Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 8)
Излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше при Него, и Он ги поучуваше. И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митинцата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и миогу митници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „3ошто со митници и грешници јаде и пие?“ Кога го чу тоа Исус, им рече: „3дравите немаат потреба од лекар, а болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците - на покајание.“