Лондон, 16 октомври (МИА) - Речиси на една милијарда луѓе во светот им се заканува глад, смета британската невладина организација Оксфам во извештај публикува денеска на светскиот Ден на храната.
Во него се додава дека инфлацијата на цените на основните прехранбени продукти доведе оваа година до глад на дополнителни 119 милиони луѓе во светот.
Вкупно 967 милиони луѓе во светот страдаат од неухранетост, а најтешка е состојбата во Гватемала каде цената на житото се зголемила за 300 отсто.
Во Камбоџа и Филипини цената на брашното и оризот е двојно повисока, се додава во извештајот.
Во друг извештај на невладината организација Кеар интернешнал се наведува дека на 17 милиони жители на Африканскиот рог им се заканува глад. Од нив 6,4 милиони се во Етиопија и во половина од Сомалија. зш/7:35