Теодоровото Коливо и Првиот Акатист
Тесна е и неискажлива благодатната поврзаност меѓу милостивата мајка на нашиот Бог и мачениците кои храбро умирале заради непоколебливата вера во нејзиниот Син. Хранет и поткрепуван од Богородичното мајчинско милосрдие и од верата во Оној Кој преку нејзината утроба дојде да го спаси светот, Светиот Теодор храбро Го исповедаше Христа пред поклониците на лажните идоли,


Утрешниот ден, понеделник, го означува почетокот на Великиот пост во Православната Црква [литургиски, понеделникот – а со тоа и постот започнува на Вечерната претходниот ден, Прочка, односно Неделата на изгонувањето Адамово од Рајот]. Иако за време на Великиот пост луѓето се придржуваат до некои повеќе или помалку строги правила, би рекол дека во тој период од верниците не се бара ништо особено, или ништо што не се бара во преостанатите денови од годината.
Избави ме, Боже мој, од стравот што го понизува и срами Твоето создание. Те молам да не се плашам од денот, ниту од ноќта, зашто Твој е денот, и Твоја е ноќта. Нека не ме плаши ни гората, ни водата; зошто Ти ги создаде горите, и меѓи си поставил меѓу водите. Нека не ме плашат ни горските ѕверки, ни водните ѕверки, зашто сите животни се Твои, Господи. Нека не ме плашат ни соништа во ноќта, ни привиденија во денот,
Јас го забележав тоа, и ѝ рековː „Што правиш? Ти си правиш зло сама на себеси; се лишуваш од сета добродетел што ја имаш во твојата душа. И што претрпуваш ти во споредба со она што го претрпел Христос за тебе? Јас знам дека си презрела голем имот и дека многу си разделила на сиромасите, знем дека на него си гледала како на ѓубре
Дванаесетте божикни дена се празничен период што ги поврзува двата велики Господови празници: Рождеството Христово и Богојавлението. За време на тој период славењето на првиот празник нѐ води кон другиот. Рождеството Христово се состои од тридневна прослава: формалното име на првиот ден е „Рождество по плот на нашиот Господ, Бог и Спасител Исус Христос“,
Воскликни Му на Бога, земјо цела. Воспојте го името Негово. Воздајте Му слава и похвала. Кажувајте ги сите Негови чудеса. Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои. Нека се развесели небото и да се возрадува земјата. Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име. Неговото дело е слава и великолепие. Тој му испрати избавување на Својот народ. Свето е и страшно името Негово. Од Сион, кој е врв на убавината. 
Бог нѐ сакаше, нас, Неговите ластовици, кои умиравме од студ – студот на самотијата, меланхолијата, гревот, болката, порокот, егоизмот. Егзистенцијален студ. А Бог нѐ гледаше и велеше: Ластовички мои, елате да се стоплите, има топли места, сакам да ве спасам, сакам да ви ја покажам Мојата голема љубов. Тој ни зборува уште од рајот, од каде што паднавме, а ние не Го разбиравме.
"Секој "религиски свет", вклучувајќи го тука и христијанството лесно се снаоѓа без Бога, но затоа но за момент не може без боговите т.е. без идолите. Таквите идоли постепено можат да постанат и црква, и побожност, и црковен начин на живот, па и самата вера...
Сметам дека постот на прв поглед е очистување на организмот, така што, тој не им смета ниту на „неверниците“. Но, за мене постот не значи само воздржување од храна, туку значи и поминување повеќе време на молитва и почесто одење во црква. Постите се држат во моето семејство, а јас еднаш или двапати неделно одам во црква.
И друг пат за политичарите рекол: “Што ќе направат за тебе политичарите, кога самите си се заплеткале во душевните страсти? Кога човек не може да помогне на самиот себе си, како може да помогне на другите? Ете и ние стигнавме до тоа. Ако бевме вистински христијани, ќе испратевме во парламентот, се разбира, не христијанска партија, туку
Откако ги навел примерите на свети Јован Крстител, светиот апостол Павле и на самиот Господ, кои со молитва и пост се подготвувале за јавна служба, свети Јован продолжува: ,,Кој е од страната на телото, со тоа се бори против духот, а кој го подржува духот, го потчинува под себе своето тело. Ете, тие ( духот и телото) постојано се борат помеѓу себе, затоа ако сакаш
Старец Амфилохиј од Патмос велеше: ’Секоја вечер испитувајте се дали можеби некого сте соблазниле! Можеби сум сторил нешто во мојот живот што довело до тоа некој да ја напушти Црквата‘. Тоа е проверка која треба да ја практикуваме сите ние кои носиме расо“.
Со други зборови, Божјиот суд е суд на љубовта. Љубовта не е ништо апстрактно и неопределено. Ние сме во светот и сигурно во пракса ги немаме силите – како да го кажам? Возможности? Згодни прилики? Време? – да правиме аскетски подвизи и дела, какви што чинеле светителите, какви што монасите навистина имаат можност да вршат итн. Ние секој ден сме во светот. Како може да се доближиме кон Бога? Преку љубовта.























