логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zivko.Grozdanoski

 

Писателот Живко Грозданоски, заедно со Управниот одбор на ДПМ, се нафати да раководи со професионалното здружение на писателите во период на „реконвалесценција“ и успеа за кратко време да се постигнат завидни резултати.

Неполни три месеци откако се одржа редовното изборно собрание на ДПМ, Друштвото успеа да се реорганизира, да ги пополни „дупките“ во правните акти и да го организира конкурсот за доделување на традиционалните годишни награди.

Редовен термин за доделување на наградите е 13 февруари, датумот на кој во 1947 година е формирано Друштвото на писателите на Македонија од страна на писателите Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

На редовно изборно Собрание, што се одржа на 1 јуни оваа година, избрано е ново раководство на Друштвото на писателите на Македонија. На Собранието беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.

За претседател на Друштвото на писателите е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Потпретседател на ДПМ е Зоран Анчевски. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Актуелното раководство, предводено од претседателот на ДПМ Живко Грозданоски, одлучи конкурсот за годишните награди да биде реализиран и оваа година, иако тоа се случува со големо доцнење.

Надвор од вообичаената временска рамка, ДПМ успешно го реализираше конкурсот за годишните награди за 2023 година. Зошто е важно да се задржи континуитетот на доделување на годишните награди?

– Доделувањето на годишните награди на ДПМ е централниот, најважен настан во Друштвото на писателите на Македонија, пред сè, затоа што на тој ден се чествува споменот на некои од најзначајните книжевници и втемелувачи на македонската култура, воопшто. Со тоа, пак – во едно сè понеолиберално, пофрагментирано време, го славиме и заедничкото негување на културата: не само што ДПМ ја слави и ја обновува културната меморија, туку – во едно време во кое книжевноста и културата се на маргините од медиумските радари – ДПМ има огромен потенцијал за промоција на актуелната книжевна и културна продукција, воопшто.

Zivko.Grozdanoski3
Во едно време во кое книжевноста и културата се на маргините од медиумските радари – ДПМ има огромен потенцијал за промоција на актуелната книжевна и културна продукција / Фотографија: Наташа Гелева

На доделувањето на наградите му претходеше избор на новото раководство на ДПМ. Кои други промени беа неопходни за да се реализира регуларен конкурс?

– На 1 јуни годинава се наследи една институција во која не постоеше (или можеби само не ми беше дадено до знаење постоењето на) никаков нормативен акт. Да се изразам вака: за да се извози конкурсот на годишните награди на ДПМ на регуларен начин, потребно беше да се изработи добра инфраструктура, односно да се изработи и да се усвои Правилник за доделување на годишните награди на ДПМ, како и Деловник што ќе ја регулира работата на комисиите. Се тргна од нула и се организираше конкурс.

Задоволен сум, пред сè, затоа што, што се однесува и до наградените дела, сметам дека никој не беше на никаков начин оштетен, беа избрани најрепрезентативните дела од финалистите. Но, секако дека ова беше прво издание на годишните награди на ДПМ со новите правилници, и тука има простор (и конкретни начини) за нивно усовршување. Предизвикот тука е да се постигне и да се одржи совршена инклузивност, односно ниедно дело да не биде исклучувано само затоа што авторот е член на Управниот одбор, или на Суд на честа, на пример.

Дали со новите Статут на ДПМ, правилници за работа на управните органи и Правилник за доделување на наградите се надминаа недоразбирањата што се појавија меѓу членови на Здружението?

– Недоразбирања секогаш ќе постојат, затоа што тоа е просто дел од нашата човечка природа: тие се дел од нашата сегашност затоа што се дел и од нашето минато, со нив сме израснале и ни се втиснале врз кожата и во зеницата од окото со кое гледаме кон светот и кон себеси. Наша обврска е упорно да негуваме позитивен однос на разбирање кон заблудите, но, на едно поконкретно рамниште, наша должност, исто така, е и постојано да ги усовршуваме и различните нормативни акти (што често и ги игнорираме, во име на некаква „слобода“), кои треба да послужат како некој вид патокази во нашето дејствување. Тука, пред сè, мислам на Етичкиот кодекс на Друштвото на писателите на Македонија, кој беше усвоен од Управниот одбор на Друштвото, и до кој секој член е обврзан да се придржува.

