логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Светата Евхаристија се врши во знак на сеќавање на Христа. И пред сè – како спомен на Тајната Вечера, кога Господ ја востанови и, заедно со Своите ученици, Самиот прв ја изврши најсветата тајна на Новиот Завет, давајќи ја заповедта: „правете го ова во Мој спомен!“ Меѓутоа, таа никако не е само сеќавање, оти се сеќаваме на она што било и поминало, што некогаш се случило и го нема повеќе; Тајната Вечера не е само еднаш извршена, туку таинствено се продолжува до свршетокот на векот –„додека не дојде…“ Ние го исповедаме сето тоа секојпат кога пристапуваме кон Евхаристискиот пехар: „Прими ме денес, Сине Божји, за причесник на Твојата Тајна Вечера…“ Таа не се повторува, таа се продолжува… оти една е жртвата, едно е принесувањето, еден е Јерејот, „Кој принесува и Кој се принесува…“ „И сега претстои истиот Оној Христос; Оној Кој ја подготви таа трпеза, ја подготвува и оваа сега“, вели Св. Јован Златоуст, а потоа додава: „Таа трпеза на која беше востановена Светата Тајна, во ништо не е поисполнета од било која друга по неа, затоа што и денес се врши и се предава Истиот Оној, Кој беше и тогаш“.

Во тоа се открива тајната на соборноста, тајната на Црквата. Апостолот таинствено говореше за Црквата како за „полнота или исполнување Христово“ (Ефес. 1,23). Златоуст толкуваше дека „полнота“ значи дополнување, односно дека Црквата е своевидно исполнување Христово, Кој е само Глава на Своето Тело. „Тоа значи дека главата дури тогаш ќе биде исполнета, кога телото ќе стане совршено…“ А Телото Христово, Црквата, настанува и се исполнува во времето. На сличен начин, и секоја Евхаристија во извесна смисла, е исполнување на Тајната Вечера, нејзино остварување и откривање во светот и времето. Секоја евхаристиска служба е целосна слика на едната единствена, голема Евхаристија, којашто на Тајната Вечера ја изврши Спасителот во предвечерието на своето доброволно страдање. Како што вели Св. Јован Златоуст, секоја Евхаристија е сецела жртва – „неа ја принесуваме и ние сега – тогаш принесена, и никогаш не прекината… Секогаш и секаде еден единствен Христос, и таму сецел и овде сецел…“

Како Вечен Првосвештеник, Спасителот „непрекинато ја врши оваа служба за нас“, вели проникливиот византиски литургичар Никола Кавасила, но не така што Он повторно слегува на земјата и се воплотува или се вселува во осветените Дарови – „не така што вознесеното Тело слегува од небото…“ Со Своето Вознесение Христос, Кој оттогаш седи од десната страна на Отецот, не се оддалечи од земјата и „непрекинато престојува“ – во Својата Црква. Како што говореше Св. Јован Златоуст, „Христос и ни го остави Своето Тело и се вознесе со Него“ – во смисла на страшното и неискажливо евхаристиско претворање, така што со таинственото дејство на Светиот Дух, Когошто Синот Го прати од Отецот во светот, неискажливо се исполнува Пречистото Тело Христово. Во тоа и се состои Светата Тајна: не се повторува жртвата, не се повторува заколувањето… „Таа жртва“, вели Кавасила заЕвхаристијата, „не се извршува со заколување на Јагнето во тој час, туку со претворањето на лебот во заклано Јагне“. Со силата на молитвеното призивање на Црквата и доаѓањето на Светиот Дух се осветуваат поставените Дарови – со Неговата благодатна сила тие се изземаат од гнилежниот тек на природниот живот. Чесните Дарови се примаат на наднебесниот жртвеник Божји и постануваат вистинско Тело и Крв Христова и преку тоа бидуваат примени во единството на ипостаста на Бога Логосот: Тоа е Телото на Богочовекот родено од Дева, коешто пострада, воскресна, се вознесе и се прослави. Тоа е – Самиот Христос, Кој во две природи неслиено се спознава.

