логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Од „Евергетинос“ – „За покајанието: Никој и никогаш не треба да очајува, па дури и ако има направено многу гревови, туку треба да има надеж дека преку покајанието ќе биде спасен.“)

 
ПОдвижник на молитва
ПОдвижник на молитва

Еден брат, обземен од страста на блудот, грешеше секој ден. Но секој пат, со солзи и молитви ќе паднеше пред Господ и добиваше прошка од Него. И откако ќе се покаеше, наредниот ден, бивајќи повторно заведен од срамната навика, пак ќе паднеше во грев.

Подоцна, откако ќе згрешеше, тој ќе отидеше во Црква, каде што ќе паднеше ничкум пред чесната и почитувана икона на нашиот Господ Исус Христос и со солзи Му се исповедаше на Исуса: „Господи, смилуј се на мене и отстрани го од мене ова страшно искушение, зашто тоа жестоко ме вознемирува и ме повредува со горкиот вкус на задоволствата. О, мој Господару, очисти ме уште еднаш, та да можам да погледнам кон Твојата икона и да Го видам Твојот свет образ и погледот на Твоето лице, посветло од сонцето, та моето срце да биде засладено и благодарно“.

И иако неговите усни штотуку ги прошепотија овие зборови, штотуку ќе излезеше од Црквата тој пак паѓаше во грев.

Но и покрај ова тој не очајуваше за неговото спасение, туку, враќајќи се од грешните дела, ќе се исплачеше во Црквата со истите зборови кон Бог, Господ, Кој го љуби човештвото, додавајќи го следново: „Господи мој, ти се заколнувам дека повеќе нема да го правам овој грев. Само прости ми, Добар и Семилостив Господи, за сите гревови кои сум ги направил од почетокот до овој момент“.

Но штотуку ќе ги кажеше овие страшни зборови, веднаш ќе се најдеше заробен од овој злобен грев. Никој да не престанува да ì се чуди на огромната љубов Божја кон човештвото и на Неговата безгранична добрина, со која Он секојдневно го толерираше непоправливиот и лош престап и неблагодарноста на братот. Навистина, Бог, поради големината на Неговата милост, трпеливо го примаше покајанието на тој грешен брат и неговото неизбежно враќање. Зашто ова не се случуваше само една, две или три години, туку повеќе од десет години.

Го гледаш ли брате, безграничното трпение и бескрајната љубов на Господ? Како Он постојано трпи, покажувајќи кон нас љубов, толерирајќи ги ужасните престапи и гревови? И она што предизвикува вчудовиденост и чудење од богатата милост Божја, е тоа што Он не се разгневи на братот, иако братот, ветувајќи дека нема повторно да падне во грев, постојано си го погазуваше зборот.

Во секој случај, еден ден, кога сè што претходно опишавме пак се случи, братот, откако падна во грев, поита кон Црквата, ридајќи, липајќи и плачејќи со болка, за да ја повика милоста Божја, за Он да го помилува и да го одземе од него гревот на неморалноста.

Но откако ќе Го повикаше Бога Кој ги љуби луѓето, веднаш ѓаволот, злобниот уште од дамнини, уништувачот на нашите души, гледајќи дека нема ништо да добие, зашто што и да стореше преку гревот, братот го бришеше преку неговото покајание, стануваше бесен и видливо се појавуваше пред братот. Застанувајќи пред иконата на Христос, ѓаволот Му рече на нашиот сострадателен Спасител: „Што има меѓу мене и Тебе, Исусе Христе? Твоето сочувство кон овој грешник ме поразува и го зема местото што јас го стекнав, зашто Ти постојано го прифаќаш овој распуштен и блуден човек, кој секојдневно Те исмева и го презира Твојот авторитет. Навистина, зошто не го изгориш, туку попрво, го толерираш и го трпиш?… Тоа е зашто еден ден планираш да ги осудиш сите прељуботворци и распуштеници и ќе ги уништиш сите грешници.