Zivko.Grozdanoski1
Наградени дела на Конкурсот за годишните награди за 2023 година

Со каков личен предизвик ја прифативте раководната функција на ДПМ?

– Убаво прашање. Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во јавноста, воопшто… Сакам да кажам, надворешните предизвици ми се чинат како ситница во споредба со внатрешните, лични предизвици. Главниот личен предизвик е обичното негување на личната добросостојба. Близок предизвик е поделбата на времето, балансирањето на придонесот кон заедничкото и на влогот во личнoтo. Вниманието кон туѓото наспроти вниманието кон сопственото творештво (и претседателот на ДПМ е писател, нели?). Значи, изразувањето на другите, од една страна, и личното изразување.

На едно уште посуштинско, па дури и „интимно“ ниво: предизвик ми е изразувањето на процесот на пишување (и функционирање) „по природниот тек на нештата“ како modus operandi, со кој човек се стреми и кон лична добросостојба, но и кон добросостојба во заедницата (каков што е случајот со успешната приказна со ДПМ). Личен предизвик е обидот да се понуди нов модел на лидерство, видено низ тој modus, т.е. лидерството како служење во заедницата, но со „неортодоксни“ придружни вредности, како ранливоста, на пример, или простодушноста.

Колку членови има ДПМ и со какви ресурси располага?

– На изборното собрание на 1 јуни, ДПМ имаше 112 активни членови. Сега бројот на активни членови изнесува 132. Но, бројката не значи ништо особено: важен е односот на членовите кон Друштвото, подготвеноста да се придонесе за функционирањето на ДПМ. Инаку, Друштвото располага со ресурсите што ги добива од Министерството за култура на годишно рамниште, но и со оние ресурси што ги добива од изнајмувањето на сопствениот простор. Тука има простор за конкурирање на странски фондови, и тоа е конкретна можност.

Што содржи годишниот план за работа на ДПМ до крајот на оваа година?

– Би сакале Друштвото да се стреми кон отвореност и за пошироката публика, преку славење на светското книжевно и културно наследство: ДПМ да не е свртено (само) кон домашната, или регионалната книжевна заедница, како во годините досега. Следните два настана се во таа насока. Потоа, ДПМ сака да се вмрежи и со други домашни институции од областа на книжевноста и на културата, се планира да се организира трибина на актуелна тема, а потоа и да се организира настан со авторите на ДПМ што живеат во странство, да се промовираат нивните дела, да се оствари таква кохезија: нешто што ми/ни е многу важно.

Секако, не треба да се заборават ни домашните автори, особено не оние повозрасните, кои со своето творештво и битисување воопшто придонеле за домашната книжевна и културна сцена. Се планира, понатаму, да се оствари поврзување со членството во внатрешноста на земјата, да им се отвори простор на авторите да понудат настани, но да се има обид и за поврзување со регионот. Јас се обидувам тоа да биде Грција, тоа е предизвикот.

Понатаму, ќе има два настана поврзани со театар: театарот е нешто што било неправедно недоволно присутно во ДПМ. Исто така, се планира и предавање, а потоа и проекција на кратки филмови снимани според сценарија напишани од македонски писатели. Се има големи планови, очигледно, а за поголем дел од ова да се оствари, ќе биде неопходен ангажман на повеќемина, дишење со полни гради и препознавање на важноста на личниот влог во заедништвото; ќе биде неопходна компактност на Управниот одбор, но и со други автори од членството. Но, битно е да се имаат убави замисли, и да се поттикнува убава енергија.

Имајќи предвид дека има статус на Здружение на граѓани, колку ДПМ успева да ја одржи и да ја истакне „тежината“ на своето значење во и за државата?

– Имајќи го предвид тоа дека Друштвото во месеците пред Собранието на 1 јуни годинава го имаше најтешкиот период, можеби, од почетокот на своето постоење па навака, добро е што ДПМ е одржливо, за почеток. Сметам дека сега сме во фаза на „реконвалесценција“, но истовремено зошто да не зборуваме и за тежина на значење во и за државата. ДПМ може да ја истакне својата тежина со тоа што може да дејствува гласно, сложно и независно, но и да промовира начини на работа што ќе ја промовираат и домашната и светската култура.

