логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. Затоа… не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И Јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Господ Седржителот. И така, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети а со страв Божји. (2. Кор. 6, 16- 18 и 7, 1).

„Секојдневно треба да се грижите за очистување на вашата душа. Занимавајте се со духовни дела и изговарајте ја молитвата Исусова. Вашите мисли, желби и копнежи се онаму каде што е вашиот ум. Покорувањето на нашиот дух е од првенствено значење. Трудејќи се да придобиеме добродетел, мораме да бидеме смиреноумни и внимателни, за да го откриеме порокот кој и е спротивен, а потоа да се молиме, Христос да нè ослободи од него. Не би требало многу да се грижиме за тоа како, кога и на кој начин нашето срце ќе биде во состојба да ја стекне таа добродетел“.

– Отче, читајќи ги списите на Светите Отци, го откриваме следново: некои светители велат дека молитвата е најзначајна, други, пак, зборуваат за послушноста и доброволната сиромаштија. Понекогаш е тешко да сфатиме што точно бара од нас Христос. Кога ќе помислиме дека сите тие добродетели треба да ги исполниме, истовремено паѓаме во очај, зашто невозможно е одеднаш да се бориме за секоја од нив. Но кога ќе сфатиме дека стекнувањето на тие добродетели е резултат на борба за секоја од нив, нашиот напор станува многу полесен. Можете ли да ми помогнете да сфатам што точно треба да сторам за да стапам на патот Христов?

Старецот ми рече:

– Очистувањето, божествената правда, смиреноумието, љубовта, послушноста, доброволната сиромаштија и сите останати добродетели, се една голема добродетел. Христос сака својата волја кон нашето јас да ја сведеме на нула. Доколку придобиеш некоја од тие добродетели, во неа ќе ги најдеме и сите останати; истото важи и за страстите, зашто една страст ги вклучува и сите останати.

Очистувањето бара душата да биде очистена од нашата зла волја; божествена правда е оставање на нашата волја заради волјата Божја;

Смиреноумие е понижување на својата волја и издигнување на волјата Божја;

Послушноста е да немаш своја волја и да се покоруваш на другите луѓе;

Молитвата е ослободување на умот од својата волја и желби и да се сосредоточиме на Бога.
Ако некој со голема желба, љубов и солзи се моли со чисто срце, тогаш тој го гледа Бога во неговот срце како во огледало.

Гледаш ли, значи, која добродетел и да ја земете доведува до ист резултат: отфрлање и очистување па сопствената волја. Човек може духовно да расте и да има полза само ако успее својата волја да ја сведе на нула. Кога американците сакаат да испратат ракета во вселената, тие го прават истото: бројат од десет до нула. Штом ќе стигнат до нула ја истрелуваат ракетата и таа полетува нагоре. Истото важи и за нашата душа: кога нашата волја е сведена на нула и нашата душа е очистена, таа се вознесува кон Бога!

Благодатта Христова се вселува во душата преку Светото Крштение; таа е дар кој е еден и ист за сите. Понекогаш мислиме, дека Бог на светителите им дава повеќе дарови, отколку на останатите, но тоа не е точно. Христос подеднакво ги сака сите свои деца, но тие немаат еднаква љубов кон Него. Кога човек чувствува благодарност и верува дека, по Светото Крштение, Божјата благодат пребива во него, тој ја смирува сопствената волја и се очистува за да и дозволи (на благодатта) да се покаже. Кога Божјата благодат дејствува во некоја душа, тоа нè поттикнува да мислиме дека Господ го надарил тој човек повеќе отколку другите. Меѓутоа, вистината е, дека таа душа повеќе Го засакала Христа и со своето смиреноумие допуштила Бог да дејствува во неа и за неа.

Ние не сме ништо подолу од апостолите. Апостолите биле физички поблиску до Христа и Он им помогнал; но, и ние преку благодатта на Светото Крштение од најрано детство Го носиме Христа во својата душа.

Треба да ја ослободиме душата од страстите и да и дозволиме на божествената благодат да пребива во нас. Колку повеќе се очистуваме, толку повеќе и дозволуваме на божествената благодат да дејствува во нас. Кога душата целосно ќе се очисти од сопствената волја и потполно ќе се смири, тогаш таа ќе ја види благодатта Христова и исполнување на сите Негови ветувања.

Бидејќи изразот „очистување на душата“ некако не ми беше познат, често го молев Старецот подетално да ми го објасни. Тој ми даваше да прочитам некои извадоци од Светото Писмо кои ќе ми помогнат да погледнам во себе и да ја видам гнасотијата на мојата душа, и така постепено да започне нејзиното очистување. Ова се дел од тие цитати:

2. Тим. 2, 20-21: Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени, и земјани; и едните се за почесна употреба, а другите за нечиста. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

2. Кор. 7, 1: И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји.

2. Кор. 10, 3-5: Зашто, иако во тело одиме, телесно не се бориме. Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да разрушува тврдини; со него ние уништуваме мудрувања, и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и поробуваме секој разум, за да Му биде покорен на Христа.

Филип. 2, 5-9: Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име.

Мат. 5, 8: Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога.

Мат. 23, 26: Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.

Лука 11, 39: Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.

Извадок од книгата: Јеромонах Христодулос, Старец Пајсиј Светогорец, Велес 2009, 49-53

 

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная