– Еден брат влезе во Црквата без некој непријатен настан или болка, влезе кога сè беше „добро“. Но кога влезе, почнаа да се менуваат работите. Од Бога ли се сите „благодети“ кои ги добиваме во животот?
Одговор:
– Не благодетите, НЕ, не доаѓаат од Бога. Знаете колку „добра“ ни носи и ѓаволот, за да нè задржи далеку од Бога? За нас добро е ова што нè води кон нашето спасение. Сите други „добра“ (благодети) да не ги сакаме. Затоа вели апостолот Павле дека ѓаволот доаѓа како ангел на светлината.
На тој брат, пред да стапи во Црквата, сè му врвеше добро. Доволно му беше на ѓаволот тоа што тој беше надвор од Црквата, затоа сè друго му даруваше. Штом стана негов непријател и стапи во Црквата, тогаш се покажа од кого доаѓале сите тие „добра“ што ги имаше… затоа да се бориме (подвизуваме) правилно.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник:
http://www.diakonima.gr
20.09.2018 лето Господово