Почитувана…!
Ти веќе одамна знаеш дека постои ѓавол заедно со зли души, кои по своите злобни намери сакаат по секоја цена да го уништат човекот. Како им успева тоа? Еве како: се трудат да дејствуваат на човечките страсти и да ги распалат до таква мера за да можат да го уништат човекот.
На пример, кој пие без мерка, него злите духови го тераат да ние сè повеќе и повеќе, го наведуваат на опивање, на тепање, убиство п самоубиство и со тоа го упропастуваат засекогаш. Злите сили некои ги учат да крадат, некои ги наведуваат на високо мислење за себе, суета, гордост, и на крај, на духовна прелест и така го упропастуваат. А има и други патишта на кои го наведуваат човекот на пропаст.
Во состојба на душевен мир размисли во какво помрачување може да падне човекот и поради најмала причина колку лесно може да премине во вечната, страшна мака. Колку и да ни е тешко овде на земјата, дури и да живееме илјада години во тешки страдања, сепак ќе дојде крајот на сето тоа. А во адот, маките немаат крај. Замисли си, на пример, ваква слика: разбојничка дружина составена од стотина одвратни луѓе, да те фати во шума и цел ден да се изживува врз тебе… Како би се чувствувала тогаш? Таму барем ќе се избавиш преку смртта. А самоубиецот паѓа во рацете на бесовите (злите духови), гои се илјада пати полоши, полути и поодвратни од сите земни разбојници и се изложува не само на неизгасливиот оган кој не свети, не само на црвот кој не спие, туку и на нивнато потполно самоволие п потсмев… А на нивните маки им нема крај. Каков ужас! Да бидеш во таква ситуација само поради тоа што некој гневен те навредил. Ако таква ситуација не можеш да трпиш, зошто не се плашиш од адските маки?
Ти велиш дека во таква ситуација не мислиш на ништо друго, освен да се обесиш. Вистината ја говориш кога велиш не мислиш воопшто, бидејќи на Бога забораваш, ги забораваш вечните маки кои следат. Во тоа е и лукавството на злите духови и нивното дејство врз човечката душа.
Каде е Господ, таму се – мирот, светлоста, разумот и радоста. Каде е ѓаволот таму се – растројството, душевниот мрак, помрачувањето на умот, очајот, подготвеноста на секое зло.
Јас многупати сум зборувал за ова. Уште еднаш те предупредувам: не пружај му рака на ѓаволот. Моли се на Бога, во состојба на душевно спокојство да не паднеш во помрачување и да не им дозволиш на злите сили да надвладеат со тебе. Господ ќе те заштити, освен ако самата не паднеш во адот. Сети се на Јуда. Тој допушти ѓаволот да влезе во него и загина со страшна смрт, и падна во вечните маки, на дното во адот.
Не играј си со тоа. Чувај се подалеку од такви помисли. Господ нека ти помогне да го разбереш ова што ти го пишувам, и да не паднеш во рацете на злите духови, ни овде ни во идниот живот, и подобро овде нешто да претрпиш за да влезеш во Царството Божјо, во вечната радост и блаженство. Амин.
Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, 31-32.
Извор: Бигорски манастир
6-ти август 2018 лето Господово