Дали е загрозен и на кој начин ќе дејствувате за подигнување на статусот на писател(к)ите во општеството?

– Треба да се тргне од помиреноста со тоа дека писателите денес не го уживаат истиот статус и влијание во општеството, како што го уживале, на пример, пред дваесет, триесет или педесет години. Тоа е просто така, и тоа не е случај само кај нас: и ние писателите, како и сите други чинители, сме условени од општествено-политичките околности во кои живееме, а тоа е, пред сè, неолибералниот капитализам. Со нив, ризикот е книжевноста и уметноста да бидат „вшмукани“ од центрите на економска и политичка моќ, за свои цели.

Тука, свесното здружување на писателите може не само да пружи отпор давајќи алтернатива, туку и да придонесе за обезбедување конкретни придобивки за писателите, со што може и на допирлив начин да го подобри статусот на писателите во заедницата. За почеток, Друштвото може да зборува за повластен третман на писателите од страна на другите институции од културата.

Zivko.Grozdanoski2

Во каква состојба се наоѓа книжевната ревија „Стожер“ и какви се плановите околу нејзиното понатамошно објавување?

– Книжевната ревија „Стожер“ продолжува да се објавува со предодреден ритам, иако не е достапна за купување од страна на јавноста, поради самата природа на Друштвото како непрофитна институција. Редакцијата на „Стожер“ е во дослух со членството, а главниот и одговорен уредник, Славчо Ковилоски, исклучително добро и посветено ја работи својата работа.

За мене лично, „Стожер“ (и покрај проблематичноста на името, за почеток, од кое дише рустикална (фало)центричност), макар само како идеја, е една убава манифестација на радоста од тоа да се биде во друштво на писатели. Главниот предизвик пред кој е исправен „Стожер“, во оваа фаза од постоњето на Друштвото, е самата дистрибуција на списанието до членството. Но, уште поголем и поубав предизвик е вмрежувањето со други списанија од регионот и организирањето размена на книжевно творештво со други земји, преводи на (извадоци од) дела – од македонски и на македонски јазик.

Успевате ли да најдете време и за сопственото творештво, во овие околности што, пред сè, ви ги налага раководењето со Друштвото?

– Откако во „Или-или“ го објавив мојот последен роман, „Писмо за Глорија“, (кој за моја голема среќа беше финалист за наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“, заедно со романи од Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Томислав Османли), малку паузирам со пишување. Но, постојано фаќам белешки, а пишувам и поезија.

Освен тоа, оваа година се навршува точно една деценија од отворањето на блогот „Булевар Ослободување“, на кој објавував разни мои текстови минативе години (раскази, есеи, колумни…), а се навршуваат и точно дваесет години од објавувањето на првата книга (збирка поезија), па планирам да се објави книга со избор од текстовите на „Булевар Ослободување“, а и (ре)објава на книга со песни.

Наградени автори на Конкурсот за годишните награди за 2023 година / Фотографија: Наташа Гелева

Доделување на Годишните награди – Најважен настан во ДПМ

Традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година на добитниците им беа врачени на свеченост што се одржа на 18 септември во главната сала во Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2023 година ја доби романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на „Матица“.

Добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија за 2023 година е делото „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, во издание на „Арс Ламина“.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади за 2023 година ја доби делото „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, во издание на „Чудна шума“.

Наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика за 2023 година ја доби книгата „Птици во аквариум: надреализам, 1924-2024“, од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“. Наградата „Мост“ не беше доделена поради недоволен број пристигнати конкуренти.

Тони Димков

(Интервјуто е објавено во „Културен печат“ број 248, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-22.09.2024)

 

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-so-zhivko-grozdanoski-dpm-mozhe-da-dejstvuva-glasno-slozhno-i-nezavisno/?fbclid=IwY2xjawFfl59leHRuA2FlbQIxMAABHTGp1myXCG4q3ID7S6NXKgVrtmPa52AIaiankIaRuH7Ska58MZRPtyleqQ_aem_mppCBz1GOZlxgvkuJjYxAg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2023
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2541
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная