Како да дознаеш живееш ли ти по волјата Божја?
Еве признак: ако жалиш за нешто, значи не целосно си се предал на волјата Божја. Оној кој што живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако нешто му е потребно, тој и себе и потребата ја предава на Бога; и ако не ја добие, посекако останува спокоен, исто како да ја има. Душата која што се предала на волјата Божја од ништо не се плаши: ни од закана, ни од разбојници, од ништо.
Што и да се случи таа вели: „така на Бога Му е угодно“. Ако е болен тогаш вака размислува: значи на мене ми е потребна болеста, инаку Бог не би ми ја дал. И така го сочувува мирот во душата и во телото.
Свети Силуан Атонски
Извор: ФБ профил на:
Ivica Trajkovic
27ми декември 2018 лето Господово