„На почетокот Он рече: нека пушти земјата од себе трева…“ толкува Св. Дамаскин, „и сè до сега таа, откако ќе ја накваси дождот, ги произведува своите растенија поттикната и оснажнета од заповедта Божја. Така и овде Бог рече: „Ова е Телото Мое и ова е Крвта Моја, и правете го ова во Мој спомен;“ и по Неговата семожна заповед така и бидува, сè додека Он повторно не дојде; и… „со молитвениот призив се спушта дожд затоа ново земјоделие – осенувачката сила на Светиот Дух“.

Тоа „ново земјоделство“, како што смело се изрази Св. Јован Дамаскин, е своевидна космичка тајна, осветување на природата – како претеча и почеток на онаа идна и голема обнова, кога Бог ќе биде сè во сè. Тоа е почеток на новото небо и новата земја. Во Светата Евхаристија земјата уште сега станува небо –„оти и сега на земјата мора да се види Телото на Царот Небесен“, забележува Св. Јован Златоуст. Меѓутоа, тоа не е самодоволно, физичко, природно чудо, тоа не е само преобразба на вештественото, оти евхаристиското чудо се извршува заради човекот и низ човечката природа на овоплотениот Логос. Евхаристијата е „лек за бесмртност“ како што има речено Св. Игнатиј Антиохијски, – „лек за живот“, „лек за нераспадливост…“. Тоа е нераспадлива и бесмртна храна за човекот. Евхаристијата за тоа и се врши, за да се јаде и Евхаристијата, пред сè е – трпеза. Примајќи ги Евхаристиските Дарови телесно, ние најинтимно се соединуваме со Христа, со Христа Богочовекот. Оти Плотта Господова, која е жива и има душа, низ единството на Ипостасот на овоплотениот Логос веќе е обожена; таа е, по зборовите на Свети Јован Златоуст, „Телото на Оној Кој е Бог над сите“. Со силата на непроменливото и неразделно единство на двете природи во ликот на Богочовекот, низ Евхаристиското вкусување, „низ измешаноста на Телото и Крвта“, како што вели Свети Јован Дамаскин, „ние постануваме причасници на Исусовото Божество“. За телесно – духовното битие, каков што е човекот создаден, нема друг пат ниту начин за соединување со Бога – како што тоа ни го откри Самиот Господ: „Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, нема да имате живот во себе“ (Јн. 6,53).

Создавајќи ја Црквата Своја низ таинственото најавување на Своите спасоносни страданија, Господ на Тајната Вечера ја востановува најсветата тајна на Новиот Завет и им открива на учениците дека тоа е тајна на единство и љубов. Господ во таа ноќ ги учи апостолите и ги поучува во љубовта говорејќи за неа како за сила на соединување. Он за Себе говори како за Нов и Втор Адам. Како Нов Адам, Господ е Пат за луѓето кои преку Него и низ Него доаѓаат кај Отецот. Таинствениот дом на Отецот во кој има многу станови е – Самиот Господ, во Чие Тело, Црквата, оние кои во Него веруваат со благодатната сила на љубовта се соединуваат во таинствената сотелесност со Него и меѓу себе, а се соединуваат низ Светата Тајна на Телото и Крвта – по Неговите сопствени зборови: „Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв ќе биде во Мене и Јас во него“ (Јн. 6,56), Апостолското учење за Црквата како Тело Христово превосходно го пренесува литургискиот опит и ја изразува литургиската стварност. „Оти лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб“ (1. Кор. 10,17). Златоуст толкува: „Ние сме – самото тоа тело. Оти, што е тоа – леб? Телото Христово… Што постануваат причесниците? Тело Христово… и тоа не многу тела, туку едно тело…“