Всушност, Ти не си праведен Судија. Туку поради каприциозност Твојата сила понекогаш ја применуваш благо и ги превидуваш нештата. Па така, иако јас бев фрлен од небесата долу во бездната, поради малку гордост, овој човек овде, иако е неморален и блудник, Ти спокојно покажуваш сочувство, само затоа што тој паѓа ничкум пред Твојата икона.

Тогаш како може да бидеш наречен праведен Судија? Зашто, како што гледам, некои луѓе ги примаш со голема љубезност, но главно ја игнорираш правдата“.

Ѓаволот го кажа сето ова, затруен од голема горчина, додека од неговите ноздри испушташе црн пламен.

Откако ги кажа овие работи, замолкна. Како одговор се слушна глас кој доаѓаше од светиот олтар, велејќи го следново: „О, прелукав и погубен Змеју, уште ли не си задоволен од твојата злобна и деструктивна желба да го сотреш светот? Уште имаш и дрскост, па се обидуваш исто така да го проголташ овој човек овде, кој дојде со скрушеност да ја измоли милоста на Моето сострадание? Можеш ли да ми понудиш доволно гревови, па со нив, да ја натежнеш вагата на правдата наспроти скапоцената крв која ја пролеав на Крстот за овој човек? Гледаш ли ти, кој си убиец и смрт, што поднесов Јас за простување на гревовите?

Ти, кога тој пак ќе му се врати на гревот, не го одвраќаш, туку со радост го примаш, ниту го казнуваш ниту го заштитуваш од правење грев, со надеж дека можеби ќе го придобиеш; но Јас, Кој сум милосрден и ги сакам луѓето, Кој го советував мојот достофален апостол Петар, да ги простува гревовите седум пати по седумдесет (Мат. 18, 22), зарем не треба Јас да му покажам милост и сострадание? Навистина, едноставно зашто тој прибегнува кон Мене, јас нема да го оставам сè додека не го придобијам. Освен тоа, јас бев распнат заради грешниците и за нивно спасение; моите непорочни раце беа заковани на Крстот, така што оние кои сакаат можат да најдат прибежиште во Мене и да се спасат. Поради оваа причина, тогаш, јас ниту отфрлам ниту прифаќам некого, па дури и ако тој паѓа многу пати во денот и многу пати се враќа кај Мене; таквата личност не ќе го напушти мојот Храм тажна, зашто Јас дојдов не да ги повикам праведните, туку грешните на покајание“.

Додека се слушаше овој глас, ѓаволот беше закопан на место, треперејќи и немајќи можност да избега. Пак се слушна гласот кој рече: „Слушнавме дека велиш, Заведувачу, дека Јас не сум праведен; напротив, Јас сум праведен над сè. Во каква морална состојба ќе ја затекнам личноста, во таа и ќе ì судам. Види го овој човек кој пред малку се покаја, се одврати од гревот и падна пред моите нозе со искрена одлука да го напушти гревот, и така те победи.

Затоа Јас веднаш ќе го примам и ќе му ја спасам душата, затоа што тој не изгуби надеж во неговиот тежок труд за спасение.

Види колку многу вреди тој пред Мене преку покајанието, за што и ќе биде награден. А што се однесува до тебе, твојата омраза нека биде распарчена и ти да бидеш посрамотен“.

Додека го кажуваше ова, покајаниот брат се фрли пред иконата на Спасителот. Со лицето на подот и ридајќи, тој Му го предаде духот на Господа. Во истиот момент кога покајаниот брат се престави пред Господ, огромна бура падна врз Сатаната, како оган од Небесата, и го проголта.

Од овој настан, браќа, да се поучиме за безграничното сострадание Божјо и за Неговата љубов кон човекот – добар Господар имаме – та никогаш повторно да не се обесхрабруваме од нашите гревови, туку попрво со ревност да се грижиме за нашето спасение.

Превод од англиски јазик:

Свештеник Јани Мулев

Православна светлина бр.14

 Преземено од:

https://crkvaveles.wordpress.com/2013/10/10/golema-bozja-ljubov/?fbclid=IwAR2SjEUKMr94PlAqutvhx59ep_EpQCOBD-soUwUeT5DcfK6VNKugDf-KHaI

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная