Многу христијани, под влијание на световната и безбожна клима на нашата епоха, клима која денес е силно распространета (весници, песни, списанија, спектакли, реклами), го сфаќаат бракот единствено како физички, биолошки, или општествено-економски чин. Сексуалноста има длабоко влијание врз мислата на современиот човек, така што среќата на човекот се определува исклучително и единствено во таа област.


Но немајќи ја духовната будност, постојано е ограбуван и живее во агонијата од чувството на ограбеност која е дело на ѓаволот и неговата неблагочестива логика - неморалот, всушност, анти-моралот, во која, човекот од овој свет, одамна станал вистински виртуоз.Оттаму е и потребата од подготвеност за невидливата борба. За аскетскиот подвиг. За истрајноста во молитвата, постот, покајанието и проштевањето.
Имаше некогаш двајца селани. Се викаа Васил и Рангел. Тие беа родени браќа од ист татко и од иста мајка, но не се сакаа. Штом почина татко им, двајцата го разделија големиот татков двор на два мали двора, па добитокот и нивите и започнаа да живеат одделно.
“Луѓе мои, не смееме од ништо и од никого да се гнасиме и да презираме.
Фарисејот
“...И како што честопати нагласувам: не заборавајте ги луѓето што страдаат. Некако можеме да помогнеме – дали ќе подружиме некого, дали со збор, дали ќе му помогнеме повеќе од тоа, секако ќе има начини. Бог не бара од нас нешто што ние не сме способни, односно не можеме да го направиме, очекува тоа што можеме. Така што, не ги заборавајте оние што страдаат.

Сè што Му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост.
Грешејќи, ние се казнуваме самите себеси, бидејќи опитот на гревот – е опит на умирањето. Грешејќи, ние се оддаваме себеси во ропство на смртта, ја разрушуваме сопствената природа и внесуваме во неа раздор и распаѓање. Бог, како Отец, Кој нè љуби, за да нè запази од гревот, ни дава заповедите и правилата, кои ни го укажуваат правилниот пат на човечкиот живот – патот кој води не во бездната на смртната темнина, туку во светлото Царство на Вечниот Бог.
Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.
Во луѓето, зборот не е празен звук- туку е отпечаток и слика на нивниот дух.
Бог не живее во зборовите, туку во срцата.
























