Не е најстрашно да паднеш, туку да останеш долу
Знам дека често пати се чувствуваш дека не успеваш ништо. Дека пак си паднал во истата страст, истата грешка, во оние кои те прават да се чувствуваш слаб, виновен и непокајан. А си дал ветување пред Бога и пред себе. Си рекол, „никогаш повеќе нема да го направам тоа“. Си коленичел на молитва за тоа прашање со срце полно со болка, но и со надеж, дека нема повторно да се случи.