логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

    
Зборот ‘кандило’ доаѓа од латинското candela, што значи ‘свеќа’. Во православната Црква кандилото се става пред светите икони. Она кандило што се става на Чесната Трпеза во светиот олтар во храмот, се пази секогаш запалено и се нарекува „незгасливо“ кандило.

Едно кандило се става, исто така и пред домашниот иконостас и согласно православното предание, се пали секој ден.

Тоа е еден обичај што го запазува неговиот длабок христијански симболизам со светлината Христова, којашто го просветлува секој човек, којашто ја стоплува душата, ја зголемува надежта, ги одгонува бескрајните часови на осаменост.

Палењето кандило го симболизира принесувањето како жртва на нашата почит и чест кон Бога и кон Неговите светии.

Ја симболизира, исто така и светлината Христова, којашто го просветлува секој човек, а ја претставува и Господовата заповед дека ние, Христијаните, треба да бидеме светлина на светот.

Елејот, односно маслото што гори во нашите кандила „напоменува на Божјата милост“ – пишува Свети Симеон Солунски. Милоста Божја што се пројавила кога гулабот на Ное се вратил во коработ со маслиново гранче во клунот, за да извести дека потопот престанал; или кога Богочовекот, молејќи се засилено, со капките пот ги напојувал маслините, под чии гранки коленичел во онаа маченичка ноќ, во Маслиновата Гора.

Се разбира, сите знаеме дека неспоредливо повозвишена е внатрешната, невештествена, духовна светлина, отколку материјалната.    

Маслото ја симболизира бескрајната милост Божја, но кандилата исто така ја претставуваат и Црквата, којашто ја пренесува таа просветувачка милост Божја.

Ги симболизира исто така и Светиите што светлината Христова ги осветила, според зборовите на Господа: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен! (Матеј 5,16)

Има многу причини зошто треба да палиме кандило, како на пример:

– за да нѐ потсетува на неопходноста од молитва;

– за да ги осветлува светите икони и да ги прогонува силите на темнината;

– за да нѐ потсетува дека Христос е единствената вистинска Светлина и верата во Него е светлина;

– за да нѐ потсетува дека нашиот живот треба да биде светлина;

– за да нѐ потсетува дека како што на кандилото му е потребна нашата рака за да се запали, така и на душата му е потребна раката Божја, односно Неговата благодат;

– за да нѐ потсетува дека нашата волја треба да изгори, а љубовта кон Бога и кон ближните треба да биде горешта и пожртвувана.



Некогаш Господ Исус Христос се молел во Елеонската (Маслиновата) Гора, а денес храмот со многуте кандила се претвора во една нова таква Гора, каде елејот (маслото) нѐ потсетува на милоста Божја, а пламенот – на светлината во нашиот живот, којшто треба да биде светол и чист.

Лачењето светлина во храмот ја симболизира Божествената светлина на присуството Божјо, Кој ги просветлува срцата не само на новопросветените, туку и на сите Христијани. Господ ја јави оваа голема вистина за Себе со следниве зборови: Јас сум светлината на светот (Јован 8,12).

Он е светлина не само поради Неговото светло учење, туку главно поради Неговото светло присуство. Ова се потврдува, пред сѐ, со Неговото чудесно Преображение: и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина (Матеј 17,2).

Во Символот на Верата, Синот Божји е претставен како „Светлина од Светлина“. Во вечерната богослужба, црковниот химнограф, исто така Го воспева Господа како „Светлина тивка“. И Христијаните, преку светите тајни во Црквата и нивниот духовен подвиг, можат да ја примат светлината на благодатта на Светиот Дух и да зрачат со неа во своите животи.

Господ, поучувајќи ги учениците во беседата на Гората, рекол: Вие сте светлината на светот…Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен! (Матеј 5, 14,16)

Светиите во вечниот живот ќе се уподобат на Господа, ќе станат „богови по благодат“. Тоа јасно ни го кажува Господ со Своите пророчки зборови: Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе! (Матеј 13,43)

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная