Љубовта не покажува со прст, туку прегрнува

Колку лесно го вперуваме прстот кон другиот! Ги осудуваме неговите падови, ги броиме неговите грешки, заборавајќи дека сите сме создадени од истата кршлива материја. Од земја, солзи и жед за љубов.
Сè додека не дојде болката и не ги разниша нашите цврсти уверувања. Тогаш вперениот прст се спушта и се допира до нашите гради. Таму каде што се кријат нашите неискажани рани.
И тогаш се случува чудото. Раката што некогаш категорично покажувала со прст, сега се подава и станува прегратка. Осудувањето отстапува место, а милосрдието почнува да се раѓа.
Можеби токму тоа е најтешката лекција на љубовта: во лицето на другиот да не ја гледаш неговата грешка, туку образот Божји, кој не престанува да свети дури и среде урнатините на неговиот живот.
Зашто Бог не нè создал за да си ги покажуваме меѓусебно раните, туку за да ги допираме со љубов.
Најискрената молитва е прегратка што не прашува: „Зошто падна?“, туку шепоти: „Тука сум“ — и нема да си заминам сè додека повторно не станеш.
отец Хараламбос Пападопулос
фб Симеон Стефковски
27.10.2026
pp




























