Не можам баш најдобро да разберам... како абортусот е право на жената?
Зборуваме за правото на лицето кое ги одзема на другиот сите права, и на прво место правото на живот ...
На крајот на краиштата, ако тоа дете не е "ништо", како и зошто се трга, убива тоа "ништо"? Можно ли е да се ослободи од нешто што го нема? А ако го има како е тоа "ништо"?
Ако веќе се бориме за некаква еднаквост, за престанок на насилството и злоставувања, зошто ги одземеме на своите неродени деца правата, ги плаќаме нивните злоставувања, убивања? И затоа сме еманципирани, модерни, независни, рамноправни? Рамноправни со кого? Со убијците?
Попрво би да припаѓам на оние жени кои се откажуваат од своите права заради животот на детето, отколку од детето заради своите права.
За да разбереме дека детето не е "ништо" или "нешто", очигледно треба и самите да бидеме "некој".
Богородичен венац