логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Кога сакаш, треба да имаш доверба дека жена ти, дури и кога е далеку, таа тебе ти припаѓа. Ако ја следиш и се плашиш, тоа значи дека вашата врска некаде не е во ред. Решението не е таа да ја промени работата. Ниту да копаш во телефонот и во нејзините тајни. Ќе се уверуваш во тоа од чувството што го имате помеѓу себе, дека вие двајцата сте поврзани.

Кога сакам – прашува некој – треба ли да му угодувам во сѐ на оној што го сакам? „Сакам“ значи ти угодувам кога можам и поставувам граници кога не можам. Љубовта не значи постојано да кажувам „да“, туку ќе кажам и „не“. „Драг мој, сега сум многу уморна, има полнет зеленчук, не можам да приготвам макарони! Но те сакам!“ Ние сме се научиле дека кога сакаш треба постојано да кажуваш „да“. Не е така. Пази ги границите на својата душа, за да преживееш. Но „не“-то што ќе го кажеш, кажи го на поблаг начин. Тоа има многу големо значење. Можеш да го кажеш најтешкиот збор на убав начин и другиот да ти каже: „Благодарам!“, но сопрузите не се научиле да кажуваат „не“ со љубов, туку се трудат да создадат кавга, за да можат да кажат „не“ поудобно.

Кога бев мал и мајка ми сакаше да му каже нешто на татко ми, таа чекаше повод. На пример, имаше проблем со машината за перење или со нешто друго, ќе се скараа и меѓу другото велеше:

-И ако сакаш да знаеш, нема да идам в село! Заборави за оваа година!

А тој ѝ одвраќаше:

– Зошто не кажа од почеток? Тоа сакаше цело време да ми го кажеш.

Затоа што како да кажам „не“ на мирен начин? Треба да се скараме! Тоа е голема тајна.

Една жена, моја роднина некогаш му зборуваше на мажот: „Дури не си заминеш, не ме интересира! Да знаеш!“

Човекот го слушна тоа еднаш, два пати, на крај се случи нешто и најде друга жена, која се однесува со љубов кон него и си замина. Роднината моја го разбра тоа, ми се јави по телефон и плачеше. Ја прашав:

– Зошто плачеш?

– Си замина!

– Ти нели му кажа да си оди?

– Да, но не ги мислев тоа!

– Отсега натаму да се научиш да го кажуваш тоа што го мислиш.

Сакаш љубов, барај ја, кажи му: „Чувствувам дека не ме сакаш како порано, дека само ми даваш пари и постојам само за да вршам разни работи. Но јас копнеам да се занимаваш со мене, да зборуваме како луѓе, а не само телевизија, весник, спорт, јадење, сон – сѐ формално. Да почувствувам дека има некој кој ме разбира. Ние не зборуваме, не комуницираме и така животот ни поминува. Затоа мислам дека во времето на кризата што ќе ја минуваме наредните години – тоа кое ќе нѐ стопли – е да ја засилиме во домот таа атмосфера на љубовта, која не кошта ништо и е огромно бесплатно богатство“.

Ако двајца млади се вистински вљубени, не ги интересира ниту кризата, ниту домот што може и да го немаат, ниту нешто друго. Затоа што ја чувствуваат таа топлина и велат: „Не ме интересира, те имам тебе!“ Кога ќе го почувствуваш тоа, ти си најсреќниот човек. Кога ќе седнеш со едно детенце и го гледаш дека се смее, тука не станува збор за пари, туку е една насмевка. Една прегратка не чини ништо, една песничка е бесплатна , да кажеш една шега дома, да се насмееш, да зрачиш среќа, да не ропташ. Тоа е она што значи љубов. Поддржи го детето. Кога детето гледа дека родителите му се скарани и разочарани, без да му даваат надеж, како тоа да чувствува: „и јас ќе се борам?“ Заради детето покажи ја оваа љубов која ќе значи поддршка за другиот.

