Здравјето е најголемо богатство
Еден млад човек еднаш се сретнал со својот бивш учител и почнал да му се жали, дека тој е сиромав а повеќето од неговите другари станале веќе богати луѓе.
- Ти ли си сиромав? - го прашал зачудено учителот, - а гледам дека од тебе блика здравје, рацете ти се силни и способни за работа. Ако дадеш да ти ја отсечам десната рака ќе ти дадам два милиони и ќе бидеш богат.
- Бог да чува - одговорил младиот човек - нема сума за која би се согласил.
- А за колкава сума би се согласил да ти ги извадам очите? Или за колкава сума би го дал твојот слух?
Младичот не се согласил за никаква сума да ги продаде очите и ушите.
Тогаш учител му рекол:
- Гледаш ли мил мој, Бог ти дал такви дарови кои што ги надминуваат сите богатства на овој свет.
Избор од фб профил на:
Оливера Соколова Македонска
01.03.2019 лето Господово