Во Светата Евхаристија верниците стануваат Тело Христово. Заради тоа Евхаристијата и е Света Тајна на Црквата, „тајна на соборноста“, „тајна на заедништвото“. Евхаристиското заедништво не е само духовно или морално единство, ниту е единство на доживувањата, волјата и чувствата. Тоа е реално и онтолошко единство, остварување на единствениот органски живот во Христа. Самиот поим на Телото укажува на органската постојаност на животот. На оние кои веруваат, по силата и по мерата на нивното соединување со Христа, им се открива единствен Богочовечки живот – во заедница со Светата Тајна, во единството на живототворниот Дух. Древните отци на Црквата без никакви стеги говорејќи за „природното“ и „физичкото“ заедничарење, реалистички ја објаснуваат евангелската слика за Лозата. За причесниците на евхаристиската трпеза Св. Кирил Ерусалимски вели дека се „сотелесни и еднокрвни со Христа“. „Во Своето единствено Тело“, говореше Св. Кирил Александриски, „со посредство на таинствениот благослов Христос ги прави верните вистински сотелесни на Себе и меѓу себе“, за и ние самите да стапуваме и да се слеваме во единство со Бога и меѓусебно, иако секој поединечно со душа и тело се издвојува како посебна личност…“ „Заради тоа Тој се соедини Себеси со нас и во нас го раствори Своето Тело“, вели Св. Јован Златоуст, „за да и ние сочиниме нешто единствено, како што е телото соединето со главата. Тоа и е знак на најсилна љубов… Јас посакав да бидам постар брат. Заради вас примив тело и крв; и тоа тело и крв, низ коишто станав еднокрвен со вас, Јас пак ви го давам. Во Евхаристијата исчезнува човечката непробивност и исклучивост. Верниците „стануваат“ органи во Христа и преку тоа – органи еден на друг. Се создава ново, соборно човештво, род христијански. „Сите се – еден Христос, како што едното тело е составено од многу органи“, вели преподобен Симеон.

Евхаристијата е католична (соборна) тајна, тајна на мирот и љубовта, и заради тоа тајна на единството. Mysterium pacis et unitatus (Тајна на мирот и единството), според зборовите на блажениот Августин. Таа е вечера на љубовта. Како што Тајната Вечера навистина била Вечера на љубовта, оти Господ на неа им го откри и им го покажа на учениците „ненадминатиот пат“ на совршената љубов – по угледот на Неговата љубов: „Да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив“ (Јн. 13,34) па дури и нешто повеќе од тоа – по углед на Троичната љубов: „како што Отецот има љубов кон Мене, и Јас имам љубов кон вас; останете во Мојата љубов“ (Јн.15,9). Заповедта на љубовта Господ ја вознесува до тајната на Троичното единство – оти таа тајна и е љубов, „и тоа име му е помило на Бога од секое друго име“, забележува Св. Григориј Богослов. Завршувајќи ја Својата проштална беседа во Првосвештеничката молитва, Спасителот се моли за соединение и единство на оние кои веруваат во Него: „Да бидат сите едно, како Ти, Оче, што си во Мене, да бидат и тие во Нас едно… Јас во нив и Ти во Мене, да бидат восовршени во едно“ (Јн. 17,21,23). За нас разделените и издвоените, тоа обединување по примерот на Троица, Едносуштна и Неразделна, можно е единствено во Христа, во Неговата љубов, во единството на Неговото Тело, во заедницата на Неговата Чаша. Во единството на католичната (соборната) Црква таинствено се отсликува Троичното единосуштие; по примерот на Троичното единосуштие и кружниот тек на Божествениот живот, кај мноштвото верни се покажува една душа и едно срце (сп. Дела 4,32). Тоа свое единство и соборност Црквата го спознала и го остварила првенствено низ Евхаристиското тајнодејство. Би можело да се рече дека Црквата е слика на Света Троица во тварта – и затоа откривањето на троичноста е поврзано со основањето на Црквата. И Евхаристиското заедништво е таа полнота и самиот врв на Црковното единство.

(продолжува)

Извадок од: „Домострој: списание за православна духовна култура“, Скопје 1997, 37-41.

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная