КАКВА СИЛА ИМА ПРОСКОМИДИЈАТА - вистински поучен настан
Еден Светогорски монах добил вест од Русија дека една негова познаничка починала. Тој земал просфора, влегол во олтарот и ја дал на еромонахот кој служел "Оче, спомени ја упокоената" и го кажал името.
Само што еромонахот ја зел просфората во левата рака, а копјето во десната, монахот десно од жртвеникот ја видел упокоената. Таа била така свртена за да може да ја види жртвата која за неа се принесува !
Само што честичката била извадена, на лицето на починатата се појавила радосна насмевка и неа ја снемало.
Еромонахот ја пружил кон рацете на монахот просфората, но монахот не можел да ја земе.
Еромонахот прашал : "Што е со тебе ?" Монахот собирајќи сила, го кажал целото видение.
Сфаќате колку голема сила има проскомидијата, колку е таа важна за оние кои го напуштиле овој свет. Тие за себе веќе не можат да се молат, туку ги чекаат молитвите на блиските, роднините и пријателите.
Свештеник Николај Саров
Избор од ФБ на Жарко Илиевски
22.09.2018 лето Господово