На Бога често Му пристапуваме со список на барања.
Му кажуваме што ни недостига, што нè боли, што сакаме да се промени. А кога не се случува она што го бараме, се разочаруваме. Како Бог да е слуга на нашите желби, кој не си ја завршил добро работата.
Но молитвата не е рецепт за постигнување резултати. Таа е жед за однос, копнеж за средба. Не бараме само нешто да се промени во нашиот живот, туку нашиот живот да се исполни со Неговото присуство.
Најголемиот дар на молитвата не е она што Бог ни го дава, туку Самиот Бог. Неговото присуство да стане наша радост, а Неговата благодат — здив на нашето постоење.
И кога живееме во таа заедница со Него, се менуваат дури и нашите барања. Не престануваме да бараме, туку учиме да ѝ се доверуваме на тајната на Неговото промислување.
Зашто најголемото чудо не е Бог да го направи нашиот живот онаков каков што ние го сакаме, туку Тој да стане самиот живот по кој длабоко копнеевме.

Отец Харалампиј Пападопулос
Подготви: Симеон Стефковски
05.11.2026























