Ја споредуваат со Моцарт: Ју Јеун
Јужнокорејката Ју Јеун(5), која е слепа, го изненади музичкиот свет во планетава кога покажа дека со едно слушање може без грешка да ја отсвири која било композиција, пренесува интернет-страницата „Иди види“. Ју Јеун е родена со оштетен вид и никогаш не земала часови по пијано. Ја споредуваат со Моцарт, и се верува дека благодарејќи на својот талент, може да стане голема ѕвезда. Само видеоклиповите од нејзините изведби на интернет досега ги имаат видено над два милиона посетители. Младата пијанистка на јужнокорејското шоу за млади таленти „Стар кинг“, на која освои 500 фунти, со својата изведба успеа да ја расплаче публиката.
- За музиката не знаеме ништо. Не можевме да имаме деца, па решивме да ја посвоиме. Почна да свири кога имаше три години - изјави нејзината мајка Парк Јунг Сун. Ју Јуен учествуваше и на прославата на Денот на Кореја, а во минатата недела настапи и пред сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг. На репертоарот на петгодишното девојче се дела од класици како што се тие напишани од Моцарт, Бетовен и Шопен.
Извор: Дневник
Посети:{moshits}