Едно дете кое има многу браќа и сестри во Атина, еднаш ми кажа:

– Отче, ќе ти кажам, горд сум со татко ми!

– Зошто? Зошто го велиш тоа?



– Затоа што чувствувам дека имам татко и тој ме сака. Не неговото телесно присуство, зашто не го гледам многу, цел ден е на работа, но тоа малку време во кое го гледам, чувствувам дека се грижи за мене, ме сака, ме поддржува. Кога се разочарувам во животот, мислам за него и велам: како што тој успева, така и јас ќе успеам!

Тоа е голем придонес за твоето дете и за самиот тебе. Еден монах во Света Гора ја прашал Богородица: „Што значи тоа што станав монах?“ А Таа му одговорила: „Значи да се осветиш заради сите луѓе“. Односно, ти стани свет за твоето дете, за другите, да те видат дека им помагаш со твоето присуство. Тоа е големо нешто. Да живееш, и после 100 години умреш и сите да го помнат тоа нешто. „Беше убав човек, имаше љубов“. Да не речат имаше пари (или немаше пари, тоа е друга тема), туку да велат: „Имаше љубов!“ Дури детето и да се замеша во нешто, тоа да знае дека мајка му го сака! „Јас земам наркотици, но имам мајка којашто ме сака“.

Мајката прашува:

– Кога ќе се промени моето дете?

– Кога Бог ќе сака!

– Сакам да го видам тоа додека сум жива.

– Може да не стигнеш да го видиш. Може да дојде да ти каже: „Благодарам за твојата љубов“ на твојот гроб со цвеќе и да ти каже: „Мамо, во животот те јадосував, но се променив, макар и по твојата смрт, зашто ти ме сакаше!“ Кога сакаш, љубовта никогаш не се губи.

Многу се вознемирувам кога гледам разделени во својата врска мажи и жени. Ги прашуваш:

– Како сте? Како ви оди бракот?

– Како да оди? Ќорсокак – ми кажа некој. Не постои излез, од каде да излезеш. Крај!

Јас му реков:

– Многу се натажувам што го кажуваш тоа. Прави го тоа што го правиш со љубов, или воопшто не го прави.

– Што, да се разведам ли?

– Види, тоа не е лесно решение. Стори нешто пред да стигнеш до развод за да не стигнеш до него и бракот да оживее. Разводот не е решение, но не е ни решение да си во таква состојба, во тоа мачење. Не треба да станеш маченик насила и да страдаш така. Бог ти го дал бракот за да се насладуваш, да се радуваш, да чувствуваш среќа, да имаш еден човек, да го држиш за рака и заедно да појдете при Бога, во рајот, после сто години, а не да велиш: „Сега што да правам со оваа, што ме снајде?!“

Сакајте ги луѓето кои се до вас, ценете ги вашите деца. Твоето дете е најдоброто дете на светот, какво и да е тоа, твојата жена е најдобрата жена на светот, зашто таа ќе ти помогне, и мажот ти е најдобриот маж на светот за тебе. Исклучете го зборот споредба. Споредбата е пекол. Тоа го направил ѓаволот во рајот, каде им направил споредба на Адам и Ева. „Видете Го Бог, видете се себе си, не ви помага, не ви дава, сака да има власт и слава, а вие да немате!“ Зошто? Јас сум човек. Бог е Бог. Кога ја сакаш својата жена, ја почитуваш и не ја споредуваш со други лица, ќе бидеш посреќен. Твоето дете можеби добило пониска оценка, но тоа е твое дете. Не пречи, толку можело, толку постигнало. И ако може уште, ќе му помогнеме. Помошта не доаѓа ниту со отфрлањето, ниту со навредите, ниту со викање, ниту со клетви, туку со духот на љубовта. Обиди се повторно, дете мое!

Да Го молиме Бога да нѐ насити со љубов. Одлично е да чувствуваш дека си сакано Божјо дете. Сте почувствувале ли дека Бог ве сака силно?

Извор: Бигорски манастир

25-ти август 2018 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная