Без што човекот нe може да биде среќен?
Ние низ прсти го пропуштаме животот со неговите неповторливи денови, кои ни излегуваат во пресрет.
Ние летаме покрај главните настани и важни состаноци, непромислено брзајќи кон примамливата иднина, која привлекува и ветува смарагдни растојанија.
А денешниот ден, постепено исчезнува и ги губи последните особини на реалноста. За жал, така поминува


– Видете, го нарекуваат свет, а јас не знам дали е свет, дали пости, дали бдее, дали се моли со бројаницата и прави поклони, не знам за тие работи, можеби и ги прави. Но едно нешто знам – јас, како што можете и да видите, не сум добар монах и тоа го кажувам – пијам, се опивам, никогаш не постам, не одам на служби…
Кога би работеле на сопственото поправање и кога повеќе би биле свртени кон внатрешното отколку кон надворешното, давајќи ѝ предност на Божјата помош, повеќе и подобро би им помогнале на другите. Над сѐ, така би ја добиле внатрешната хармонија што тивко им помага на луѓето кои ги сретнуваме,
Страшнo e да сe убиe чивeк. Нeма збoрoви сo кoи ќe сe oпишe ужасoт штo гo oпфаќа чoвeкoубиeцoт. Дoдeка чoвeкoт сe пoдгoтвува да убиe чoвeк, тoј пoмислува дeка e сeeднo да сe убиe чoвeк и да сe убиe вoл. Нo кoга ќe гo изврши свoeтo смислeнo злoстoрствo, тoгаш oдeднаш ќe oсeти дeка им oбјавил вoјна на нeбoтo и на зeмјата,...
Ако ти сакаш да се сретнеш со Христос, ти Него ќе го најдеш во Црквата, бидејќи таму целото човештво е соединето со Бога во лицето на Христа. Невозможно е да имаме општење со Христос, ако се наоѓаме во лоши односи со луѓето. Со својот пример Старецот не учеше, дека нашата љубов кон Христа, доаѓа преку луѓето.
Кога ќе влеземе во таквата молитва, постојано ќе Го славиме Бога и сѐ ќе Му препуштиме Нему, онака како што се моли нашата света Црква: „Целиот свој живот на Христа Бога да Му го предадеме!“ Ова е „виша математика“ во нашата вера!"
„На почетокот Он рече: нека пушти земјата од себе трева…“ толкува Св. Дамаскин, „и сè до сега таа, откако ќе ја накваси дождот, ги произведува своите растенија поттикната и оснажнета од заповедта Божја. Така и овде Бог рече: „Ова е Телото Мое и ова е Крвта Моја, и правете го ова во Мој спомен;“
Нашата беда во тоа се состои, што ние растејќи во возраста, не растеме и во благодатта и Божјиот разум, како што тоа му успевало на нашиот Господ Исус Христос, туку спротивно: одиме малку по малку во разврат, и се лишуваме од благодатта на Сесветиот Дух Божји и стануваме во различна мерка грешни или многу грешни луѓе.
Исклучително полезни за умрените се и парастосите, домашните молитви, и добрите дела во нивен спомен, како што е милостињата, жртвувањето за Црквата, но особено полезно е споменувањето на Божествената Литургија. Има многу сведоштва и настани кои што зборуваат за таа полза. Мнозина кои умреле со покајание, но не успеале да го покажат тоа во текот на животот, се ослободиле од маки и добиле успокојување.
Неделата по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“
Литија со неговите мошти се одржува четири пати во годината, и на секоја од нив се спомнува за некој особен настан во кој верниот народ се уверил во застапништвото на светителит: на Цветници, кога според преданието, светителот го заштитил локалното население од чума,
Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.” Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.” Никодим Му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе...
Ти Кој живееш во непристапната Светлина, фатен беше од власта на темнината! Исусе, бесмртен Сине Божји, од синот на погибелта за смрт на светот покажан! Исусе, Ти Кој на сите бесплатно им се даваш, за сребреници Си продаден! Исусе, Сине Божји, спомни си за нас кога ќе дојдеш во Царството Свое!
Тој дух на победата неодоливо силно го пронижа секој миг од умилителното празничното богослужение во нашите монашки Обители, кои со една душа, мисла и ум ја живеат победничката радост и благодарно ги вкусуваат плодовите од подвигот на Отците. Носејќи ги со побожност, во свечена литија светите икони, браќата и сестрите и бројните присутни гости уште еднаш























