Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
Свети Нифонт Чудотворец: Пост, Воздржување и Страсти
„Мислам, чедо мое, дека таквите не се поправаат, иако многу постат, бидејќи не внимаваат на јазикот. Кој не ја затвора устата, макар и да пости цело време, не напредува. Оној пак што молчи, лесно ги победува страстите. На пример, демонот те раздразнува со гнев? Немој да проговориш и ќе победиш. Те поттикнува на завист? Не осудувај и си го посрамил, зашто осудата се раѓа од зависта.


Кога оди на суд, ако мисли на Бога и се моли Бог да го спаси, ако е неправедно осуден ќе биде спасен. Ако, пак, е виновен па се покае, ќе биде помилуван, а неговиот престап простен.
Христе, наш Заштитнуку, посети и исцели го Твојот слуга (името) што страда, отстранувајќи од него секаква болест и тешка болка. Подигни го за да може да Те воспева Тебе и непрестајно да Те славослови, по молитвите на Богородица, Ти Кој си човекољубец. Милостив Господи, посети и исцели го Твојот болен слуга (името), кој сега лежи на болничка постела тешко страдајќи,
Господи Исусе Христе, Спасителу и пријателу, те молам да ги водиш и заштитуваш мојот однос со другите луѓе.Дај ми Твојата рака да ме води во милосрдност, верност и учтивост кон моите пријатели.
Еден ден додека одев кон ќелијата на старецот Пајсиј, го сретнав покрај потокот оддалечен околу 500 м. од неговата ќелија. Тој, овој поток го беше нарекол „Нил”. Сечеше костенови дрвја, зашто сакаше да направи мост преку кого луѓето би можеле да го преминат потокот и притоа да не се натопат. Тукушто ја завршуваше работата и се подготвуваше да се врати назад во ќелијата,
Инаку тоа- јас тебе ти мене- е одраз на племенска свест и основа за коруција. Затоа јас велам да за племенските народи во кои ги вбројувам и Србите, корупцијата е нешто природно. Сепак , не треба да заборавиме дека ние сме повикани да бидеме христијани, а тоа значи да се издигнуваме над својата природа.“
Ако постапиме така, човекот повеќе нема ништо да сака да ни каже. Тоа е искуството на општењето и ние како родители треба да им дадеме на децата чувство дека во секој миг можеме да ги сослушаме, без да се разгневиме, без да се запрепастиме и дека нема да почнеме да си ги корнеме косите ниту да паничиме, па што и да ни кажат.
Многу жени, а и мажи, за време на исповед велат: „Кога сум сам дома ми е многу убаво, ниту се гневам, ниту се нервирам, имам желба да се молам. Но, кога децата ќе влезат и ќе започнат со викање или мажот ми ќе се врати од работа, тогаш не знам што ми станува, нешто ме обзема!“ Не те обзема – си го имал, сега само излегло на површината. Тоа треба да
Животот е краток и искуството на човекот е ограничено. Должноста на совеста ти вели да го запишуваш она што го гледаш и слушаш, ако истото со текот на времето е способно некому да донесе полза. Еве еден расказ од еден архиереј, кој е достоен да се нарече отец на многумина.
Важи и обратното – кога човек има смирение, тогаш и покрај гревовите што ги прави, и слабостите што ги има, на Бога тој му станува мил и возљубен, и стекнува прошка. Затоа што има смирение, тој ја привлекува Божјата милост. Кога прашале некој светија : што претпочиташ во животот – да видиш добродетелен егоист или смирен грешник? Тој рекол: го претпочитам смирениот грешник.
– Сите ние во Дивеево сме слугинки на Царицата Небесна. А нашиот отец овде е отец Серафим. Тој ништо овде не направи по своја волја, дури ни камче, по неговите зборови, не помести, - така и ние треба постојано да испитуваме, дали е волја на нашата Врховна Игуменија за кои било од нашите започнати работи. Ништо не може да се направи произволно во ова место кое е под покровителство на Божјата Мајка.
Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.























