за леб, за лекови или за образование на моите деца. Немам многу надеж за иднината - вели Раџбар со закрвавени очи и подочници од умор, додавајќи дека нејзината најстара ќерка наскоро ќе почне да работи како садомијачка.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2635
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2776
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1409
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1606
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/07/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобната маченичка Февронија; Преподобен Дионисиј ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная