СЕ ЛОШО ВО ЧОВЕКОТ НЕ Е СЛУЧАЈНО
Вие, млади луѓе, не гледајте со одвратност на оние што пијат, се тепаат и безобразно пцујат, чиј број, за жал, секојдневно се зголемува. И во нив е сочуван Божјиот лик, иако тие можеби не се свесни за тоа…
Непријателот на човечкиот род ги понижува и ги покрива со нечистотија, како икона покриена со прашина. Но, кога иконата ќе дојде во добри раце, таа ќе биде очистена и повторно ќе почне да блеска.
Секако, тешко е да го препознаете Божјиот лик во луѓето што се однесуваат лошо и грдо кон вас, во оние чии лица го одразуваат ликот на ѕверот, а не добрината на човечката душа.
Но, токму нив треба уште повеќе да ги сожалуваме, зашто нивните души се изобличени, можеби дури и непоправливо, и се изложуваат на опасност од вечни маки и страдања.

Колку е тешко да го љубите својот непријател!
Колку е тешко целиот живот да го посветите на учењето како да го љубите оној што ве навредува…
Но, мора да знаете дека со таквата љубов станувате слични на распнатиот Христос.
Свети Гаврил Грузијски
фб Православни Духовни поуки од Светите Старци


























